Посебен сообраќаен режим за возила и пешаци на сообраќајниците што водат кон „Телеком Арена“

Во врска со одигрување на утрешниот (11.06.) меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Шпанија, на фудалскиот стадион “Телеком арена“ во Градскиот парк со почеток во 20.45 часот, СВР Скопје, согласно планот за сообраќајно и физичко обезбедување, утре во периодот од 15,00 часот ќе воведе посебен режим на сообраќај на возила и движење на пешаците во деловите од градот во непосредна близина на Градскиот парк. Односно ќе биде ограничено движењето на возилата по следните улици кои водат кон фудбалскиот стадион: Бул. “Илинден“, ул. “Ристо Шишков“, ул. “Аминта 3-ти“, ул.…

повеќе...

Против Шпанија навивачите на јужната трибина ќе формираат мозаик со македонско знаме

На натпреварот Македонија – Шпанија на 11. јуни (недела) во 20:45 часот на секое седиште на јужната трибина ќе бидат поставени картони во црвена и во жолта боја со кои ќе се формира македонското знаме. За време на интонирањето на химната на Македонија и пред второто полувреме, со кревање на картоните, гледачите од блоковите 2, 3, 4 и 5 на јужната трибина на Националната арена ќе го формираат знамето на Македонија. Влезниците во продажба по цена од 200, 500 и 800 денари преку продажната мрежа на mktickets, официјалниот штанд на…

повеќе...

Македонија 0:0 Турција

Македонската А репрезентација одигра без голови, 0:0 против Турција на контролниот натпревар на Националната арена во Скопје. Трет меч во низа Македонија е без примен гол и без пораз по победите над Лихтенштајн и Белорусија. Избраниците на Игор Ангеловски го надиграа силниот противник, но немаа среќа да ѝ се радуваат на победата. Дадовме два гола, но ни беа поништени поради офсајд. Најдобрата прилика за триумф ја имаше Иван Тричковски во 88 минута, но голманот Бабакан ја спасуваше од пораз екипата на Фатих Терим. Даниел Мојсов во 19 минута по центаршут…

повеќе...

РК Вардар е шампион на Европа

Ракометниот клуб Вардар е шампион на Европа. Синоќа во финалето од Лигата на шампиони, со гол во последните секунди од натпреварот Вардар го победи ПСЖ со 24-23, со што нашиот најтрофеен ракометен клуб ја израдува целата македонска јавност. Вардарци испишаа историја во македонскиот ракомет, освојувајќи го најелитното европско ракометно злато. WebOhrid

повеќе...

Македонија на 136 место на ФИФА рејтинг листата

Според најновата ФИФА рејтинг листа Македонија забележа пад од -3 места и сега се наоѓа на 136 место. Шанса за подобрување на рејтингот нашата репрезентација ќе има на 5 јуни на пријателскиот натпревар против Турција, како и на квалификацискиот натпревар против Шпанија на 11 јуни, се разбира доколку биде забележан позитивен резултат. Следниот рејтинг ќе биде објавен на 6 јули. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде остануваат Бразил, Аргентина и Германија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Нов Зеланд од +17 места се искачи на 95 место.…

повеќе...

Утре започнува спортската манифестација „Охрид трчаТ“

Останува само еден ден од официјалниот почеток на долгоочекуваната спортска манифестација „Охрид трчаТ“. Неделата на трчањето, забавата и дружењето започнува утре со почеток од 10 часот со трката на 1000 метри за учениците од основните училишта поточно од деветто одделение. Трката ќе се одржи на Кеј Македонија во цела нејзина должина со старт во 10 часот пред споменикот на Ден Долард на самиот почеток на Кејот, а ќе заврши пред споменикот на Св Кирил и Методиј. Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ школската трка ја организира заедно…

повеќе...

Селекторот Милевски објави два списоци, едниот со 17 фудбалери за ЕП, а другиот со новата генерација 1996/97

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски на денешната прес–конференција објави два списоци за репрезентативните собири на Македонија до 21 година. Едниот е со 17-ет играчи кои ќе патуваат на Европското првенство во Полска, а другиот е со новата генерација 1996/97, која се подготвува за циклусот квалификации за пласман на ЕП во Италија. Од тој список, Милевски ќе повика шест или седум фудбалери кои ќе патуваат за Полска. На списокот на фудбалери кои се сигурни за континенталниот собир во јуни нема големи промени. Имињата се истите кои го понесоа товарот…

повеќе...

Летечкиот Иџе на прием во Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за најдобриот автомобилист во Македонија, победникот од Нирбургринг, Игор Стефановски – Иџе, кој резултатите од последните две трки го внесоа во борбата за европската титула. Лидерот на табелата, Кристјоханес Шрајбер, благодарение на пол позицијата освои три бода на оваа трка, а во двете возења остана без бодови поради дефект. Така тој стигна до 44 бода, Петр Фулин има 43, а Стефановски е трет со 33 бода. „Сите знаат колку е тешка оваа патека долга 26 километри, практично една голема ридско-брзинска…

повеќе...

Македонија ќе игра пријателски натпревар против Турција на 5 јуни во Скопје

Македонската А репрезентација на 5 јуни ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Турција на Националната арена во Скопје. Против селекцијата на Турција имаме одиграно седум натпревари со биланс од една победа, реми и пет порази. Во 1994 и 1995 година двапати загубивме на контролни пресметки со 0:2 и 1:2, а во квалификацискиот циклус за СП 2002 година на „Градски“ загубивме со 1:2, а на гостински терен одигравме 3:3 (Артим Шакири, Игор Саша Николовски и Жарко Серафимовски). Во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2004 во Португалија повторно бевме во…

повеќе...

Успешна учебна година на спортската секција при ОУ „Христо Узунов“

Спортската секција при ОУ „Христо Узунов“ – Охрид во изминатава учебна година имаше завидни резултати во одделни спортски дисциплини, на ниво на општина Охрид. Училиштето ги има постигнато овие резултати по спортски дисциплини: АТЛЕТИКА – женски (пионерки) 1. Марија Устијаноска – Освоено Прво место во дисциплината 300 метри 2. Стефанија Ристеска – Освоено Прво место во Скок во далечина 3. Марија Петреска – Освоено Трето место во дисциплината Фрлање ѓуле 4. ОУ Христо Узунов – Освоено Прво место во Штафетно трчање 4×60 метри АТЛЕТИКА – машки (пионери) 1. Филип Ѓоргоски…

повеќе...