Зголемување на капитацијата за матични лекари

Примарната здравствена заштита е првиот контакт на пациентот со здравствениот систем и има посебно значење како „капија“, за целокупното лекување и следење на здравствена состојба на пациентот. Кај матичниот лекар секој осигуреник треба да добие квалитетна здравствена услуга, согледување на ризиците и рано откривање на определените заболувања што е од огромно значење за превенцијата и навременото лекување. ФЗОМ постојано ги следи услугите и го унапредува начинот на функционирање на примарната здравствена заштита со тенденција на долг рок да обезбеди поквалитетна услуга, односно подобра превентивна здравствена заштита и навремена дијагностика за…

повеќе...

Договор помеѓу Македонија и Словачка за социјално и здравствено осигурување

На 1 декември 2015 година стапи во сила Договорот помеѓу Република Македонија и Словачка за социјално осигурување на основа на кој осигурените лица на едната држава договорничка за време на привремен или за време на постојан престој на територија на другата држава договорничка, можат да користат бесплатни здравствени услуги. Фондот за здравствено осигурување на Македонија потпиша Договор за користење на европската картичка за здравствено осигурување (EHIC) на територијата на Република Македонија за осигурените лица на Словачка кој ќе се применува со стапувањето во сила на Договорот. На основа на Европската…

повеќе...

Без партиципација, ин-витро може да се користи и за трето и четврто дете

Од сега партиципацијата од 6000 денари за остварување на право на ин витро на товар на буџетот на Фондот и овозможено право на ин витро за трето и четврто дете, покрај правото за прво и второ до три обиди. Правото на ин витро е една од програмите на Фондот кој е со исклучително висок приоритет. „Нашата цел е да им излеземе во пресрет на сите барања на осигурениците кои сакаат да имаат деца, а имаат потешкотии да го остварат тоа. Токму затоа, Фондот за здравствено осигурување со задоволство информира дека од…

повеќе...

Резултати од новиот кол центар за хронични пациенти

Во врска со реализација на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“од ФЗОМ информираат за најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните. Комуникацијата во кол центарот се одвива со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта со осигуреници кои се хронично болни од кардиолошки, бубрежни заболувања и дијабетес. Досега, 10 тима на вработени во Фондот контактираа 10.000 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, од предвидените 154.531 осигуреник. „Можеме со задоволство да констатираме дека за овој период од месец дена,…

повеќе...

Компаниите задоволни од грантовите доделени од Фондот за иновации

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска ја посети „ДТК Смарт – тек“ која е една од 16-те компании кои добија грант од првиот повик што го распиша Фондот за иновации и технолошки развој. „Врз основа на договорот којшто Министерството за образование и наука го има во однос на користењето на овие средства потпишано со Светска банка околу 10 милиони евра им стојат на располагање на компаниите. Согласно динамиката и политиките на Фондот за иновации во следниот период ќе има етапно објавување на дополнителни огласи по различни инструменти“,…

повеќе...

Олеснување кај матичните лекари – побрза реализација на превенцијата Размена на податоци за резултати од лаборатории ЛУ 1 по електронски пат

Воведување на превенција за кардиолошки, нефролошки болести и дијабетес кај матичните лекари е со цел да се придонесе кон намалување на бројот на идни пациенти заболени од овие болести, односно да се преземат сите превентивни активности за оваа ризична група на осигуреници да не ги развие овие заболувања и да се влијае на намалување на пациенти кои ќе завршат на дијализа, инсулинска терапија, како и да има помалку пациенти со срцеви и мозочни удари. За стимулирање на оваа активност секој матичен лекар преку Фондот добива 20% од капитацијата секој месец.…

повеќе...

Нов софтвер на ФЗОМ за унапредување на административните процеси со здравствените установи

Една од стратешките определби на Фондот за здравствено осигурување е имплементирање на систем за електронско работење, воведување нови електронски услуги и комплетно исфрлање на хартијата oд секојдневното работење. ФЗОМ има склучено договори за соработка со 3231 правен субјект, јавни и приватни здравствени институции во Република Македонија. Денес, на прес-конференција беа соопштени новините во електронскиот систем на Фондот кој ќе значи унапредување и олеснување на административните работи во здравствените институции во РМ и секако, повеќе посветено време на нашите осигуреници. „Во изминатиов период, работевме на електронски систем кој ќе значи замена…

повеќе...

Новини и олеснувања за над 1900 пациенти – корисници на ортопедски помагала

Фондот за здравствено осигурување на Македонија по барање на здружението на лица со стома – Илкома, а по повод меѓународниот ден на лицата со стома 03.10.2015, донесе одлука која ќе значи олеснување за над 1900 осигуреници со колостома, илеостома и уростома, кои од 01.12.2015 година ќе можат да подигнат количини за три месеци во ортопедските куќи. Станува збор за пациенти кои се заболени од најтешки и малигни заболувања и поради здравствената состојба имаат вештачки отвори – стоми. Поради оваа здравствена состојба мораат секојдневно да користат ортопедски помагала – кеси, кои…

повеќе...

Објавен вториот повик на Фондот за иновации, на располагање 1,3 милиони евра

Милион и 300 илјади евра е буџетот со кој преку кофинансирани грантови Фондот за иновации и технолошки развој ќе поддржи проекти на компаниите. Со вториот повик за финансирање предлог проекти што Фондот го објави вчера, вкупниот буџет е распределен на три инструменти. Заинтересираните компании може да аплицираат до 21 следниот месец. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска информира дека кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва, старт-ап и спин-оф компании ќе се доделуваат до 30.000 евра по проект, а вкупниот буџет за тој инструмент изнесува 300.000 евра. До 100.000 евра…

повеќе...

Обука на Фондот за иновации

Фондот за иновации и технолошки развој, во четврток, на 10 октомври 2015 година, во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 10 часот, ќе одржи обука. На обуката ќе има презентации за анализа на ризиците,пазарниот потенцијал, финансиска проекција и заштита на правата од интелектуална сопственост. Обуката е наменета за претставници на микро, мали и средни претпријатија и установи кои вршат научно-истражувачка или високообразовна дејност и студенти со иновативни идеи, а на англиски јазик ќе ја држи Питер Моѓуроши, оперативен советник за работењето на Фондот за иновации и технолошки развој.

повеќе...