Градежништвото ќе го продолжи растот, поттик и проектот „Купи куќа, купи стан“

Позитивните трендови во градежништвото се очекува да продолжи и во наредниот период. Поддршката со владините мерки и активности како и во претходниот период ќе продолжи и годинава со средства од буџетот за капитални проекти, но и со проектот „Купи куќа, купи стан“ што ќе обезбеди работа за градежните компании, кои, исто така, очекуваат да продолжи растот во градежниот сектор. Ова беше истакнато на отворањето на 12. Меѓународен саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 5. Саем за недвижности и инвестиции што од денеска до 7 март се одржува…

повеќе...

„Спомен-домот на Тоше Проески“ награден со балканската награда за архитектура „Милан Злоковиќ“

Идејното решение за „Спомен-домот на Тоше Проески“ во Крушево ја доби архитектонската награда „Милан Злоковиќ“ за најдобро архитектонско дело во регионот. Признанието за капиталната инвестиција на Владата и на Министерството за култура ќе биде доделено в петок во Белград, во рамките на годишната изложба на Асоцијацијата на српски архитекти, од меѓународно жири составено од претседателите на сите балкански асоцијации на архитекти. Проектантското биро „Синдикат студио“, кое е автор на идејното решение на „Спомен-домот на Тоше Проески“, наградата ја дели со романските колеги кои се автори на проектот за „Станбен комплекс…

повеќе...

Општина Охрид ќе помогне на семејството Рамадан кое остана без покрив над главата

Хуманоста на градоначалникот Никола Бакрачески повторно на дело. Првиот човек на градов, денеска беше на увид на местото каде неодамна се урна куќата на охриѓанецот Неџат Рамадан во населбата Кошишта. Неодамнешните обилни врнежи од дожд и снег биле кобни и го оставиле без покрив над главата Неџат и неговите две деца кои имаат пречки во развојот. „Општина Охрид, односно Локалната самоуправа како и во претходните случаи кои се однесуваа на семејствата од социјален ризик, така и сега ќе помогне на ова семејство во рамки на своите надлежности и можности. Со…

повеќе...

Хуманоста на градоначалникот Бакрачески повторно на дело – Помош за Мармачоски чиј дом беше опожарен

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески денеска на лице место направи увид на куќата од охриѓанецот Димко Мармачоски што беше опожарена пред два дена. Градоначалникот заедно со својот тим ја констатираше направената штета и потенцираше дека општина Охрид во рамки на своите можности максимално ќе му помогне на Мармачоски. Со тоа продолжува праксата која веќе две години ја води актуелното локалното раководство да дава несебична поддршка за семејствата чии домови биле опожарени . „Изразуваме жалење за сета штета , но секогаш сме тука да им помогнеме на граѓаните на Охрид.…

повеќе...

Отворена канцеларијата „Купи куќа, купи стан“

Во Министерството за финансии од денеска е отворена канцеларијата „Купи куќа, купи стан“ во која граѓаните од 10 до 15 часот секој работен ден ќе добиваат повеќе информации како да го решат станбеното прашање. Сите заинтересирани ќе можат да се информираат како да добијат субвенција од Владата за станбен кредит, која може да достигне до 14 илјади евра неповратни средства, каде има станови до 900 евра за метар квадратен, каде има плацеви за изградба на куќа и.т.н. Министерството за финансии информира дека посетеноста е голема и нагласува дека целта на…

повеќе...

Ставрески го додели станот, наградната со фискалните продолжува и во 2015

Битолчанецот Трајан Ивановски, кој е добитник на станот на наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ од 13. извлекување на 29 декември 2014 година, денеска го доби клучот. Официјално му го предаде вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој најави дека наградната игра продолжува и годинава. Ставрески искажа големо задоволство од досегашното спроведување на наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ и му честиташе на среќниот добитник. – Би сакал на него и на неговото семејство, на сите ќерки, зетовци, внуци и правнуци да им посакам да…

повеќе...

Од понеделник канцеларија „Купи куќа, купи стан“ во Министерството за финансии

Поради големиот интерес кај граѓаните за проектот „Купи куќа, купи стан“ од понеделник стартува со работа канцеларијата „Купи куќа, купи стан“. Канцеларијата се наоѓа во Министерството за финансии и ќе биде отворена за заинтересираните за проектот секој ден од 10 до 15 часот. Граѓаните таму ќе можат да се информираат за сите погодности кои ги нуди „Купи куќа,купи стан“, како неповратни средства до 14.000 евра и ниски каматни стапки, но ќе можат да добијат податоци и каде можат да најдат станови по пониски цени – до 900 евра за метар…

повеќе...

Еве како украсуваат велосипедистите!

И велосипедистите заслужуваат малку одмор, барем додека трае зимата, студот и снегот, а велосипедот може да послужи и како новогодишен украс… Идејата е интересна и уникатна, но не е препорачливо овој пример да го следат љубителите на моторциклизмот, а уште помалку автомобилизмот. WebOhrid

повеќе...

Ставрески: Задоволувачки се бројките на апликациите за проектот „Купи куќа купи стан“

Секоја акција и секој проект што е наменет за граѓаните и што ќе им помогне да решат големо прашање е добар проект, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на викенд забавата „Купи куќа, добиј стан“ која се одржа денеска во трговскиот центар „Рамстор“, поддржана од двата проекта „Купи куќа, купи стан“ и „Фискална во рака, награди без мака“ на Министерството за финансии. „Верувам дека низ средбите што ги имаат тука со банките, со претставниците на Министерството за финансии, со градежните компании можат на едно место да ги добијат…

повеќе...

Ставрески: Проектот „Купи куќа, купи стан“ добива на интензитет

Зголемен е интересот за проектот „Купи куќа, купи стан“. Во последните два месеца, по одржување на двата саема за овој проект, се одобрени 90 барања за субвенциониран кредит, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска одговарајќи на новинарски прашања по средбата на Коалицијата „За подобра Македонија“. „„Купи куќа, купи стан“ добива на интензитет и интерес врз основа на саемите што ги направивме. Само во декември има нови 40 барања за субвенција, а претходно имавме 50. Откако почнавме со саемите 90 семејства го решија прашањето за сопствен дом. Така…

повеќе...