Дебата што ја разгледува присустноста на културата во медиумите ќе го отвори претпоследниот ден на четвртото издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“, кој ќе се одржи од 27 до 31 јули во Струга. Тематскиот ден е насловен „Во Абсентија“, а интерактивната дебата носи наслов „Отсуството на културата и уметноста во медиумите“. Дебатата е закажана за сабота, 30 јули од 19.30 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Модераторка е новинарката и активистка Ана Јовковска, а панелисти се Звонко Наумоски, Небојша Вилиќ и Влатко Галевски. „Од постојана политизираност до доминантно…
повеќе...Tag: манифестација
Струга и годинава организатор на „Денови на македонскиот мед“
Здружението на пчелари „Матица“ од Струга, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Општина Струга, втора година по ред ќе ја организира манифестација „Денови на македонскиот мед“. Тридневната манифестација на пчеларите од Македонија ќе се одржи од 5 до 7 август, на Плоштадот на револуцијата во Струга, а на неа се очекува да учествуваат повеќе од 30 пчелари од сите делови на Македонија. На манифестацијата се поканети претседатели и претставници на повеќе сојузи и здруженија на пчелари од Албанија, Србија, Бугарија и од Косово. Извор:meta.mk
повеќе...Фешта во фацата на хипокризијата на четвртото издание на „ДримON“
Со провокативниот наслов „Фешта во фацата на хипокризијата“, околу кој е конципиран стартниот ден на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“, започнува петдневната програма која ќе се случува од 27 до 31 јули во и околу Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Фестивалот ќе внесе свежина во културното живеење на Струга, а тоа се навестува уште со првиот фестивалски ден и истоимената дебата, „Фешта во фацата на хипокризијата”. Модератор на дебатата е новинарот Тони Димков, а панелисти се Филип Јовановски од „АКТО“, Костадин Шурбановски од „Д Фестивал“ и Петра Селишкар…
повеќе...Во Трпејца започна петто културно – забавно лето „На зајдисонце“
Под покровителство на Општина Охрид од вчеравечер во Трпејца по петти јубилеен пат се одржува манифестацијата „На зајдисонце “ во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ со поддршка од месната заедница и спонзори и донатори од Трпејца, Охрид и други градови од Македонија. „По петти –јубилеен пат се собравме во Трпејца да го означиме почетокот на една од најафтентичните културно – забавни манифестации што се одржуваат во руралните средини. „На зајдиоснце“ од година во година ја збогатува програмата и станува препознатлив бренд на Трпејца едно од најубавите туристички места…
повеќе...Утревечер почнува петто јубилејно издание на Зајдисонце во Трпејца
Во Трпејца од 20 до 28 јули годинава по петти – јубилеен пат Здружението за развој и промоција ЗА ТРПЕЈЦА СО ЉУБОВ – Охрид ќе го организира културно – забавното лето „На зајдисонце“ – 2016. Пред пет години на манифестацијата беше претставен трпејчанецот Никола Павлески и неговите фотографии во кои имаше и мотиви од селото, а беа промовирани и неговите анегдоти под наслов ВЕСЕЛОТО КАЈЧЕ. Во меѓувреме Павлески напиша нови 25 анегдоти кои се вметнати во новото издание на книгата и дел од нив актерката Марија Кондовска ќе ги прочита…
повеќе...Заврши 28та Поетска ноќ во Велестово
Деновите од 15-ти до 18-ти јули се одржа 28-та Поетска ноќ во Велестово. Оваа година првата традиционална поетска ноќ беше посветена на творештвото на поетот Санде Стојчевски, за неговото творештво беседеше проф. Д-р Зоран Анчевски. Беше отворена и ликовна изложба на академскиот сликар Стефан Хаџи Николов, а со мал музички концерт нѐ почести младиот Петар Кочовски. Втората ноќ беше посветена на ирската современа поезија и во рамки на оваа Поетска ноќ во Велестово беше промовирано најновото издание на ПНВ Публикации, зборникот „Единаесет ирски поети“ Избор од современата ирска поезија, во…
повеќе...Летен џез-карван во рамките на културната манифестација „Топол културен бран“
Летниот џез-карван, кој се реализира во рамките на културната манифестација „Топол културен бран“ поддржана од Министерството за култура, ова лето ќе посети повеќе градови низ Македонија, а негова прва станица е Ресен. Наредните три дена (19, 20 и 21 јули) во Новата чаршија во Ресен, со почеток од 22 часот, публиката ќе има можност да се разладува со настапите на едни од најактуелните џез-имиња од земјава кои пред публиката во Ресен ќе настапат со целовечерни концерти. На 19 јули настапува Дамир Имери трио, чиј лидер е еден од врвните македонски…
повеќе...По трет пат „Баскерфест“ пред охриѓани
Заедно со манифестацијата „Бело лето“, по трет пат пред охриѓани ќе продефилираат уличните артисти на фестивалот „Баскер фест“, кој ќе трае до 3ти јули. Дваесетина изведувачи со атрактивни жонглериски акробации, ќе ги забавуваат охриѓани на трите градски плоштади и по должина на кејот. „Веќе 11 години сме пристуни во Македонија со интернационална артистичка екипа и се потешко е да ја изненадиме публиката, но сепак ќе се потрудиме да бидеме атрактивни за охриѓани и гостите “– изјави Сандра Темова од организациониот одбор на „Баскер фест“. Годинава пред охридската публика ќе се…
повеќе...„Бело лето 2016“ со Владимир Василевски Четкар
Годинашното издание на „Бело Лето“, ќе биде во знакот на концертот на охриѓанецот со светска кариера, џез музичарот Владимир Василевски Четкар. Туристичко-промотивната манифестација со која се најавува официјалниот почеток на летната сезона, оваа година ќе се одржи на 1 јули, со повеќе содржини на различни локации во градот, а ќе започне со концертот на Четкар во предворјето на Света Софија. „Централниот настан, концертот на Владимир Четкар Секстет ќе се одржи во предворјето на црквата „Св. Софија“ во 19 часот. Веднаш по завршувањето на концертот, околу 21 часот, од дворот на…
повеќе...На 1ви јули во Охрид ќе стартува „Бело лето 2016“
По примерот на светските туристички центри на која градот практично ќе работи 24 часа на 01 Јули 2016 година, по четврти пат ќе се одржи Манифестацијата „БЕЛО ЛЕТО 2016”, a во рамки на истата предвидено е и одржување на Бела Ноќ. Манифестацијата е во организација на Општина Охрид – Сектор за туризам и ЛЕР. Во рамките на манифестацијата „БЕЛО ЛЕТО 2016” предвидена е следнава програма: – 19:00, Предворје на Света Софија – Концерт на Владимир Василески Четкар Секстет, – 21:00, Настап на перкусионистичка група KARANOS waterfall drums group од Воден,…
повеќе...