Општина Охрид денес и утре до 20 часот ќе прима барања за легализации

Се известуваат сите физички и правни лица дека архивата во општина Охрид денеска и утре ќе работи од 8:00 до 20 часот, со цел да се запази законскиот рок за поднесување барања за легализација на диво изградени објекти кој истекува утре, 31-ви март. Од општина Охрид упатуваат апел до граѓаните и компаниите што немаат доставено барање за легализација, а сакаат да ги легализираат дивоградбите тоа да го направат денес или најдоцна утре. За оние коишто веќе имаат поднесено барање за легализација геодетските елаборати треба да се достават до 31 декември…

повеќе...

Се продолжува рокот за легализација на дивоградбите

Сите охриѓани кои имаат бесправно изградени објекти а кои досега не направиле легализација и не поднеле барање во првиот рок,имаат можност да поднесат барања за легализација до 31 март 2016 година, а геодетски елаборати може да поднесат до крајот на идната година.За ново поднесените барања рокот за поднесување на геодетски елаборати е крајот на 2017 година. Пролонгираните рокови за поднесување барања и геодетски елаборати за легализација на дивоградби е согласно последните измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со цел да се излезе во пресрет на…

повеќе...

Пролонгиран рокот за поднесување барања и геодетски елаборати за легализација на дивоградби

Се информираат  жителите на Општина Дебрца дека согласно последните измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, пролонгиран е рокот за поднесување барања и геодетски елаборати за легализација на дивоградби. Новиот рок за поднесување барања за легализација на дивоградби е 31 март 2016 година, а за поднесување на геодетски елаборати до крајот на 2016 година. За ново поднесените барања рокот за поднесување на геодетски елаборати е крајот на 2017 година. Според последните измени на Законот, барање за легализација на вакви објекти можат да поднесат оние граѓани чија дивоградба…

повеќе...

Ќе се пролонгираат роковите за легализација на дивоградбите

Владата нуди нова можност за граѓаните да ги легализираат бесправно изградените објекти. На последната седница изготви измени на Законот со кој се предлага продолжување на рокот за комплетирање на поднесената документација, како и нов рок за поднесување барања за легализација на дивоизградените објекти. Како што соопштија денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпевски, со измените се предлага рокот за поднесување барања да продолжи до 31 март 2016 година, а за оние коишто веќе имаат поднесено барање да…

повеќе...

Овозможена легализација на дивоградби за индивидуални куќи покрај природните езера

На иницијатива на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, Лилјана Затуроска, Нола Исмајлоска Старова и Драган Данев, во Собранието на Република Македонија е поднесен Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Целта на предложените измени е да се овозможи спроведување на постапките за утврдување на правен статус на бесправни објекти изградени во заштитен крајбрежен појас на природни езера од 50 метри како и ретроактивна примена на одредбите за овие бесправни објекти и за бесправните објекти кои се наоѓаат на земјиште на кое е…

повеќе...

Груевски: Да се искористи можноста за бесплатен елаборат за легализација

Процесот за легализација на дивоградби се одвива добро. Досега се пристигнати и одобрени над 2.800 барања за бесплатна изработка на елаборати за легализација на дивоградби од приматели на социјална помош и лица со ниски примања, информира денеска премиерот Никола Груевски. Лицата кои поднеле такви барања, потенцира Груевски, ќе се стекнат со решение за легализација. Апелира сите кои ги следува бесплатен елаборат што поскоро да достават барање во предвидениот рок. „Државата покажа голема подготвеност, најде начин и сили за сите кои се приматели на социјална помош да обезбеди бесплатно да добијат…

повеќе...

Да се искористи можноста за бесплатни елаборати за легализација

Владата апелира да се искористи можноста за бесплатна изработка на елаборати за легализација на дивоградбите, мерка што се однесува за корисниците на социјална и постојана парична помош и за лицата со ниски примања на ниво на домаќинства до 168.000 денари годишно. Што побрзо го поднесат барањата толку побргу ќе добијат легализација и сопственост на имотот. Рокот на поднесување на изработениот елеборат до општината е до декември оваа година, и затоа е корисно овие лица, за да не се најдат во временски цајтнот и гужви, веднаш да пристапат кон поднесување на…

повеќе...

Доделен првиот бесплатен елаборат за легализација

Агенцијата за катастар на недвижности бесплатно изготви 403 елаборати за легализација на дивоградби на корисници на социјална и постојана парична помош и со ниски примања и почна со нивно доставување до барателите и до општините. Првиот бесплатно изготвен елаборат денеска го доделија министрите за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Диме Спасов на скопјанката Божа Савеска во нејзиниот дом во населбата Лисиче. Савеска е неподвижна и корисник на инвалидиска пензија, а живее сама во објектот што ќе и биде легализиран бесплатно. „Добивањето на елаборатот…

повеќе...

Доделено 100.000-то решение за легализација

Три години по донесувањето на Законот за бесправно изградени објекти, вчера во Агенцијата за катастар на недвижности беше доделено стоилјадитото решение за легализација. Имотен лист, впишан во Катастарот, доби предметот на Раде Радевски од Општина Кисела кој се однесува на куќа стара 38 години. „Во петокот, во 15 часот и 45 минути, во Агенцијата за катастар беше запишан 100.000-тиот легализиран објект. Ова значи дека во Македонија се веќе процесирани една третина од вкуно поднесените предмети за легализација што е добар напредок на процесот“, истакна министерот за транспорт и врски Миле…

повеќе...

Јанакиески: Граѓаните и компаниите да ги достават геодетските елаборати за побрза легализација

Граѓаните и компаниите кои сакаат да ги легализираат бесправно изградените објекти, што поскоро да ги достават геодетските елаборати, апелира денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Според него, токму недоставувањето геодетски елаборати, но и нерешените имотно-правни односи се клучните причини кои го забавуваат процесот на легализација. „Граѓаните и компаниите мора да ги изготват елаборатите кои се по исклучително ниска цена, помалку од едно евро. Крајниот рок за доставување веќе го продолживме, до 31 декември 2015 година. Дотогаш има доволно време, но не треба да се чека последниот ден“, рече…

повеќе...