Заканите изразени преку активности на поединци и групи од позиции на верски радикализам или екстремизам со елементи на тероризам, бараат координиран одговор, регионална соработка и постојана надградба на нормативните и институционални капацитети, како и градење на заедничка безбедносна стратегија за справување со предизвиците. Овие констатации произлегоа како заеднички став на министрите за внатрешни работи на Р. Македонија и Р. Албанија, Гордана Јанкулоска и Самир Тахири, кои се сретнаа денеска во Тирана. Двете страни се согласија околу потребата од формирање на оперативни тимови кои би работеле на тоа поле и создавање…
повеќе...Tag: министерка
Министерството за култура ја доби наградата „8-ми Септември“ од општина Крушево
На Министерството му е доделено признанието за неговиот придонес во унапредувањето на културата и на условите за развој на туризмот во Крушево, кој оваа година ја носи и титулата „Град на културата во Република Македонија“. Одлуката ја донесе Советот на општината, а наградата и беше врачена на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска од страна на градоначалникот Ѓорѓи Дамчевски, на свечена седница. Министерката Канческа-Милевска истакна дека наградата е големо признание за заложбите на сите во Министерството за култура во изминатиот период за промоција на културно-историските знаменитости на Крушево и за збогатување…
повеќе...На 35-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе бидат прикажани премиери на два македонски филмови
На програмата на Фестивалот се и премиерите на два македонски филмови: „До балчак“ на режисерот Столе Попов, кој ќе биде прикажан на вториот ден од фестивалот и „Деца на сонцето“ на режисерот Антонио Митриќески – за затворањето на годинашниот ИФФК. Официјалната програма, селектирана од Благоја Куновски-Доре, донесува најнови филмови прикажани на престижните светски фестивали во Берлин, Кан, Венеција, Карлови Вари, некои од нив наградени. Според селекторот, со изборот на проверени уметнички креации, во силната конкуренција на главната програма сите кинематографери се потенцијални кандидати за наградите, за кои ќе одлучува интернационално…
повеќе...Работен состанок на министрите Јанкулоска и Бесими
Во пресрет на есенскиот Извештај од Европската комисија, а во рамки на ЕУ Агендата 2014 на Секретаријатот за европски прашања, денес во МВР министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска имаше работна средба со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за Европски прашања д-р Фатмир Бесими, во придружба на секторите задолжени за ИПА и евроинтеграциии. На средбата се разговараше за статусот на реализација на реформите во областа на внатрешни работи со посебен акцент на Поглавјето 3.24 Правда, слобода и безбедност, кои се од клучно значење за евроинтеграцискиот процес…
повеќе...Министерката Канческа-Милевска оствари средба со амбасадорот на Израел во Македонија, Ориан
Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска оствари работна средба со Дан Ориан, новоименуван амбасадор на Државата Израел во Република Македонија. На средбата, на која присуствуваше и заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ, беа истакнати добрите културни врски што ги негуваат Израел и Република Македонија, кои се одликуваат со реализација на голем број проекти од сите дејности на културата. Соговорниците потсетија дека во 2004 година Република Македонија и Државата Израел ја регулираа соработката во областа на културата со потпишување на Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Израел за соработка…
повеќе...Премиерот и министерката за култура во обиколка на локациите за промоција на културно наследство и туризам во Охрид
Премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ги посетија локациите низ Охрид каде се завршени или е во тек реализацијата на проекти насочени за промоција на богатото културно наследство во градот, но и за унапредување на културниот туризам во регионот … „Во Охрид ги промовираме фасадите на три објекти во централното градско подрачје кои се целосно завршени во рамки на проектот за обнова на фасади во старите градски јадра низ земјата. Во изминатиот период се завршени уште седум објекти, со целосно реновирани фасади меѓу кои и куќата…
повеќе...Едукативни флаери за возење во летниот период
Министерството за внатрешни работи во соработка со Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Јавното претпријатие за Државни патишта, продолжуваат заеднички да ја спроведуваат сообраќајно воспитно-едукативна акција, „Летна кампања 2014 година“. За таа цел министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска на наплатна рампа Петровец-Скопје подели едукативно-информативни материјали (флаери) наменети за домашните возачи учесници во сообраќајот. Согласно програмата за реализација на оваа кампања, целна група на денешнава акција се домашните возачи учесници во сообраќајот при што од денеска на патарините во Република Македонија ќе отпочнат да се делат…
повеќе...Поддршка за превод на 16 македонски дела од странски издавачи
Министерството за култура ќе поддржи 16 проекти на 15 автори за превод на македонски дела на странски јазици, информираше министерката Елизабета Канческа-Милевска. На прес-конференцијата во Струга таа рече дека има голем интерес од странските издавачки куќи за превод на дела од македонски автори. Во Министерството за култура пристигнале 36 апликации од издавачки куќи од 15 земји: Канада, Полска, Чешка, Хрватска, Србија, Руска Федерација, Германија, Словенија, Белгија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Турција, Бугарија и Украина. „Конкурсот за странски издавачи е една од најкрупните реформи во областа на издавачката дејност во Република…
повеќе...Средба во Спомен-домот на браќата Миладиновци
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга оствари работна средба со претседателот на Фондацијата на туркофонијата од Анкара, Република Турција, Јахја Акенгин, поет и учесник на 53. издание на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. На средбата, на која присуствуваше и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Владо Камбовски, како и раководството на Националната установа „Струшки вечери на поезијата“, стана збор за досегашните односи во областа на културата меѓу Република Македонија и Република Турција, кои, како што нагласи министерката за…
повеќе...Најмалку пет години затвор за секој што учествува во странска паравојска
Најмалку пет години затвор за секој што на каков било начин учествува во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација, предвидуваат измените на Кривичниот законик што ги предлага Владата, а ќе бидат доставени до Собранието за носење по скратена постапка. Како што соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, согласно измените, најмалку пет години затвор се предвидени и за секој што директно или индиректно ќе нуди, дава, обезбедува, бара, собира или прикрива финансиски средства, фондови и опрема наменети за кривични дела од ваков тип. Со најмалку четири години затвор,…
повеќе...