Кривична пријава за 23 годишен охриѓанец кој се обидел да ограби маркет

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Т. (23) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид”. На 14.02.2017 година пријавениот околу 11:35 часот влегол во маркет на ул. „Галичица“ и со закана со нож од вработената го побарал дневниот промет. Во тој момент вработената почнала да ја довикува нејзината колешка која била во магацинот, по што пријавениот го напуштил маркетот и побегнал.

повеќе...

Повредено малолетно лице од струшко Мислодежда

Синоќа во 21:50 часот од Медицински центар Струга е пријавено дека кај нив било донесено лице со повреда во пределот на слабината, нанесена од остар предмет со длабочина од 1 см и ширина од 2 см. На лицето му била укажана медицинска помош и истото ќе биде задржано за натамошно следење на неговата здравствена состојба. Од преземени мерки и активности од ПС Струга било констатирано дека околу 21:00 часот на ливада на влезот во с.Мислодежда, струшко, при меѓусебна расправија на група на малолетни лица, тринаесетгодишник од с.Поум, струшко, му нанел…

повеќе...

Охриѓанец повредил со нож американски државјaнин кој бранел девојка

Утрово околу 04:00 часот во Охрид, на бул.„Македонски Просветители“, спроти казино А. Д. (1992) од Охрид, со нож му нанел телесна повреда на Ј. М. (1991) од САД. кој се обидел да помогне на девојка која А.Д. физички ја нападнал, по што истиот извадил нож и го повредил Ј.М. А.Д. е пронајден и приведен во СВР-Охрид за понатамошна постапка.

повеќе...

Кривична пријава за стружанец поради „загрозување на сигурноста“ и „тешка телесна повреда“

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,загрозување на сигурноста“ и „тешка телесна повреда“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.Ш. (37) од струшкото село Радолишта. На втори овој месец околу 03.оо часот, пријавениот влегол во ноќниот клуб „Оаза“ во Струга и почнал да крши шишиња и чаши. Во еден момент извадил нож и почнал да замавнува кон присутните гости во објектот и да се заканува дека сите ќе ги убие. Со брза полициска интервенција, Д.Ш. е приведен по што одземен му е нож во расклопена…

повеќе...

Момче избодено во Градски парк во Скопје

Утрово во 02:38 часот во ЕИК, Т.В. пријавила дека, кај фонтаната во Градскиот парк Скопје, им пришло непознато машко лице кое побарало да му повикаат Итна медицинска помош бидејќи бил повреден во грбот и многу крварел, а кој бил нападнат од три непознати  лица. По преземени мерки било утврдено дека повреденото лице е И.М. (22) од Скопје. Истиот бил префрлен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди (осум убоди од остар предмет во пределот на грбот). Се преземаат  мерки за пронаоѓање на сторителите и за…

повеќе...

Лице од Долна Белица со нож нападнало стружанец

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ф.Р.(50) од струшкото село Долна Белица. Тој, на седми овој месец, со нож го нападнал Љ.Д. (79) од Струга нанесувајќи му тешки телесни повреди-посекотина на врат во должина од околу 16 сантиметри. Настанот се случил во 20 часот и 30 минути на улицата „ЈНА“ во Струга, каде сега пријавениот, во видно алкохолизирана состојба, го забележал Љ.Д. кој со тапан најавувал дека е време за вечера според муслиманскиот рамазански пост. Тука,…

повеќе...

На спиење ограбена и повредена жена во Слатино

Утрово околу 03,00 часот во с.Слатино – о.Теарце во куќа сопственост на Ф.Ј. од страна на НН сторител, маскиран и со закана со нож извршено е разбојништво врз истата при што и се одземени 350 евра.Имено, сторителот влегол во куќата, ја разбудил Ф.Ј. и со закана со нож и побарал пари, по што таа му дала 350 евра.На излегување, сторителот ја повредил оштетената во пределот на раката.

повеќе...

Со закани и употреба на физичка сила, огнено оружје и нож се стекнале со “плен“ од 750.000 денари

СВР Скопје во иминатиот период по преземени мерки целосно расчисти и документрираше пет кривични дела разбојништо за што против пет лица сите од Скопје на возраст од 26 до 46 години е поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО. Пријавените разбојништвата ги извршиле во текот на јануари и фебруари годинава на подрачјето на Скопје со што се стекнале со против правна имотна корист од околу 750.000 денари. Во првиот случај кривично пријавен е К.С. (31) од Скопје за сторено кривично дело “разбојништво“ стекнувајќи се со противправна имотна корист од 500.000 денари.…

повеќе...

Лице нападнато со нож во угостителски објект во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда во обид“ Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против И.Р.(36) од Охрид. На 23-ти минатиот месец, пријавениот со неколку убоди со нож во пределот на десната препона и левата надколеница му нанел телесни повреди на Б.Р. од Охрид. Настанот се случил околу 23 часот кога во угостителскиот објект „Ноа“ пристигнал Б.Р. во друштво со неговиот брат и уште неколку пријатели. Забележувајќи го неговото доаѓање, пријавениот И.Р. кој се наоѓал во објектот, веднаш пристапил до нивната маса…

повеќе...

Обид за убиство во Скопје – Две лица прободени со нож

На 23.11.2014 година околу 00,30 часот во Скопје, на бул.„АСНОМ“ во близина на зграда бр.25, 3-4 засега непознати лица извршиле убиство во обид над Д.Б.(23) и С.Р.(22), на тој начин што едно од нив им нанело неколку убоди со нож во пределот на телата. Д.Б. е во шок соба и се наоѓа во критична состојба.СВР-Скопје презема мерки за пронаоѓање на лицата.

повеќе...