Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета во селото Лешани каде интензивно се работи на санацијата на Културниот дом. Се работи за темелна санација на стариот Културен дом во Лешани, кој ќе прерасне во подрачно Основно училиште во рамките на ОУ „ДЕБРЦА” – с.Белчишта, реконструираниот објект ќе значи комплетно нови услови како за учениците, така и за наставниот кадар. Во рамките на објектот ќе има посебно одвоен простор кој ќе биде на располагање за локалното население, со што ќе добијат простор каде што ќе можат меѓусебно да…
повеќе...Tag: дом
Доделени 10 грантови за приватни домови за стари лица
Десет приватни домови за стари лица денеска добија грантови во висина од 750 илјади денари неповратни средства наменети за опрема и репроматеријали. На ваков начин, ќе се зголеми капацитетот за згрижување стари лица во приватни домови, ќе се обезбедат дополнителни работни места, а ќе се зголеми и конкуренцијата што треба да влијае и на подобрување на условите за згрижување. „Мерката Грант за основање приватен дом за стари лица со неповратни средства во износ од 750 илјади денари ја реализираме првпат годинава со цел да ги мотивираме инвеститорите да вложат во…
повеќе...Ќе се набавуваат по 50 машини за перење и сушење за студентските домови
Педесет професионални машини за перење и исто толку машини за сушење со капацитет до 10 килограми, ќе се набават за потребите на студентите сместени во студентските домови во земјата. Машините ќе работат на систем на жетони. Машините за перење и за сушење се едно ветување што го дадовме во минатото. Информиран сум од страна на Министерството за образование и наука дека нивни тимови ги посетиле сите десет студенски домови во земјата за да направат проценка каде и колку треба да се набават вакви машини. После таа проценка се направени одредени…
повеќе...Нови 30 државни вработувања за децата без родители и родителска грижа
Триесет лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа ќе бидат вработени во државната и јавната администрација преку програмата на Владата Д10, за што огласот е објавен денеска. „Денеска е распишан новиот јавен повик за вработување на 30 деца без родители и родителска грижа, односно лица кои имале ваков статус до 18 години, во Министерството за труд и социјална политика преку Програмата Д10. Во Министерството тие ќе поминат квалитетна обука, ќе се стекнат со работно искуство, а потоа дел од нив, околу две…
повеќе...Ристовски: Заврши комплетната замена на лифтовите во студентските домови
Заврши комплетната замена на старите лифтови со нови во студентските домови во Скопје за што Министерството за образование инвестираше 15 милиони денари. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска изјави дека веќе е направен технички прием на лифтовите со што тие се ставени во употреба. „Ова е исклучително значајно затоа што на овој начин ќе се подобри целокупната фреквенција и функционалност во студентските домови, а тоа пред се е во интерес на студентите“, истакна Ристовски. Во однос на сместувањето на студентите во студентските домови, Ристовски очекува целосно да бидат…
повеќе...Во тек е доставувањето документи за престој во студентските домови
Од вчера започна доставувањето на документите за сместување и престој во државните студентски домови. Сите студенти од втора и повисоките години на студирање на јавните и приватните високо образовни установи во Република Македонија, кои во периодот од 18 јули до 12 август доставиле електронска пријава за сместување и престој во студентски дом во Скопје, документацијата согласно конкурсот потребно е да ја достават до Министерството за образование и наука, најдоцна до 23 август. Оние што конкурирале за сместување во студентските домови во другите градови, потребните документи ги доставуваат до Комисијата за прием…
повеќе...Спасов: Ќе се отворат три приватни старски домови
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска на тројца инвеститори, кои веќе имаат започнато инвестициски активности за отворање три приватни домови за стари лица, им ги додели одлуките од Владата на РМ за давање одобрување за основање вакви домови. „Овие постапки беа закочени во МТСП повеќе од 3,5 месеци. Веднаш по назначувањето интервенирав и ги лоциравме предметите, потоа ги доставивме до Влада и експресно на првата наредна седница таа ги усвои информациите и ги донесе одлуките за давање на одобрувањето“, рече Спасов. Појасни дека станува збор за тројца…
повеќе...Спасов: 12 илјади евра за отворање приватни домови за стари лица
Десет нови приватни домови за стари лица ќе се отворат со помош на неповратни грантови од по 750 илјади денари обезбедени од државата. Вкупниот капацитет на домовите треба да биде од 400 до 500 легла, а ќе се отворат и педесетина нови работни места. Огласот за аплицирање е во тек. „Во оваа прилика би сакал да ги известам сите заинтересирани кои размислуваат за отворање приватен дом за стари лица дека имаат можност да ја искористат новата мерка што ја воведе Владата. Станува збор за грант неповратни стредства во висина од…
повеќе...Заев: Се шири фронтот за демократска Македонија, се вклучи и ДОМ
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за медиумите истакна: „Дозволете да го изразам задоволството од растењето на Платформата за демократска Македонија. ДОМ, како сериозна партија, застанувајќи зад овој документ навистина испраќа сериозни пораки на самата вредност на документот и начелата на коишто полага Платформа за демократска Македонија. Борејќи се за регуларни, фер и демократски избори, испраќаме заедничка порака дека ова е првиот чекор кон нормализација на државата. Но надежите дефинирани во начелата како враќање на правдата, правната држава, професионализација на полицијата, департизација и деполитизација на институциите, вредностите од аспект…
повеќе...Ќе се отвораат нови 10 домови за стари лица
Десет нови приватни домови за стари лица ќе се отворат со помош на неповратни грантови од по 750 илјади денари обезбедени од државата. Вкупниот капацитет на домовите треба да биде од 400 до 500 легла, а ќе се отворат и педесетина нови работни места. Огласот за аплицирање е отворен денеска. Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната прес конференција информираше дека за отворањето на десетте домови за стари лица за кои се обезбедени средства во висина од 7,5 милиони денари. Заинтересираните, домовите ќе можат да ги…
повеќе...