Новогодишна честитка на Советот на млади

Советот на млади при општина Охрид во пресрет на Новогодишните и Божикните празници упатува честитки до сите млади сограѓани со желби за среќа, здравје, личен и професионален успех. „Како организација од младите и за младите, Советот на млади и понатаму ќе продолжи да биде иницијатор на идеи и проекти кои ќе придонесат за остварување на интересот на младите луѓе, подобрување на нивната положба во општината, но и нивно вмрежување и претставување на регионално, национално и меѓународно ниво. Почитувани, нека новата 2015 година биде поуспешна за секој од нас, но и…

повеќе...

Во пресрет на новогодишната ноќ – Апел за мирен и безбеден новогодишен дочек

Во пресрет на новогодишната ноќ Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните за максимално воздржување од употребата на огнено оружје, петарди или други пиротехнички средства, како и од други нарушувања на јавниот ред и мир, со цел новогодишната ноќ да мине во мирна и безбедна атмосфера. Покрај ова, на сите учесници во патниот сообраќај, им порачуваме да бидат внимателни и дисциплинирани и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да поседуваат зимска опрема и особено да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол. Министерството за внатрешни…

повеќе...

Новогодишно обраќање на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, по повод Новата година упати честитка до сите граѓани. „Почитувани граѓани на Република Македонија, Празниците се момент за нова надеж и нова верба дека ни претстои подобра и поуспешна година за сите нас. Празниците се момент кога си посакуваме многу здравје, многу радост и многу среќа во годината што доаѓа. На прагот на новата година благодарни сме на сите граѓани кои нѐ израдуваа, охрабрија и нѐ поттикнаа на добри мисли и добри дела. Благодарни сме на трудољубивите стопанственици и земјоделци. Благодарни сме на грижливите родители.…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески Новата година ќе ја дочека со своите сограѓани

Вечерва на градскиот плоштад “Св. Климент Охридски“ Локалната самоуправа организира заеднички дочек на Новата 2015-та Година за охриѓани и туристите . Новогодишната програма ќе започне во 21 часот со настапот на естрадниот уметник , Петар Нечоски по што ќе настапи поп – рок групата “Камелеон“. Во 22:30 часот е предвиден настапот на поп ѕвездата Владо Јанески. Забавата за охриѓани и туристите ќе трае до вечерните часови. Градоначалникот Никола Бакрачески, Новата 2015-та Година ќе ја дочека во Охрид . Првиот човек на градов Новата 2015-та Година на своите сограѓани и гости…

повеќе...

Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески

Во пресрет на Новата година, градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески, со новогодишна честитка до охриѓани.

повеќе...

Оштетените новогодишни реквизити по снежното невреме се репарираат и заменуваат со нови

По дводневното снежно невреме и по расчистување на градските улици, општина Охрид работи на санирање и ставање во функција на оштетените новогодишни реквизити. Украсите и реквизитите што беа уништени во снежното невреме се репарирани или се заменуваат со нови. Централното градско подрачје со плоштадот и чаршијата се расчистуваат од вчера. Плоштадот од синоќа е целосно чист. Денеска се подига снежната покривка од чаршијата која целосно ќе биде чиста во текот на утрешниот ден.

повеќе...

Први јануари неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 1-ви јануари 2015 година (четврток), Нова Година, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните на Република Македонија им ја честита Новата Година.

повеќе...

Помилувања по повод Новата 2015 година

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод Новата 2015 година, даде помилување на 24 осудени лица од кои 3 потполно, а 21 делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор.

повеќе...

Новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства

На пригодна свеченост што денес се одржа во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, заменик градоначалникот на Охрид Ангел Јанев, во име на градоначалникот Никола Бакрачески, им додели новогодишни пакетчиња на 100 деца од социјално загрозените семејства од Охрид. Во своето обраќање Јанев истакна дека младите се носечките столбови на нашето општество па токму поради тоа општината Охрид се залага и работи на подобрување на условите за живот на сите охриѓани. „Општина Охрид прави сериозни чекори да обезбеди подобра иднина за сите нас. Правиме сериозни чекори за креирање на здрава економска…

повеќе...