Жителите на Дебрца се изјаснија против изградба на регионална депонија

Заедно со локалните избори кои се одржаа во неделата на ниво на општина Дебрца се спроведе и реферндум. Граѓаните имаа можност да ја изразат својата волја, дали се ЗА или ПРОТИВ изградба на регионална депонија за цврст отпад на територијата на Општина Дебрца. Од вкупно запишаните 4625 граѓани во избирачкот список, на референдум излегле 3149 граѓани или 68%. Од излезените граѓани ПРОТИВ изградба на регионална депонија се изјасниле 2746 или 87 %, додека ЗА изградба се изјасниле 297 или 13% од вкуно излезените граѓани. Општинската изборна комисија Дебрца констатира дека…

повеќе...

Една вечер поезија, 365 вечери депонија

За време на завршната манифестација од Струшките вечери на поезијата, на дрвениот мост во Струга беше истакнат транспарент на македонски, албански и англиски јазик: Една вечер поезија, 365 вечери депонија 1 mbrëmje poezi, 365 mbrëmje deponi 1 evening poetry feel, 365 evenings landfill Транспарентот поставен од страна на граѓанската иницијатива „Стружани за Струга“ има цел да го привлече вниманието од пошироката јавност за проблемите со кои се соочуваат стружани со депонијата во Струга, загадувањето од неа, а особено од нејзиното палење и чад за време на летната туристичка сезона. WebOhrid

повеќе...

Забранет влез во Македонија за 11 албански државјани кои нелегално престојувале кај депонијата во Струга

По претходно изречена опомена од Основниот суд во Струга и поднесени пријави за илегален влез во Република Македонија и нелегална работа, полициската станица од Струга, со решение изврши протерување на единаесет албански државјани. Ним, изречена им е забрана за влез во државата во рок од една година. На 25-ти овој месец, полициските службеници ги затекнаа единаесетте албански државјани на депонијата во Струга каде имале направено импровизирани живеалишта и од каде собирале пластичен отпад. Истиот ден, поради можна поврзаност со случениот пожар на депонијата, повикани се на разговор во полициската станица…

повеќе...

Трајкоски: СДСМ e против спроведување на референдум за изградба на регионална депонија во Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес во изјава за медиумите  истакна: „Согласно ингеренците кои ми ги дава градоначалничката функција за справување со новонастанатиот проблем, би сакал да Ве известам и за следново: Имено, изминатиов период сум изложен на константни навреди, клевети и лаги во однос на донесување на одлука за изградба на депонија. Ваквот начин на клеветa беше исцениран преку најразлични содржини на партиски соопштенија, што пак доведоја до потпалување на масата. Ваквиот начин кулминира со упатување на смртни закани по мојот живот и тоа пред очите на пошироката…

повеќе...

СДСМ: Повикуваме веднаш да се најде решение за пожарот што се појави на локалитетот Мауцкер

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Повикуваме веднаш да се најде решение за пожарот што се појави на локалитетот Мауцкер којшто наместо индустриска развојна зона, веќе неколку години е депонија. Тоа што мандатот на градоначалникот и на советниците од денеска е истечен, не смее да ги доведе во ризик граѓаните и нивните имоти. Од фотографиите во прилог може да се види дека гори сметот на локацијата којашто служи како отпад за градежен шут. ВМРО-ДПМНЕ неодговорно го блокираше формирањето на новата Влада и го одложи изборот…

повеќе...

Депонии никнат преку ноќ на патот кон Рамне

Несовесните граѓани добро знаат дека е забрането отпадот да се фрла на места кои не се наменети за депонирање на отпад. Затоа тие ја користат ноќта како незабележано би се ослободиле од нивниот отпад. Преку ноќ никна уште една – нова и досега најголема депонија на патот до селото Рамне. Како што може да се види од фотографиите, отпадот е најразличен: градежен шут собран во вреќи, кабаст отпад, гранки, кутии, делови од автомобили, детски играчки и сл.

повеќе...