Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во Хаг, Холандија, каде пред повеќе големи холандски компании ќе ги презентира можностите за инвестирање и поволностите што ги нуди државата за водење бизнис. Во составот на македонската делегација се и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф и заменик директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Климент Шекеровски. Бизнис форумот се организира во соработка со холандскиот Совет за промоција на трговијата и Светскиот трговски центар на Холандија. Неколку холандски компании веќе имаат инвестирано во Македонија и…
повеќе...Tag: компании
Индиските компании до европскиот пазар преку Македонија
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денес, и владината делегација во чиј состав се и министерот за привлекување на странски инвестиции, г-дин Џери Наумоф, заменик министерот за економија, г-дин Христијан Делев, и заменик директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот, г-дин Климент Шекеровски присуствуваа на бизнис форум во градот Џајпур, Република Индија каде беа презентирани можностите за инвестирање и водење на бизнис во Република Македонија. Бизнис форумот во градот Џајпур се одржа во соработка со Конфедерацијата на индиската индустрија која е најголемата стопанска…
повеќе...Груевски: Посетата на САД успешна, американски компании најавија инвестиции
Владиниот тим предводен од премиерот Никола Груевски, со учеството на бизнис форумот во Лас Вегас, ја заврши неколкудневната економска посета на САД. Како што изјави Груевски по форумот, посетата на САД е повеќе од успешна. Дел од компаниите и стопанствениците со кои се остварени средби, најавија инвестиции во Македонија. „Посетивме четири четири големи значајни града, Њујорк, Чикаго, Лос Анџелес и Лас Вегас, доста компании. На презентациите имаше многу присутни, голем беше интересот, се поставија многу прашања и се остварија многу лични контакти. Неколку компании веќе најавија доаѓање во Македонија дури…
повеќе...Странски компании се интересираат за изградба на ски-центарот „Галичица“
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денес најави дека неколку странски компании пројавиле интерес за инвестирање во изградба на ски- центарот на Галичица како и дека преговорите со потенцијалните инвеститори се уште траат. „Во овој момент изработена е физибилити студијата и мастер планот за изградба на овој центар. Во меѓувреме МЕПСО Македонија објави оглас за пројавување интерес за изградба и стопанисување со ски центарот и тој оглас е се уште во тек. Од она што јас можев да го добијам како информација од претставниците на МЕПСО и владините економски промотори знам…
повеќе...Македонските компании општествено одговорни, има простор за унапредување
Македонските компании се општествено одговорни и во последните 10-тина години има позитивни примери, но може да се направи повеќе во оваа насока, сметаат експертите кои денеска во Скопје дебатираат на оваа тема. На меѓународната конференција учествуваат претставници од 20-тина држави кои разговараат за тоа како да се унапреди општествената одговорност и како бизнис секторот во партнерство со јавниот сектор може да придонесе за одржлив развој. Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, општествената одговорност треба да се развива бидејќи таа е еден дел од креирањето позитивен имиџ за компаниите и…
повеќе...Нови 20 експерти во домашните компании
Проектот за ангажирање на странски експерти за потребите на домашните компании е проект кој носи корист за домашниот бизнис сектор, и негова интенција е унапредување на способностите и деловните процеси во македонските компании, зголемување на продуктивноста, економичноста и ефикасноста на бизнисот и создавање на дополнителна додадена вредност на процесот на деловна активност, информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Тој рече дека е завршен првиот циклус на конкретното ангажирање на странските експерти во домашните компании, во рамките на кој во изминатиот период 20 странски експерти, претежно од Холандија и Германија, престојуваа во…
повеќе...