Општина Охрид ќе го решава проблемот со кучињата скитници

Општина Охрид презема почетен план за решавање на долгорочниот проблем со кучињата бездомници, на доброволна основа, во соработка со Здружението на граѓани „Анималија“. Во исто време ќе се продолжи со проектот за стерилизација, нега и згрижување и ќе се бара трајно решение за определување на локација за стационар. Ова го изјави градоначалникот Јован Стојаноски на денешната прес-конференција. „Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе аплицираме со проекти за набавка на опрема и обука на кадри од комуналното претпријатие за справување со оваа проблем. Важно ние да…

повеќе...

АХВ ќе го одбележи 28 септември – Светски ден на борба против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година се вклучува во кампањата на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ за одбележување на Светскиот ден на борбата против беснило – 28 септември. Во рамки на годинашната кампања, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство, а во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина, Ветеринарната комора и ветеринарните друштва, на 30 септември, сабота, во Градски парк (Школка) Скопје, од 10 до 12 часот, ќе се одржи промотивно – едукативен настан за подигнување на јавната свест за беснилото, опасноста од…

повеќе...

Кучињата скитници проблем и пред и по избори

Во пресрет на поставувањето на бината за вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, граѓаните беа сведоци како една мала глутница кучиња безгрижно дивее на Градскиот плоштад. Без разлика која партија се наоѓа „во позиција“ или опозиција, кучињата скитници останаа голем проблем кој се провлекува години наназад. Можеби е време овој проблем да се вметне во некоја предизборна програма од политичките партии, за негово решавање, пред се за граѓаните, но и за туристите кои го посетуваат Охрид. WebOhrid

повеќе...

Општините од Југозападниот регион со заедничко решение за проблемот со кучињата скитници

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески во  Струга присуствуваше на координативниот состанок што го организира Центарот за развој на југозападниот плански регион и СВР Охрид, а со цел преземање почетни иницијативи за изнаоѓање решение за проблемот со кучињата скитници во градските средини. Проблемот со кучињата скитници се јавува на територијата на целиот југозападен регион, при што само со заедничко дејствување може да дојде до подобрување на ситуацијата на терен, беше истакнато на средбата. Според градоначалникот Бакрачески, проблемот со кучињата скитници се повеќе ќе се наметнува како проблем за решавање на сите…

повеќе...

Координативен состанок за решавање на проблемот со кучињата скитници

Со цел преземање почетни иницијативи за решавање на појавата на кучиња скитници во градските средини и нападите врз луѓето, Центарот за развој на југозападниот плански регион заедно со СВР Охрид, денес ќе одржат заеднички координативен состанок. На оваа работна средба, покрај претставници од центарот и полициски службеници, ќе присуствуваат и претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство. Состанокот ќе се одржи денес во 13 часот и 30 минути во салата на Советот на општина Струга.

повеќе...

Жена растргната од глутница кучиња скитници

Фитнет Ф. (58) од селото Баланци, општина Центар Жупа, им подлегна на повредите со кои се здоби откако претпладнево беше нападната од глутница кучиња скитници. Таа се здобила со тешки телесни повреди откако денес во 10 часот и 30 минути била нападната и искасана на повеќе места по телото. Настанот се случил денес во селото Баланци, општина Центар Жупа на околу 150 метри одддалеченост од куќата каде, сега починатата живеела. По нападот од поголем број кучиња скитници, Фитнет Ф. итно е префрлена во медицинскиот центар во Дебар каде бил присутен…

повеќе...

Објава бр.1/2016 за продажба на движни ствари- војнички кучиња по пат на електронско јавно наддавање

Согласно член 47, 48 и 49 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република“ бр. 78/15, 106/15 и 153/15) и Одлуките за продажба на движни ствари бр. 42-628/5, 6 и 7 од 10.02.2016 година и 42-682/ 1, 2, 3, 4, 8, 9 и 10 од 10.02.2016 година, Комисијата за недвижни и движни ствари на Министерството за одбрана објавува ОБЈАВА бр. 1/2016 за продажба на движни ствари- војнички кучиња по пат на електронско јавно наддавање 1. Предмет на…

повеќе...

Обука „Детекција на дроги со службени кучиња“

Француската Амбасада во Скопје преку својата служба за Внатрешна Безбедност во соработка со ОБСЕ од 3 до 7 ноември 2014 година организираше обука наменета за 11 водачи на кучиња од Единицата за службени кучиња при МВР. Обуката ја реализираа двајца француски експерти и обучувачи од француската Национална жандармерија од Центарот за обука на службени кучиња во ГРАМАТ, кои заедно со македонските колеги разменија знаења во однос на техниките на детекција на дроги со помош на службени кучиња. Активностите во рамки на оваа обука се реализираа во кругот на самата Единица…

повеќе...