Продолжуваат успесите на ИО Пионер од Охрид

Викендов од 22ри до 24ти април во поширокиот планински регион на Катлановска Брезица се одржа 43-от Меморијал „Mарко Граорковски” на кој што учествуваа извидници од извидничките одреди од Р.Македонија кои се натпреваруваа во повеќе од 25.различни дисциплини (вештини, вештарства и ориентација во природа). Првите места во категоријата извидници и помлади извидници ги освоија мешовитите екипи составени од извиници од ИО.Пионер од Охрид и ИО.Феникс од Прилеп. „Ова е уште една потврда на веќе успешната соработка на двата одреда кои што се на пат да склучат договор за збратимување и продлабочување…

повеќе...

Охридските извидници со активности по повод Светскиот ден на извидниците

По повод 22-ри февруари, Светскиот ден на извидниците или попознат во светот како ден на скаутизмот, извидниците од Извидничкиот одред ПИОНЕР од Охрид спроведоа активност на подарување на книги, сликовници и играчки во Педијатриското одделение при општата болница во Охрид. „Со тоа во доменот на своите можности, извидниците дадоа пример за хуманост и го поддржаа мотото НАПРАВИ ДОБРО ДЕЛО, кое што во целиот свет придонесува за развивање на свеста кај децата и младите кон хуманоста.“- велат од ИО Пионер Охрид. Имено самиот датум 22-ри февруари е всушност ден кога во 1857 година…

повеќе...

Извидничка активност : „Школа за преживување во природа“

Во организација на извидничкиот одред „Пионер“ на територијата на општините Дебрца и Охрид се организираше Школа за преживување и безбеден престој во природа. На школата практична едукација добија вкупно 12.извидници од категоријата „РОВЕРИ“ (16+) од седум извиднички одреди од Р.Македонија. Истите преку практична работа за период од 100.часови поминати под ведро небо во исклучително променливи временски услови на потегот од с.Требеништа преку с.Скребатно па се до Охрид (патека долга околу 58.км), стекнаа вештини во препознавање и начин на избор на безбедно место за престој во природа, контрола и самоконтрола, изградба…

повеќе...

Уште еден успех на Извидничкиот одред „Пионер“ Охрид

Викендов од 11-ти  до 13-ти септември во организација на Извидничкиот Одред „Мирко Милески” од Кичево (одред домаќин) ,а по повод ослободувањето на градот Кичево, се одржаа традиционалните извиднички средби на кој учествуваа повеќе од 80 учесници натпреварувајќи се во две категории помлади извидници и извидници. Извидничкиот одред „Пионер“ учествуваше со по една екипа од двете категории и помладите го освоија 5-то место,а додека поголемите го освоија 3-то место и пригодниот пехар. „Ова е уште еден голем успех за нашите млади извидници кои што ве текот на овој месец по втор пат освојуваат…

повеќе...

ИО „Пионер“ го освои овогодишниот трон на меморијалот „Марко Граорковски“

Викендов извидниците од извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид учествуваа на 42-от Меморијал „Марко Граорковски“ – кој се одржа на територијата од Катланово. Извидниците учествуваа со свои две екипи од помлади извидници (ученици од 10-14 годишна возраст). На меморијалот учествуваа 140 извидници од повеќе градови од Република Македонија, како и од соседна Србија. Истите се натпреваруваа во ориентација на карта, ориентација во природа, шаторизација, полигон на спретност, вештини и вештарства, забавни игри и сето тоа поткрепено со добра забава и музика. „Нашата прва екипа „ШАМПИОНИ“ го освои највисокото прво место и го презеде овогодишниот…

повеќе...

Одбележан Светскиот Ден на Извидниците

Денес беше одбележан Светскиот Ден на Извидниците или во светот познат како Ден на Скаутското Движење. Во далечната 1907 година во Лондон од печат излезе книгата „Извидништво за момчиња“ од британскиот генерал Роберт Баден Пауел во која што тој го сумирал своето долгогодишно искуство околу престојот и животот во природата. Ги опишал неопходните вештини и знаења и секако неминовното тимско работење кое е предуслов за било каков успех и до ден денес. Годината на нејзиното објавување генерално се смета за почеток на извидничкото движење во светот, а неговиот роденден 22 Февруари…

повеќе...

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу НВО Коалиција на Египќаните и Извиднички Одред Пионер Охрид

Потпишан меморандум за соработка помеѓу НВО Коалиција на Египќаните и Извиднички Одред Пионер Охрид. Меморандумот за соработа, како што вели Демир Далип, овластен преставник на Египќаните за надворешна соработка, е континуитет на стратешките насоки на НВО Коалицијата на Египќаните за интегрирано општество, притоа потенцирајки дека Извидништвото претставува добар модел за создавање на здрави личности, каде што, таргет група се децата и младинците. Далип, рече дека очекува ова Соработка да биде подржана од страна на Локалната Самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески, во насока на инбестирање на здраво општество. Демир Демироски, национален координатор…

повеќе...

Бронзен медал за извидниците од „Пионер“ на државниот извиднички ориентационен натпревар

Во периодот од 17-ти до 19-ти октомври, во с.Голозинци Општина Чашка, во организација на Сојузот на извидници на Македонија се одржа овогодинешниот државен извиднички натпревар за ориентација во природа, на кој што  учество зедоа извидници во машка и женска категорија. „Таму извидниците од повеќе градови од Македонија имаа прилика да поминат три незаборавни денови преку дружење и јакнење на своите лични и колективни капацитети покажувајќи вештини од областите на ориентација во простор, топографија, подготовка на храна во природа изработка на времени живеалишта, животни вештини и др. и сето тоа на простор од…

повеќе...

Колку се „грижиме“ за Националниот парк Галичица!?

Националниот парк ГАЛИЧИЦА е во наша непосредна близина и претставува неизмерно богатство што ни го подарила природата. Сите ние понекогаш со гордост го кажуваме тоа, обично кога им го презентираме на некои наши гости, пријатели, дојденци од земјава и странство. Но, да се запрашаме колку ние го посетуваме, колку го познаваме, колку сме придонеле за тој да остане природен симбол на нацијата, и на крајот колку се грижиме за него?! Патролата од извидниците-ровери од нашиот извиднички одред ПИОНЕР при своите редовни обиколки на одредени делови од паркот, во саботата на…

повеќе...

Реализиран проект на Извиднички одред „Пионер“ Охрид

Извидниците од извидничкиот одред „ПИОНЕР” од Охрид го искористија летниот распуст за да го реализираат претходно подготвениот проект т.н. „Happy birds” односно „Среќни птици”, во кој што тие изработија 50 куќички за птици, направени од природен материјал и истите ги поставија ширум на потегот од село Скребатно па се до село Љубаништа вдолж Националниот Парк Галичица, непосредно покрај населените и излетничките места. „Со ова симболично и практично дадоа поддршка на опстанокот на големиот број на разновидни видови на птици кои егзистираат во тие предели. При тоа проектот не застанува тука,…

повеќе...