Сениорките во група против Италија, Шведска и Хрватска во квалификациите за ЕП во кошарка

Сениорките ќе го започнат својот поход кон Европското првенство в ноември, против селекциите на Италија, Шведска и на Хрватска . Денес беше одржан ждребот на кој беа поделени 32. земји кои ќе земат учество на квалификациите за континенталното првенство. Вкупно 34 земји пријавија учество, а Латвија и Србија како земји-домаќини на групните фази беа изземени од ждребот и автоматски се квалификувани на првенството. На нив ќе им се придружат уште 14 земји кои в ноември ќе ја започнат битката за пласман на Европското првенство. Првите два натпревари од евроквалификациите ќе…

повеќе...

Одбојкарите поразени во финалето

Македонската одбојкарска репрезентација трета година по ред останува без златен медал во финалето од Европската лига. Оваа година пречка за нашите беше репрезентацијата на Украина. Украина ги доби првите два сета со 25:15 и 25:22 со што поведе со 2:0. Македонија успеа да го добие третиот сет со 24:26 и да намали на 2:1. Но, Украина го доби и четвртиот сет со убедливи 25:13 со што оствари триумф од 3:1 на овој натпревар и го освои златото во Европската лига оваа година. WebOhrid

повеќе...

Македонската одбојкарска репрезентација се пласира во финалето од Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација забележа победа против домаќинот на Ф4 финалниот турнир од Европската лига – Данска. Данска поведе со 2-0 во сетови, но нашите одбојкари не само што успеаа да изедначат, туку и го добија петтиот сет, за целосен пресврт на натпреварот и обеда од 2-3. Со тоа Македонија успеа да се пласира во финалето од годинешното издание на Европската лига. Финалето се игра утре во 19:00 часот, каде Македонија ќе игра против Украина. WebOhrid

повеќе...

У21 ЕУРО 2017: Македонија претрпе пораз и од Португалија

Македонската репрезентација до 21 година го заврши настапот на Европското првенство во Полска со пораз од Португалија. Во третиот круг од Б групата Македонија загуби со 2:4 од Португалија. Македонија и Србија освоија по еден бод во групата, во која Шпанија оствари максимални три победи, Португалија е на второто место со шест бода. Енис Барди во 40. минута упати вистинска бомба од 25 метри во спротивниот агол на противничкиот голман, а португалецот Варела беше немоќен за првиот гол на Македонија на вечерашниот натпреавар. Кире Маркоски во второто полувреме го постигна…

повеќе...

У21 ЕУРО 2017: Македонија одигра 2:2 против Србија

Македонската репрезентација до 21 година одигра 2:2 на дуелот против Србија од второто коло од Б групата на Европското првенство во Полска. Енис Барди во 63. минута го постигна првиот гол за Македонија на Европското првенство. Никола Ѓорѓев во 83. минута го постигна вториот погодокот за Македонија. Србија се спаси од пораз во 89. минута. Во првото полувреме нашата репрезентација единствено преку Енис Барди се обиде да го загрози голот на Милинковиќ – Савиќ. Нашиот фудбалер од средниот ред во осмата и во 43. минута шутираше од далечина, но голманот…

повеќе...

Одиграно финалето од турнирот во мал фудбал за јуниори во Велгошти

Изминатиов викенд во Велгошти се одржа финалето од турнирот во мал фудбал за јуниори, на кој учествуваа 20 екипи од Охрид и Струга. Организатори на турнирот се Климент Калачоски и Димитар Балески со помош на директорот на ОУ „Живко Чинго“ – Ѓоко Чингоски. Синоќа се одиграа финалните натпревари. Во борбата за трето место, екипата на Црногорци забележа победа од 3:2 против тимот од Лескоец. Првото место го освои екипата Beast, која со 5:2 го совлада Boss Burger. На овогодинешниот турнир беа доделени парични награди и пехари. Прво место – пехар,…

повеќе...

Висок пораз од Шпанија на нашиот прв натпревар на У21 ЕУРО 2017

Македонската репрезентација загуби со 5:0 од Шпанија на првиот натпревар на Европското првенство во Полска. Македонија одигра одличен натпревар, речиси во секоја статистичка категорија бевме израмнети со Шпанците, посебно во првото полувреме, но недостасуваше спортска среќа да се радуваме, макар на погодок. Од друга страна, противникот погоди по речиси секој удар кон голот на Алексовски. Македонија по еден час игра имаше повеќе удари кон голот на Шпанија, повеќе корнери и двојно повеќе напади. Но, на крајот Шпанија победи со незаслужено висок резултат. Mакедонија прва се закани кон голот на Шпанија.…

повеќе...

Сигурна победа на македонските одбојкари против Албанија

По синоќешната победа од 3-0 против Азербејџан, македонската одбојкарска репрезентација денес забележа уште една победа во рамките од натпреварите од Европската лига. Овој пат, нашата репрезентација со 3-0 ја совлада репрезентацијата на Албанија. Првиот сет Македонија го доби со 25-21, вториот со 25-16, додека пак третиот со 25-22. Следниот натпревар Македонија ќе го игра утре против Шведска, со почеток во 19:30 часот. WebOhrid

повеќе...

Започна аплицирањето за билети за УЕФА Супер Куп натпреварот кој ќе се игра во Скопје

Од денес до 4 Јули можете да аплицирате за билети за УЕФА Супер Куп натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на 8 Август во Скопје, единствено преку UEFA.com (порталот за билети). Фановите можат да аплицираат за билети за УЕФА Супер Куп натпреварот помеѓу Европскиот шампион Реал Мадрид и УЕФА Европа Лига победникот Манчестер Јунајтед, натпревар кој ќе се одигра на Националната арена Филип Втори на 8 Август во 20:45 часот. УЕФА Супер Куп билетите се достапни единствено преку UEFA.com. Сите заинтересирани можат да поднесат барање за билет пред крајниот…

повеќе...

Македонија 1:2 Шпанија

Нашата најдобра репрезентација претрпе минимален пораз од 1:2 од Шпанија во 6-иот квалификациски натпрвар од „Г” групата за Светското првенство 2018 во Русија. Нашите репрезентативци во првиот дел не беа на потребното ниво, а тоа квалитетните Шпанци го материјализираа со два гола. Најпрво во 15 минута Давид Силва доби топка шеснаестерецот и од десеттина метри успеа да го совлада голманот Столе Димитриевски за водство на гостите. Шпанците го удвоја во 27-та минута кога Иско продре по десната страна и асистираше на другата страна до осамениот Диего Коста, кому не му…

повеќе...