Пановски: Мора да има промени, сега е прашањето или Охрид ќе допотоне или ќе се воздигне

СДСМ и Петрески вчера презентираа тнр. Програма за Охрид. Презентацијата им беше иста какви што им беа изминативе 8 години, закани, лаги, манипулации. Со вицеви и навреди не се води Охрид. Никаква реална идеја, никаква иднина за Охрид. А програмата, само извор на желби, несериозност и комичност. Ве молам да ги споредите стратегиите, проектите, роковите, финансиската конструкција на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и она што е набзрина и несериозно напишано во оваа тнр. програма на СДСМ. И зад таа тнр. програма, а ни се нудат кадри кои 4 години наназад ги донесоа најштетните одлуки за Охрид во Советот. После 2900 денови на власт во Охрид, пред граѓаните да излезете со ваква белешка е понижувачки кон Охрид“. – истакна на денешната прес-конференција Дејан Пановски, кандидат за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Таканаречената програма како што рече Пановски, претставувала повторување на досегашните неостварени ветувања без објаснување како тие би се оствариле во иднина и зошто 8 години не ги оствариле во Охрид, програмата била тотално дисфункционална со реалноста, без буџет, полна со небулози и со понудата за истите комунални зафати кои секоја година се нудат во годишните програми на Општината.

„ВМРО-ДПМНЕ туризмот во Охрид подразбира новини за развој и промоција на најразлични видови туризам и изградба на објекти, центри и инфраструктура. СДСМ туризмот ќе го развиваат со цитирам „целосно разбирање ка клучните правци за развој на туризмот и туризам во сите негови облици кои за СДСМ значи специјализирани земјоделски и сточарски фарми и правни и консултански услуги, страна 9“. За ВМРО-ДПМНЕ економскиот развој подразбира капитални инвестиции, индустриска зона и реални вработувања, а СДСМ  и после 8 години зборува дека ќе направи 3 катни гаражи. По една во мандат да направеа сега ќе имаше за правење само уште една. Да имаше барем направен затворен пазар, базен, автобуска, улици, фонтани, сега ќе зборувавме за други инвестиции. После 8 години ништо во Охрид, навистина е време, ама време за промена и време за други луѓе, идеи и пристап“. – додаде Пановски.

Пановски рече дека сега одлуката е на граѓаните, дали и во наредните 4 години пак ќе се зборува за незнаење, неодговорност, немање проекти и немање инвестиции во Охрид  и дали ќе се дозволи да се развива нова фаза за напредок на Охрид, дали ќе се зборува за црна иднина на Охрид или за туристички бум и бисерност. 

„Ние сакаме со нашата Програма и нашите кандидати да покажеме дека Охрид може и мора да биде поинаков. Мора затоа што Охрид неможе да издржи уште 4 години неработење и инаетење. Во Охрид мора да настапат промени. Сега е прашањето или Охрид ќе допотоне  или ќе се воздигне. Затоа, споредете ги програмите и кандидатите, променете го Охрид  и дајте му шанса да живее како нормален град кој оди напред“. – нагласи Дејан Пановски.