Мајка го заклучувала и малтретирала 34 годишниот син

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ.(56) од Охрид. Пријавената, во подолг временски период, во семејната куќа го вознемирувала, го заклучувала и не му дозволувала слободно движење низ заедничките семејни простории на нејзиниот син В.Ѓ (34). Таа му упатувала сериозни закани и ја загрозувала неговата сигурност со што му предизвикала чувство на страв и несигурност, го малтретирала оштетениот и му упатувала низа навредливи и заканителни зборови. Поради тоа, на сега оштетениот В.Ѓ. значително му се влошила здравствената состојба…

повеќе...

Нови мачиња во нашето маало

Мачките ги има насекаде низ градот. Нема училиште или градинка во Охрид во чиј двор нема по неколку мачки, па дури и кучиња. Од контејнер на контејнер, од улица на улица… Но, овој пат нема да дискутираме за негативните ефекти и за тоа дека треба да се преземе нешто околку тоа. Малите мачињата знаат и тоа како да бидат мили и неодоливи. Овие мали мачиња и нивната мајка, се сместиле на покрив од детска градинка и чекаат сончевите зраци да допрат до нив и да ги стоплат. Погледнете го видеото: WebOhrid

повеќе...

Во Охрид одбележан Денот на мајката

ЖЦ „Бисера“ од Охрид традиционално и оваа година го одбележа 12ти мај – Денот на мајката. Во ОУ „Св.Климент Охридски“ Охрид вечерва се одржа манифестација, на  која учествуваа дечиња од градинката „Јасна Ристеска“, како и ученици од сите основни училишта,  меѓу кои и ОУ „Григор Прличев“ Охрид. Учениците од ОУ „Григор Прличев“ пред присутните се претставија со две точки, под менторство на наставничката Фанче Наумоска. За најдобрите литературни и ликовни детски творби по објавениот конкурс на тема „Мајка“ беа доделени награди и признанија. Ова се наградените ученици од ОУ„Григор Прличев“ Мартин Ашталкоски IV 2 одделение…

повеќе...

Охриѓанката која ја бара својата биолошка мајка, тврди дека е заведена како „мртво бебе“

Триесет и едногодишната жена, која е родена во Охрид, а посвоена во Скопје, е во потрага по својата биолошка мајка. Таа бара народна помош за да дојде до вистината. „Почитувани, јас да се надоврзам на мојата објава, приказнава го смени текот, јас сум прогласена за мртва, не постојам во посвоените, а на 23.07.1985 има починато бебе, па ги замолувам сите што знаат за таков случај да ме контактираат на мојот фесјбук профил. Не влегувам во детали зошто е тоа сторено, само барам народна помош да дојдам до жената со „мртвото бебе“ од…

повеќе...

Охриѓанка ја бара својата биолошка мајка

Деновиве охриѓанка е актуелна на социјалните мрежи каде објави апел за пронаоѓање на својата биолошка мајка. „Колку се би било поинаку кога законот би ни го дал тоа право. Колку само би било полесно… Колку само би имале можност да знаеме за нашето потекло, за нашиот иднетитет… Колку само одговори ќе добиеме на прашањата кои не мачат… Но зошто да биде тајна? Зошто да немаме право на избор? Зошто тоа право да ни се скрати? Зошто??? „Родена сум 23.07.1985 година во Охрид. По самото раѓање сум посвоена во Скопје. Потребна…

повеќе...

Одбележан Денот на мајката

  Вчера, 13 Мај во организација на Женскиот Центар „Бисера“, во просториите на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид со пригодна манифестација се одбележа Денот на мајката. На настанот учествуваа градинките и сите училишта од Охрид кои настапија со свои точки. По повод објавениот конкурс на тема „Мајка“ жири-комисијата составена од наставници, претставници од градинките и училиштата ги избраа најдобрите творби, а на наградените ученици им се доделија награди спонзорирани од Општина Охрид.

повеќе...

Почна да функционира електронската мајчина книшка

Министерството за здравство ја воведе електронската мајчина книшка која од вчера е достапна и во „мој термин“ и ја пополнуваат сите матични гинеколози во државава. Податоците од книшката ќе може да ги користи матичниот гинеколог, но и сите гинеколози во породилиштата во Македонија, најави денеска министерот за здравство Никола Тодоров. Во прво време, рече, електронската мајчина книшка ќе функционира заедно со хартиената, а подоцна ќе се оди само на електронската верзија од која податоците се добиваат во реално време и се чуваат во централен сервер со што шансите за нивно…

повеќе...

Македонија континуирано бележи напредок во подобрување на правата на вработената мајка

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов се обрати на настанот во организација на Меѓународната организација на трудот на тема „Средина што го поддржува семејството преку подобрена заштита на мајчинството“ Во своето обраќање министерот Спасов рече дека темата е од исклучителна важност во промовирањето на семејните вредности, а уште повеќе за мајчинството како категорија која директно директно влијае врз нив.  Спасов истакна дека е свесен дека обезбедувањето на заштитата во однос на бремената жена, мајката-родилка и нејзиното дете  се заеднички одговорности на институциите на системот, но според него тоа…

повеќе...