Осветен храмот „Покров на Пресвета Богородица“ во Лешани

Денес, во 21 Недела по Педесетница, во Неделата на светите Отци, и на празникот на преп. мч. Лонгин Антиохиски и на преп. Лонгин Печерски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, изврши осветување на параклисот посветен на празникот Покров на Пресвета Богородица, во манастирот „Сите Светии“ во с. Лешани, општина Дебарца, Охрид. Параклисот започна да се гради во 2012 година, а се изгради со манастирски средства и со донациите на сите добронамерни верници. По осветувањето, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на…

повеќе...

ДИК: До 13 часот излегле 24,38 отсто од гласачите

Вкупната излезност во 35 општини каде денеска се избира градоначалник во вториот круг до 13 часот изнесува 24,38 проценти. Толкав процент од гласачите излегле на 1.514 избирачки места кои всушност се 99,8 отсто од местата каде се гласа, соопшти портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска. Еве проценти за излезноста во некои од општините. Во Виница до 13 часот гласале 30,14 од избирачите. Во Гази Баба 26,48 отсто, во Гостивар 19,43 проценти. Излезноста во Демир Капија е 48,91 отсто, а во Кавадарци е 39,4 проценти. Во Кисела вода гласале 27,99…

повеќе...

Нема посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција. „Регистрирани се три случаи на фотографирање на гласачко ливче, нешто што се случуваше и во првиот круг кога имавме 10 вакви случаи. Еден случај е во ОУ „26 јули“ во Шуто Оризари, вториот е во населбата Црниче во Скопје и третиот во Пробиштип. Апелираме до граѓаните да не ги фотографираат гласачките ливчиња затоа што со тоа го кршат законот“ – рече…

повеќе...

Расфрлани летоци за време на изборниот молк во Мислешево

Синоќа во 21:50 часот во с.Мислешево, струшко, поточно на неколку места до самиот пат и во близина на раскрсницата за селото, од страна на полициски службеници биле пронајдени расфрлени летоци со содржина за еден кандидат за градоначалник на Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

повеќе...

Плакета за ОУ „Христо Узунов“ за придонес во аматерскиот документарен филм

На 27-28.10.2017 год. се одржа 25-от Интернационален фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм – CAMERA 300 во Битола. На истиот, учествуваше и училиштето ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, со три филмови: „Билјана платно белеше“ од авторот Ивана Пројческа, „Живот и дело на Христо Узунов“ од авторот Христина Митреска и „Сјајот на Охридското Езеро“ од авторот Евгенија Стојановска, а сите под менторство на наставничката Вера Зороска. Фестивалското жири на целиот тим од училиштето му додели специјална награда Плакета за придонес во аматерскиот документарен филм. Во официјална проекција беше филмот „Билјана платно…

повеќе...

Светиот маченик Лонгин и Преподобен Лонгин Трудољубивиот

Светиот маченик Лонгин Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на Господ вели: „А стотникот и оние што заедно со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и с ѐ друго што стана, се уплашија многу и говореа: „Навистина овој бил Син Божји“ (Матеј 27, 54). Тој стотник беше овој блажен Лонгин, којшто со уште двајца свои војници поверува во Христа. Тој беше старешина на војниците што присуствуваа на распнувањето на Господ на Голгота и старешина на стражата што го чуваше гробот. Кога еврејските старешини дознаа за Христовото воскресение, ги…

повеќе...

АВ Охрид го совлада Кожув

Во рамките на четвртото коло од Првата македонска кошаркарска лига, екипата на АВ Охрид ја забележа втората победа оваа сезона. АВ Охрид на домашен терен го совлада Кожув со 86-74. Охрид – Кожув 86-74 (16-18, 19-22, 23-16, 28-18) АВ Охрид: Крег (24 поени), Бери (18), Михајловски (14), Донески (9), Лефкоски (7), Јанески (6), Глигоријевиќ (4), Лаим (2), Цого (2). Кожув: Пековиќ (23 поени), Мишковиќ (15), Шалев (13), Петров (10), Тодоровиќ (5), Тасков (4), Апостолов (3), Ангелов (1). WebOhrid

повеќе...

Несторовски со два голови го однесе Палермо на врвот од Серија Б

Илија Несторовски постигна два голови за Палермо и му донесе победа на неговиот клуб од 2:0 против Ентела. Првиот гол Несторовски го постигна во 23 минута од пенал, додека пак вториот го постигна во 48 минута од слободен удар од над 20 метри. Во 87 минута од игра излезе Несторовски, а на негово место влезе Александар Трајковски. Со оваа победа Палермо се искачи на врвот од Серија Б, додека пак Несторовски е втор на листата на стрелци со 8 постигнати голови. WebOhrid

повеќе...

Претседателот Иванов на средба со делегација на Евангелско Протестантската Иницијатива

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими делегација на Евангелско Протестантската Иницијатива по повод 500 години од Протестантската Реформација. Делегацијата беше предводена од Генералниот секретар на Светската Евангелска Асоцијација, епископот Ефраим Тендеро и Претседателот на Меѓународниот совет на Меѓународната асоцијација за човековите права, Проф. Томас Ширмахер. За време на средбата, Претседателот Иванов изрази задоволство што ќе биде покровител на свечената академија по повод 500 години од Реформацијата. Тој ја истакна улогата на Република Македонија во промовирањето на меѓурелигиски дијалог преку Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации и Светските…

повеќе...

Во понеделник ќе се одржи втората Научна Конференција за Аерозагадување

Повеќе од 50% од светската популација живее во градовите, а според Светската Здравствена Организација дури 92% од луѓето кои живеат во градовите дишат загаден воздух. На глобално ниво, аерозагадувањето е причина за 36% смртни случаи од рак на белите дробови, 34% смртни случаи од инфаркти, 27% смртни случаи од срцеви заболувања и претставува сѐ посериозен проблем. Аерозагадувањето е директно поврзано со климатските промени кои се причина за екстремните временски услови со кои е соочен светот. Токсичните материи во воздухот се главна причина за климатските промени. Од овие причини, сѐ поважно…

повеќе...