Извештај за работата на здравствените установи од болничка здравствена заштита

Методологијата Дијагностичко сродни групи (ДСГ), покрај тоа што е систем за евидентирање и фактурирање на здравствени услуги за акутните болнички пациенти, исто така е и метод за евиденција и финансирање на болничката здравствена заштита. ДСГ методологијата придонесува за стандардизирање на медицинските терапевтски постапки според медицина базирана на докази (протоколи и клинички патеки), кои се вршат за секоја дијагноза со плаќање по просечни трошоци направени за здравствената услуга во било која здравствена установа. ДСГ системот овозможува формирање на централна база на сите здравствени услуги во РМ за болничките пациенти, како и…

повеќе...

Одржана средба со делегација на Фондот за здравствено осигурување на Црна Гора

Примената на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Црна Гора, проширување на модалитетите за соработка меѓу ФЗОМ, решенијата и новините кои ги воведува Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како и предизвиците за подигнување на квалитетот на здравствените услуги, добрата пракса и успешните проекти беа тема на еднодневната официјална посета на делегацијата на Фондот за здравствено осигурување на Црна Гора. Посетата на Фондот за здравство е на иницијатива на црногорската делегација. Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, ја поздравија делегацијата и…

повеќе...

Соопштение на ФЗОМ за аптекарски станици

Проектот Аптекарска станица во населено место во рурална средина е дизајниран да обезбеди континуирана примарна здравствена заштита за осигурениците. Аптекарските станици се отвораат согласно потребите утврдени во мрежата на здравствени установи на Министерството за здравство, бројот на жителите во населените места, оддалеченоста и достапноста на населените места. За таа цел со измената на Законот за лекови и медицински помагала е предвидeно здравствената установа – аптека, што има две или повеќе организациони единици-аптеки, во состав на подрачјето на иста општина, задолжително на секои две организациони единици-аптеки во нејзин состав да отвори…

повеќе...

ФЗОМ го одобри барањето за лекување во странство на Зоран Ѓорѓиевски од Вевчани

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) сака да ја информира јавноста во врска за лекување во странство од страна на Зоран Ѓорѓиевски од Вевчани. Фондот го одобори барањето за лекување во странство за осигуреното лице во транспарентна и брза процедура и лекувањето во странство ќе биде на товар на Фондот. Од минатата година, на сила стапија законските измени со кои се овозможи за здравствените услуги за одобрено лекување во странство, осигуреното лице да учествува со 20% од вкупните трошоци, но не повеќе од 200 евра во денарска противвредност. На…

повеќе...

Ново софтверско решение за остварување на правата од здравствено осигурување за хонорарци

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во соработка со Министерство за здравство, Министерството за финансии и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија усогласи постапка за остварување на права од здравствено осигурување на хонорарците. За таа цел, Фондот направи измени во Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, склучи Анекс на договор со ФПИОМ за електронска размена на податоци и изработи софтвер за електронска обработка и пресметка на времетрањето на здравственото осигурување. Согласно измените, осигуреникот правото од здравствено осигурување ќе го…

повеќе...

Отворени денови на Фондот за здравствено осигурување на Македонија во сите 30 подрачни служби

Фондот за здравствено осигурување на Македонијав воведува нова пракса на отворени денови за осигурениците и нивните идеи, предлози и прашања. Денеска во Струмица, директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и директорот Орхан Рамадани во рамките на работната посета на подрачнатаслужба на Фондот во Струмица, директно ги информираа осигурениците дека вратите на ФЗОМ се отоворени за сите нивни дилеми и потреби кои се во надлежмност на ФЗОМ.  Директорот Стефаноски информираше дека од оваа недела (четврток, 09 април 2015 година) отворените денови на ФЗОМ ќе се организираат секој…

повеќе...

Превенција од срцеви заболувања, бубрежни заболувања и дијабетес

Почетокот на 2014 година се воведоа нови превентивни мерки и активности кај матичните лекари. Оваа договорена активност со Фондот за здравствено осигурување како проект на Владата на Р. Македонија, матичните лекари, за првите шест месеци од 2014 година ја спроведе на 325.000 лица. Фондот во името на своите осигуреници е благодарен на матичните лекари, кои кај здравата популација открија: – ризик од срцеви заболувања кај 55.000 лица, – ризик од дијабетес и дијабетес кај 45.000 лица, – ризик од бубрежни заболувања кај 12.000 лица. Сакаме да напоменеме дека овие бројки се однесуваат…

повеќе...

Избрана алтернативата за проектот „Побрза исплата на надоместоци и боледувања“

Во врска со трите предложени модели за побрза исплата на надоместоци и боледувања, Владата на Република Македонија, на последната Владина седница, одлучи дека најповолен е третиот модел на административно олеснување. Причините за реализација на овој проект делумно се поради ненавремената исплата на надоместокот, за што, според анализите на Фондот, во голем број причините се и кај самите фирми, поради ненавремените поднесоци од нивна страна,како и поради грешките вопресметките за надоместокот. Токму затоа Фондот направи широка дебата со претставници на Сојузот на стопански комори, Стопанска комора на Македонија, Организацијата на работодавачи на…

повеќе...

Петти Меѓународен конгрес за перформанси и квалитет во здравствените системи во Анталија Турција

На 5-тиот Меѓународен конгрес за перформанси и квалитет кои се одржува во Анталија, Р.Турција, голем број на презентери ги претставија новините во здравството во нивните земји. Турција како земја домаќин, ги претстави своите големи проекти кои се планираат во здравството како и веќе постигнатите резултати. Најголем интерес кај учесниците на конгресот предизвика претставувањето на проектот за отворање на мега-болници во големите градови во Турција. Овој проект предвидува отворање на болници со над 5.000 болнички кревети преку јавно-приватно партнерство во 5 градови. Агенцијата за акредитација на здравствени установи при министерството за здравство…

повеќе...

Е-потврди за редовни студенти

Со новиот проект „Е-потврди за редовни студенти“ Фондот овозможи големи придобивки за редовните студенти, кои до сега потврдата за редовно школување требаше да ја заверат во студентски прашања, па да ја достават на шалтерите во подрачните служби на ФЗОМ. Со новиот проект, ФЗОМ секоја нова потврда/промена за редовно школување ја добива по електронски пат од соодветната образовна установа за високо образование. ФЗОМ го овозоможи ова олеснување за студентите, но како што беше кажана и на прес конференцијата, во првиот семестар одредени факултети укажаа дека треба да направат прво техничко прилагодување…

повеќе...