„Сојуз за Иднината“: Украдените и препишани делови од програмата стојат во годишната програма на Општина Охрид

Во врска со денешните две прес-конференции, кои ги одржаа портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и кандидатот за градоначалник д-р Бакрачески, со реакција излезе и „Сојузот за Иднината“ од каде реагираат дека на овие прес-конференции биле изнесени голем број невистини.

„Без оглед на тоа што јасно, пристојно и во манирите на доброто воспитување побаравме да се има коректност од страна на ВМРО-ДПМНЕ во поглед на реално информирање на граѓаните и не изнесување клевети и лаги, повеќе од јасно е дека или никој од нив не ја сфаќа пораката или пак спинерската машинерија не може да сопре. Сојузот за иднината како коалиција никако не смее да ја преќути дрската манипулација со граѓаните.

Имено, портпаролот на ДПМНЕ денес зборуваше за средношколци на митингот, заборавајќи дека голем број од средношколците имаат по осумнаесет години, со што самите одлучуваат каде и зошто ќе се појават. Меѓу другото ургентно треба да сфатат дека ваквиот медиумски спин никако нема да им ја намали болката за вчерашната поддршка која му ја дадоа охриѓани на градоначалникот Петрески, од секоја воздраст, а не Беровчани, Валандовчани и Скопјани.

Портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, пропушти да каже и дека во првите редови на митингот на Сојузот за Иднината стоеја лицата со посебни потреби, што е многу поразлично од насилно исфрлање  на промоцијата на Бакрачески, на лице со посебни потреби од страна на обезбедувањето на оваа Влада. Постојат и снимки од овој нечовечки чин, што само потврдува дека ова соопштение се темели на аргументи.

Од друга страна, кандидатот  за градоначалник на ДПМНЕ, Др Никола Бакрачески денес зборуваше за олимпискиот без притоа да размисли дека локацијата на која планира да го гради е продадена од страна на Владата на фирми меѓу кои и Фибула, по цена од 1 евро за метар квадратен. Потенцираме дека, во времето кога се продаваше оваа земја градоначалникот Александар Петрески остро се противеше, за што постојат како доказ телевизиски емисии, но власта своеглаво ја продаде поточно подари земјата.

Прашуваме, дали сега кандидатот планира да изгради базен на земјата која Владата ја продаде за 1 евро сега ќе ја купува по пазарна цена? Исто така прашуваме дали кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник Бакрачески, знае дека земјата на која му го нацртале базенот има приватен газда ?

Нејасностите пак кои ги има кандидатот околу деловите од програмата за кои тврдиме дека се украдени и препишани може  да се  разјаснат со едноставно разгледување на годишната програма на Општина Охрид која е изгласана на седница на советот, (што е недопустиво ако не го имате  направено тоа), или пак  во најмала рака можевте да  прашате некој од актуелните советници од ДПМНЕ, кои се сведоци на нејзиното гласање. Покрај другото, сакаме да ви испратиме порака дека секогаш сте добредојдени во просториите на Општина Охрид и  нема никаква   потреба  да ги чекате изборите за да ја погледнете  годишната програма. Така ќе биде и кога повторно ќе го добиеме мандатот.

Сепак, неиформираноста и сокривањето на вистината немаат оправдување, па дури и тогаш кога се пристојно спакувани и сокриени позади параванот на љубезноста. Во текот на оваа кампања Сојузот за Иднината ќе реагира само аргументирано и никако поинаку“. – стои во реакцијата на „Сојузот за Иднината“.

WebOhrid