ПОПГМ се придружи на Коалицијата „Граѓаните за Македонија“

Главниот одбор на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) на седницата одржана на 12-ти мај ја верификува одлуката на Извршниот одбор, Партијата формално, да се придружи и на рамноправна основа да отпочне усогласено политичко делување со другите политички партии во коалицијата „ГРАЃАНИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА“, со цел разрешување на државно-политичката и институционална криза во Република Македонија.

повеќе...

Протест во Охрид против полициската бруталност

Неколку стотици граѓани во Охрид мирно протестираа против полициската бруталност, како и го изразија својот револт за убиството на Мартин Нешкоски. Протестот започна пред споменикот на Св. Кирил и Методиј, а собирот беше организиран преку социјалните мрежи. Демонстрантите носеа различни пароли, а протестот беше под надзор од страна на полицијата. Поради безбедност, СВР Охрид со барикади го имаше затворено булеварот „Македонски просветители“, на пресекот со улицата „Дејан Војвода“. Освен во Охрид вакви собири се организираа и во Скопје, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци и Куманово. WebOhrid

повеќе...

Заев: На 17-ти мај голем сенароден протест за слобода на Македонија

Дел од говорот на претседателот на СДСМ,  Зоран Заев во Кавадарци. Во Уставот пишува дека темелните вредности на уставниот поредок се основните слободи и права на човекот и на семејството. Темелна вредност е и владеењето на правото. Со Уставот се гарантира слобода на говорот, слобода на јавното изразување, тајност на комуникациите, честа и достоинството на секој граѓанин и на секое семејство. Сето тоа што го пишува во Уставот, власта е должна да го чува. Наместо тоа, таа го има урнисано. Зарем вака, кога знаеме сè, можеме да молчиме, да шепотиме и ништо…

повеќе...

Жителите на Куратица, Вапила и Ливоишта петти ден се без струја – Утре ќе протестираат пред ЕВН

Жителите на Куратица, Вапила и Ливоишта веќе петти ден се без електрично напојување. Тие, поради револт кон ЕВН, утре во 12:00 часот организираат протест. „Ги повикуваме сите да го подржат протестот, да се изврши притисок кон неодговорното однесување на ЕВН.  Поаѓањето од Куратица е утре во 11:00 часот, оттаму тргнува Бале Турс и останатите возила, кој ќе доаѓа од Охрид да биде во 11:45 наспроти Охридска банка (поранешен први мај).“– велат од Месната заедница од Куратица.

повеќе...

Протест на вработените од охридски ЕМО

Вработени во АД ЕМО-производство Охрид денес одржаа мирен протест по охридските улици. Дел од паролите гласеа: „ЕМО-вци робови на 21ви век“, „Ние сме гладни“, „40 маченички плати и придонеси“, „Борба за здравје и достоинство“ со кои вработените по којзнае кој пат потсетија за состојбата во ЕМО. Како што истакнаа штрајкувачите, иако календарски зимата започна денес – за нив зимата трае цели 365 денови. WebOhrid

повеќе...

Протест на жителите на село Велмеј за дислокација на депонија

Група жители од село Велмеј, преку допис до охридските медиуми, реагираат дека вчера камионот на Јавното претпријатие ,,Дебрца’’ бил спречен отпадот од цела Дебрца да биде депониран во дивата депонија. Како што велат, иако ова не бил прв протест во Велмеј за дислокација на депонијата, тие воопшто не наишле на разбирање од локалната власт. „Оваа депонија сместена веднаш над селото повеќе пати во текот на летото гореше и не беа преземени никакви мерки. Наместо да се бара решение за оваа ,,еколошка бомба’’, директорката на Јавното претприатие во повеќе наврати кажа…

повеќе...

Утре јавен протест пред зградата на Министерствотото за образование и наука

Врз основа на член 8 и член 50 од Статутот на СОНК , Советот и Претседателството на СОНК , на вонредната седница одржана на 25-07-2014 година ја донесе следнава О Д Л У К А за организирање на Јавен протест 1. Во знак на револт поради инертен и игнорантски однос на надлежните државни органи во делот на образованието, науката и културата, неконструктивен и бесплоден социјален дијалог и заради создадени исклучително сложени состојби и посебни случаи без преседан, Советот и Претседателството одлучија членовите на СОНК да организираат Јавен протест, со цел…

повеќе...