Бесплатно презентирање на туристичката понуда

Општина Охрид преку Секторот за туризам и локален економски развој ги повикува сите регистрирани приватни станоиздавачи, хотели, ресторани, кафетерии, туристички агенции и другите субјекти поврзани со туризмот, својата понуда и услуги бесплатно да ја презентираат својата туристичка понуда преку веб страницата www.ipult.info. За таа цел потребно е да се испратата информации во форма на текст и слика, кои ќе бидат објавени и на информативните “touch screen“ уреди, поставени на клучни локации во градов, со што на туристите и посетителите им се овозможува брз и лесен пристап до услугите. Воедно се…

повеќе...

Презентација на наоди од квартален мониторниг на буџетска транспарентност од општините од Југозападниот плански регион

Центарот за економски анализи (ЦЕА) и ФОРУМ- Центар за стратегиски истражувања и документација во соработка со ЦОРЗ Дебар, а поддржани од Делегацијата на Европската Унија во Македонија, ќе одржат презентација на наоди од Квартален мониторинг на буџетската транспарентност на Општините Струга, Охрид, Центар Жупа, Дебрца, Дебар и Вевчани. Презентацијта ќе се одржи утре (четврток), со почеток во 14:00 часот во Хотел Дрим- Струга. Настанот има цел да ги посочи наодите од кварталниот мониторинг на буџетската транспарентност за дел од општините од Југозападниот плански регион и да отвори дискусија за начините за…

повеќе...

Јавна анкета и јавна презентација за ДУП за дел од УЗ 2, дел од блок 2.4 – опфат 1, Општина Охрид 2010-2015, Нацрт план

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) и Решението за организирање на јавна анкета и јавна презентација бр. 19-271/1 од 13.01.2015 год. Градоначалникот на општина Охрид, С О О П Ш Т У В А ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДУП за дел од УЗ 2, дел од блок 2.4 – опфат 1, ОПШТИНА ОХРИД 2010-2015, Нацрт план 1. Просторот на планскиот опфат за ДУП за дел од УЗ…

повеќе...

Одржана работилница за презентација на дигитални сликовници и активности во ОУ „Григор Прличев“

Денес во ОУ „Григор Прличев“,  се одржа работилница за презентација на дигитални сликовници и активности која е проект на УСАИД, „Со читање до лидерство“ во соработка со Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. Целта на оваа работилница беше да се презентираат околу дваесеттина дигитални сликовници кои можат да се користат во наставата по повеќе предмети, особено во одделенска настава. Како да се користат дигиталните сликовници, кои покрај илустрации и текст имаат и аудио запис. Преку оваа работилница, користењето на сликовниците можат значително да се збогатат одредени наставни…

повеќе...

Државниот секретар Стефаноски во Брисел – Презентација на годишната националнa програма за членство во НАТО

Во седиштето на НАТО во Брисел, државниот секретар во Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски заедно со државните секретари во Министерствата за Надворешни работи и Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, Елена Кузмановска и Беким Алими, пред заменик-шефовите на Постојаните мисии на земјите-сојузници на Алијансата ја презентираа годишната национална програма за 2015 година на Република Македонија за пристапување во НАТО. Заклучокот на отворањето на 16-от циклус на Акцискиот план за членство (МАП) на Македонија во НАТО е дека Република Македонија направи извонредни реформи во одбраната и е подготвена да стане членка…

повеќе...

Ставрески ги презентираше инвестициските потенцијали на Македонија во Чешка

Економска владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, денеска на бизнис форум во Прага, пред чешката бизнис заедница ги презентираше можностите за инвестирање во Република Македонија. На тркалезната маса „Унапредување на заемните инвестиции и бизнис соработката меѓу Македонија и Чешка“, на компаниите им беа посочени исклучително поволните услови кои нашата земја како бизнис дестинација им ги нуди на странските инвеститори. „Македонската и чешката економија имаат солиден раст во текот на оваа година, Македонија со највисок раст во Европа и тоа создава основа за средби со чешките…

повеќе...

Презентиран иницијалниот Извештај за карактеризација на езерата во Дримскиот басен

Денеска во Скопје беа претставени клучните наоди на Иницијалниот извештај за карактеризација на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро, подготвен во согласност со Рамковната директива за води на ЕУ. Извештајот е изработен во рамките на проектот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) за регионална конзервација и одржлива употреба на биодиверзитетот на Охридското, Преспанското и Скадарското Езеро и во него се претставени биолошките, хемиските и геоморфолошки елементите на состојбата на водните басени на езерата, а воедно ги дава и насоките за квалитетен мониторинг на состојбите и квалитетот на водите во езерата.…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески во Прага ќе ги презентира убавините на Охрид

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, заедно со тим од секторот за ТЛЕР во понеделник во Прага ќе одржи презентација на туристичката понуда на Охрид пред сите позначајни туроператори од Чешката Република, како и пред новинари од најзначајните специјализирани списанија и магазини за туризам и останати медиуми. Ова е продолжение на промоцијата на Охрид како туристичка дестинација, после презентациајта на градот во Стразбур во Советот на Европа и според организацијата и големината на настанот, претставува најзначен настан што било кога во историјата Општина Охрид сама го организирала и реализирала. На…

повеќе...

Црвен крст организира едукативна презентација на знаења, вештини и техники насочени кон ослободување од стресот

Во рамки на своите активности во делот на здравствено-превентивната дејност, а како резултат на соработката со организацијата The Art of living (Уметност на живеењето), Црвен крст Охрид организира едукативна промоција и презентација на знаења, вештини и техники насочени кон ослободување од стресот и активирање на вистинските потенцијали за работа кај секоја личност. „Ги покануваме нашите сограѓани, без оглед на возраста, да ја искористат оваа единствена можност, од искусниот, лиценциран Art of living учител Теодора Костовска, на многу интересен и несекојдневен начин да ја осознаат моќта на правилното дишење како клуч…

повеќе...

Традиционалната охридска кујна презентирана во Будва

Женскиот центар „ Бисера“ со поддршка и учество на претставници на општина Охрид, учествуваше на тркалезната маса „ Традицијата на здрава храна во охридското и будванското поднебје“ што се одржа во Будва , Република Црна Гора. На тркалезната маса, куса презентација за Охрид и за здравата и традиционалната храна, како важен чинител во развојот на туризмот,имаше членот на Советот на општина Охрид Јадранка Василеска Здравеска.На тркалезната маса, членките на Женскиот центар „ Бисера“ на присутните им објаснуваа како се подготвуваат дел од најпознатите охридски традиционални јадења. „Охрид и Будва се…

повеќе...