ВМРО-НП бара Владата да го преиспита работењето на Виктор Мизо и да направи увид во сите договори кои ги потпишал

ОК на ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Општинскиот Комитет на ВМРО – Народна партија од Охрид бара од Владата на Република Македонија да го преиспита работењето на поранешниот пулен на ДПМНЕ и директор на ТИРЗ зоните – Виктор Мизо и да направи увид во сите договори кој ги има потпишано именуваниот. Имено, Мизо како директор на ТИРЗ ја има продадено технолошката линија за производство на трансформатори на бугарски инвеститор, но производствената хала која е специјално направена за таа намена ја изнајмува на друга…

повеќе...

Соопштение од ВМРО-НП Охрид

ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Изминатиов месец сведоци сме на жестока политичка кампања против Договорот за добро соседство меѓу Република Македнија и Република Бугарија. Овој договор ги разбуди духовите на сите оние „патриоти” кои до последно се надеваа во некако нов сојуз на Балканот во кој би учествувала и Македонија. Со потпишување на декларацијата за добрососедство во 1999 година од страна на премиерите Љубчо Георгиевски и Иван Костов односите меѓу двете земји започнаа да се развиваат во нагорна линија. Македонија по време на…

повеќе...

ВМРО-НП бара новата Влада да донесе одлука за раздружување на МЈП Проаква

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „ВМРО – Народна партија од Охрид бара од новата влада на Република Македонија да донесе одлука за раздружување на МЈП Проаква. Бараме ова меѓуопштинското јавно претпријатие да се раздели на три единици: Водовод Охрид, Водовод Струга и Колекторскиот систем како посебно јавно претпријатие односно под државна капа. Со раздружувањето на МЈП Проаква на трите единици: Водовод Охрид, Водовод Струга и Колекторскиот систем ефектот од работата би бил поголем. Покрај раздружувањето на претпријатијата Водовод Охрид и Водовод Струга, ВМРО –…

повеќе...

ВМРО-НП со повик до членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Општинскиот Комитет на ВМРО НП – Охрид ги повикува членовите и симпазитертите на ВМРО – ДПМНЕ кои се уште не се во можност, низ една внатрепартиска демократска процедура, да почнат процес на промена во нивната партија, да пристапат кон ВМРО – НП и со тоа да се приклучат кон сите оние чесни и достоинствени граѓани на Македонија кои му свртеа грб на поранешниот режим кој владееше со земјата. Ги повикуваме сите патриоти, искрени родољуби и…

повеќе...

Костоски и Каневчев: Граѓаните се спремни за промени на власта во Македонија

Кандидатот за пратеник во ИЗ5 од Коалицијата ВМРО за Македонија, Ванчо Костоски денес одржа завршна прес-конференција, на која изрази што задоволство од текот на оваа кампања. Како што рече тој наидувале на голем одѕив и прием кај граѓаните во Охрид и Македонија. „Очигледно граѓаните на Македонија, но и охриѓани се спремни за промени на власта во Р.Македонија и се повеќе и повеќе ни ја даваат нивната поддршка. Ние не правиме мегаломански митинзи, ние работиме од човек на човек, поради демократијата, која што ја нема во Македонија и секако сме задоволни од одѕивот.…

повеќе...

Станковски: ДПМНЕ го распродаде Охрид

ВМРО–ДПМНЕ во изминативе 10 години покажа колку навистина го сака Охрид и охриѓани. Партијата која е власт во заминување љубовта кон градот ја покажа со распродавање на целото земјиште на фирми блиски до неа, по цена која нема скоро никаква вредност. Ова го истакна на денешната прес-конференција претседателот на ОИШ на Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Охрид, Јоне Станковски. „Колку за потсетување, ВМРО – ДПМНЕ ја затвори специјалната детска болница, единствена во регионот, и со експресна одлука на Совет заедно со сегашните коалициони партнери донесоа нов урбанистички план со кој на…

повеќе...

Домазетоски: Ќе донесеме нов закон за Безбедност на сообраќајот на патиштата по европски терк

Во просториите на ОК на ВМРО-НП Охрид, кандидатот за пратеник во ИЕ 5 од коалицијата ВМРО за Македонија,  Рајко Домазетоски денес одржа прес-конференција. „Сакам да ја запознаам пошироката јавност за еден невиден преседан што од почетокот на месец јануари се случува во Република Македонија, со најновите измени во Законот за безбедност во патниот сообраќај нешто што засега илјадници граѓани во оваа држава ( пред се млади луѓе ), одредби од законот, кој што се противуставни, противречни и контрадикторни, нејасни и крајно неприфатливи за една голема популација на граѓани – граѓани од…

повеќе...

Каневчев: Морално право и обврска ни е да го вратиме сјајот и да ги обелиме четирите свети букви на историското В М Р О

Во просториите на ОК на ВМРО-НП Охрид денес се одржа прес-конференција, на која говореше кандидатот за пратеник од Коалицијата „ВМРО за Македонија“ во ИЗ5 Владимир Каневчев. „Чест ми е што сум овде како претставник на Коалицијата ВМРО за Македонија, коалиција која и беше неопходна на Македонија. Оваа коалиција е предводник од искусни луѓе, политичари кои беа столбот и младата прогресивна сила во раните 90 години и цврсто застанаа на патот за суверена и независна Македонија. Лидерите на коалицијата ВМРО за Македонија се искусни луѓе кои поминаа повеќе политички премрежја во 25 годишниот период…

повеќе...

Домазетоски: Коалицијата ВМРО за Македонија ќе го укине екстерното тестирање и ќе воведе комбиниран модел на образование

Во просториите на ОК на ВМРО-НП Охрид денес Коалицијата ВМРО за Македонија одржа прес-конференција. Конференцијата беше посветена на иницијативата поднесена во август 2013 година, односно иницијатива за укинување на екстерното испитување во основното и средното образование во Македонија, кој што од Коалицијата ВМРО за Македонија сметаат дека како проект не е во ред да се применува во образованието. „Веќе неколку години поточно од учебната 2012/2013 година Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ без никакво чувство на одговорност и самокритичност, спроведува проект во основните и средните училишта наречен Екстерно проверување, т.е екстерно тестирање.…

повеќе...

Коалицијата ВМРО за Македонија од Охрид порача дека ќе го има идниот премиер

Коалицијата ВМРО за Македонија синоќа од Охрид ја почна изборната кампања. Пред околу илјада членови и симпатизери во Центарот за култура, говореа лидерите на трите партии од коалицијата, како и носителите на кандидатските листи. Лидерот на ВМРО – Народна партија, Љупчо Георгиевски, рече дека од нивната победничка коалиција ќе се избира идниот премиер на Македонија. „Доста е од оние што бараат 63 пратеници. Народот не смее повеќе да биде прелажан и да даде монопол на една партија, од која потоа ќе биде жртва. Ние и со 15 пратеници ќе бидеме гарант…

повеќе...