Делегација од ДОМ на Собранието на Европските Зелени

На собранието на Европските Зелени што од 7 до 9 ноември се одржува во Истанбул учествува делегација од ДОМ во состав: Лилјана Поповска, претседателка на партијата, Маја Морачанин, претседателка на Форумот на жени и Симона Сарделиќ и Антонио Јовановски, претседателка и потпретседател на Младинската организација на ДОМ. Во фокусот на оваа средба се демократијата, невработеноста на младите во Европа, енергетската безбедност и климатските промени во пресрет на Самитот во Париз, идната година. Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска уште на првата сесија на групата за климатски промени извести за конференцијата на…

повеќе...

Дом за стари лица, автобуска станица и катна гаража ќе се градат во Охрид

Во наредниве две до три години три крупни капитални проекти ќе бидат реализирани во општина Охрид: дом за стари лица, катна гаража и автобуска станица. Истите ќе бидат реализирани по пат на продажба на земјиштето со строго дефинирана намена. За таа цел денес советниците на градскиот совет дадоа зелено светло за трите предлог одлуки кои се однесуваа на отуѓување на градежното неизградено земјиште на кое е предвидено да се изгради дом за стари лица, катна гаража и автобуска станица. „Првата одлука се однесува на отуѓување на градежно неизградено градежно земјиште…

повеќе...

Центри за лекување депресија во здравствените домови до крајот на годинава

Почнувајќи од наредната недела, во претстојниот период до крајот на годината во речиси секој здравствен дом во Република Македонија ќе биде отворен дневен центар за лекување на депресија. Станува збор за нов проект од областа на превенција на менталното здравје. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека станува збор за центри кои ќе работат еднаш неделно, во период од 14 до 20 часот. Во секој центар, посочи министерот, ќе биде ангажиран по еден специјалист психијатар, кој ќе дава здравствени услуги на пациентите без…

повеќе...

Нови приватни старски домови- меѓу приоритетите на МТСП

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески и сопственикот на ПЗУ “Дијагностички центар”, с.Кравари, Димче Тристовски го отворија новиот старски дом во рамки на дијагностичкиот центар. Спасов на почетокот изрази задоволство за отворањето на уште еден приватен дом за стари лица во државата. „Ова е шеснаесетта приватна установа која што се отвора, додека пак тринаесет се отворени само во 2013/2014 година со што се потврдуваат заложбите на Министерството за труд и социјална политика во насока на поттикнување на приватниот сектор, на приватните инвеститори…

повеќе...

Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори. Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови…

повеќе...

Студентскиот парламент при УИНТ ќе потпише меморандум за соработка со НАПАГ

На 29 август (петок), со почеток во 10 часот во фоаето на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, со седиште на ул. Партизанска бб, Охрид, Студентскиот парламент при УИНТ ќе потпише Меморандум за соработка со Националната асоцијација на престижни академски граѓани. Инаку, Националната асоцијација на престижни академски граѓани е формирана оваа година со цел да се искористи во целост потенцијалот на најуспешните студенти од сите професии преку развојот на креативноста и нивните претрпиемнички вештини. Во асоцијацијата може да членуваат сите студенти од прв, втор и трет циклус…

повеќе...