Како резултат на владините политики, мерки, проекти и активности, туризмот како стопанска гранка во изминатиов период има континуирани стапки на раст. Еден од најзначајните показатели за тој раст е растот на бројот на туристи, каде што имаме секоја година повисок број на туристи во однос на претходната, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев. „Последните податоци говорат дека во периодот јануари – август 2014 година, споредено со периодот јануари – август 2013 година имаме раст на бројот на туристи за 5,9%. Притоа, бројот на домашни…
повеќе...Tag: туристи
Странските туристи се побројни во Струга
Како Струга нема друга! Така најверојатно им се прикажува Македонија на странските туроператори кои се почесто ги носат туристите кон Струга. А Струга, како да ја продолжува туристичката сезона од септември во октомври, а како тргнало со новите групи на странци, најверојатно и ноември ќе биде посакувана дестинација за гости од европските и воневропските земји. А зошто да не ?! И Струга го има Охридското Езеро и прекрасното западно крајбрежје на кое од лето во лето никнуваат луксузни плажи и хотелски комплекси. Очигледно стружани решиле сериозно да се тркаат со…
повеќе...Атрактивни камп-приколки ја исполнија Туристичка
Летото во Охрид трае. Туристи има уште и тоа странски и полски и холандски, но и француски. И тоа забележително и атрактивно! Пример и доказ за продолженото охридско туристичко лето се и овие француски камп-приколки и камп-камионети кои ја исполнија Туристичка! WebOhrid
повеќе...Вулканот во Косел интересен за Холанѓаните
Вулканот „Дувало“ во Косел буди интерес кај туристите. Нашата екипа затекна група туристи од Холандија, кои што денес се одлучиле да го посетат ова место. Имено, оваа група холандски туристи, покрај вулканот во Косел покажа огромен интерес за руралниот туризам во Охрид и околината. Како што изјавија за WebOhrid, тие биле презадоволни од убавините кои ги поседува нашиот град. Претходно, туристите посетиле и некои од околните населби, а ги посетиле и винариите низ Македонија. WebOhrid
повеќе...Издаден флаер со корисни информации за туристите и посетителите
Општина Охрид и Секторот за туризам и локален економски развој, издадоа флаер со корисни информации за туристите во врска со нивниот престој во Охрид. Флаерот содржи информации за правата и обврските на туристите како и информации за нивен побезбеден престој. Флаерот е испечатен на два јазика, македонски и англиски.
повеќе...