Со перформансот одржан во сабота, 2 јули, од платото пред Музејот на македонската борба до плоштадот „Македонија“ во Скопје, започна да се реализира манифестацијата „Музичко лето со Воениот оркестар“, организирана од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија. Несекојдневниот настап на Воениот оркестар, кој е единствен во Република Македонија, привлече голем број граѓани на главниот град. Истиот ќе имаат можност да го видат и граѓаните на Велес, Дојран, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга и Куманово. Воениот оркестар е дел од Баталјонот за почести кој е основан на темелите на…
повеќе...Tag: оркестар
Концерти на Македонската филхармонија на 7-ми и 8-ми октомври во Њујорк
Република Македонија ќе се претстави со два концертни настапи на 7-ми и 8-ми октомврина Камерниот оркестар на Македонската филхамонија во престижната Карнеги хол и во реномираниот музички центар Кауфман во Њујорк. „Ова гостување на нашиот национален оркестар е голем успех за македонските уметници, за македонската култура и за Република Македонија која е земја со врвни уметнички потенцијали кои заслужуваат посебно внимание и соодветна промоција во светот.“ Ова на прес-конференција го истакна министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, која рече дека на 7 октомври во Кауфман на првиот концерт на камерниот…
повеќе...Во петок 27-мо издание на „Охридските староградски средби“
На 25- ти септември (петок) по 27- ми пат ќе се одржат „Охридските староградски средби“, во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. Фестивалот има за цел да ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува старите добри градски музички традиции. Фестивалот ќе започне со почеток во 19:00 часот со дефиле на ансамблите низ старата чаршија и настап на две локации: Градски плоштад и Стар чинар, а свечено ќе биде отворен во 20:00 часот. Поздравен говор ќе одржат претставник од Општина Охрид и директорката на НУ Центар…
повеќе...Настап на мандолинскиот оркестар при МКЦ во Виена
Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар од Скопје под диригентската палка на Ванчо Јовчев со успех учествуваше на 2. Меѓународен фестивал за хорови и оркестри “Wien Music Festival” што од 11 до 14 септември се одржа во Виена, Австрија. Нашите инструменталисти од неколку генерации одржаа два концерта, од кои едниот во катедралата во центарот на Виена, а другиот во салата на Конзерваториумот за драмски и музички уметности во Виена. На програмата беа изведени дела од Бах, Шуберт, Вилијамс, Шостакович,… како и неизбежното „Македонско капричо“ од Драган Шуплевски. Посебен куриозитет беа…
повеќе...АГБУ Софискиот камерен оркестар вечерва на „Охридско лето“
На фестивалот „Охридско лето“ вечерва со почеток во 21 часот, во црквата „Света Софија“ ќе настапи АГБУ Софискиот камерен оркестар, под диригентство на Бедрос Папазјан од Бугарија со учество на солистите: Филип Маџунков – пијано (Србија) и Софија Никоска-виолина, (Македонија). АГБУ Софискиот камерен оркестар е создаден во 2006 година, по повод 100 години од основањето на организацијата „Парекордзаган“, со цел да се популаризираат ерменската и бугарската музичка култура, дострелите на класичната музика, како и дела од современите автори. Диригентот и уметнички директор на оркестарот е Бедрос Папазјан, и во него ги спојува…
повеќе...