Втор концерт на Погорелиќ – Охридско Лето го доби најголемиот подарок за јубилејното 55 издание

Поради големиот интерес за концертот на славниот пијанист Иво Погорелиќ кој на 25 овој месец ќе настапи во црквата Света Софија, Охридско лето направи напор да обезбеди уште еден дополнителен концерт на 26.07.2015 ( недела). Со ваквиот сериозен, одговорен и професионален пристап, во интерес на нашата верна публика, ќе овозможиме сите заинтересирани да можат да бидат дел од овој настан. Голем е бројот на гости од странство кои специјално најавија дека ќе дојдат во Охрид токму поради концертот на Погорелиќ. Резервации има од Србија, Хрватска, Грција, Чешка, Албанија, Франција. Картите…

повеќе...

Шекспировата „Многу врева за ништо“ вечерва на „Охридско лето“

Театарската претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир, во режија на Ана Ѓорѓевиќ, а во изведба на Народниот театар од Сомбор, Република Србија ќе биде изведена вечерва во рамки на фестивалот „Охридско лето“. „Шекспировата смеа е без злоба, како нежен дожд што ја чисти атмосферата и охрабрува и зајакнува; неговата комедија час лудување и шегување, час исмевање на глупавите недоразбирања или фанатична перверзија, час остроумна духовитост, час израз животна радост и воодушевување на убавината човечка, е комедијата за која Хајне вели дека е маѓепсана градина, во која се зборува…

повеќе...

Полската вечер на „Охридско лето“ – Концерт за паметење – спој на совршен звук на инструментот виола/оргули и ипресивна акустика на Света Софија

Традиционалната Полска вечер на „Охридско лето“ и годинава на јубилејното 55-то фестивалско издание донесе неповторливо доживување за публиката во црквата „Света Софија“. Концерт за паметење синоќа одржаа извонредните уметници и виртуози – пијанистот Славомир Зубжицки, тенорот Рафал Зураковски и пијанистката Ана Мерник. Полскиот пијанист, композитор и изработувач на инструментот виола/оргули со неговиот прв настап во Охрид и Македонија преку фестивалот „Охридско лето“ всушност го промовира својот инструмент во нашата држава. „Ова е мојот прв концерт во Македонија. Ова место, оваа црква е навистина импресивна и акустиката е апсолутно фантастична. Чувствував како…

повеќе...

Вечерва во Света Софија „Полска вечер“ на Охридско лето

Во рамките на фестивалот Охридско лето, вечерва во црквата „Св. Софија“ ќе се оддржи концерт насловен како „Полска вечер“ со извонредните уметници и виртуози – пијанистот Славомир Зубрицки, тенорот Рафал Зураковски и пијанистката Ана Мерник. Во фестивалската историја на традиционалната Полска вечер на Охридско лето ќе остане запишан концертот со еден од најславните композитори на денешницата – Кшиштоф Пендерецки. Минатата година посебна атракција беше концертот на ексклузивниот гудачки квартет „MozART group“ од Полска. Оваа година , според најавите, уште еден незаборавен концерт кој со сигурност нема да ги остави љубителите…

повеќе...

„Со љубовта шегување нема“ – повик за создавање похуман и социјално рамноправен свет

Суровата вистина за денешниот неолиберализам кој го проголтува и уништува секој човечки напор за достојно живеење и негување на вистинските вредности беше прикажана синоќа на „Охридско лето“ преку претставата „Со љубовта шегување нема“ од Алфред де Мисе, а во режија на Софија Ристевска. Фестивалската публика која синоќа беше во дворот на Основното училиште „Свети Климент Охридски“ имаше исклучителна можност да ја долови болната човечка реалност преку говор, игра и танц на актерите од Интимен театар –Битола. Режисерката Софија Ристевска пред почетокот на преставата најави дека овој проект се игра првпат…

повеќе...

Откажан концертот на „2 Cellos“ во Охрид

Продукција „Пасворд“ и „Охридско лето“ информираат дека концертот на хрватското дуо „2 Cellos“, кој требаше да се одржи во дополнителната програма нa фестивалот, на 8.8.2015 г., поради приватна причина се откажува, односно ќе се презакаже во нов термин. Членовите на дуото ветуваат дека наскоро ќе биде соопштен датумот за големото музичко доживување. Од продукцијата „Пасворд“ информираат дека купените билети може да се вратат од среда, 22.7.2015 г. на продажното место Југотон во ГТЦ. На сите што купиле билети онлајн, парите ќе им бидат вратени на нивната сметка.

повеќе...

Со претстaвата „Со љубовта шегување нема“ започнува младото театарско Охридско лето

Претставата „Со љубовта шегување нема“ од Алфред де Мисе, во режија на Софија Ристевска, а во изведба на Интимен театар од Битола ќе биде прикажана вечерва на фестивалот „Охридско лето“ во рамките на програмата „Младо театрско Охридско лето“ што првпат од годинава стартува како дел од фестивалската програма. Актерската екипа Здравко Стојмиров, Катерина Аневска и Стефанија Милевска во дворот на Основното училиште „Свети Климент Охридски“ ќе прикажат едно уникатно класично уметничко дело деконструирано и направено по мерка на младата режисерка Софија Ристевска. „Бескрајно многу се радуваме што не поканија да…

повеќе...

Извонредна театарска игра покажаа актерите од Тел Авив

Танцување, пеење, детски игри. Публиката на „Охридско лето“ синоќа имаше можност да погледне интересна претстава иако темата што беше опфатена во неа се однесуваше на егзодусот на Евреите во Полска. Актерите од Театарот „Камери“ и Националниот театар „Хабима“ од Тел Авив, Израел, за првпат во Македонија, токму преку фестивалот „Охридско лето“ покажаа дека се ѕвезди на театарската сцена. Претставата „Нашиот клас“ што ја одиграа во предворјето на „Света Софија“ има исклучително модерен ракопис. Иако во неа е прикажана приказната за уништувањето на Евреите во едно мало село во Полска, всушност…

повеќе...

Дел од творечкиот опус на композиторот Властимир Николовски вечерва на Охридско лето

На сцената во црквата „Св.Софија“, вечерва со почеток во 21 часот, во рамките на фестивалот „Охридско лето“  ќе биде изведен дел од творечкиот опус на композиторот Властимир Николовски. Властимир Николовски (1925 – 2001) е еден од најзначајните и најплодните македонски композитори. Неговото богато и разновидно творештво извршило огромно влијание врз развојот на македонската музичка култура и уметност. Создал над 140 музички композиции од речиси сите видови и жанри на класичната музика, но и голем број публицистички трудови. Творечкиот јазик на Николовски е умерен, експресивен, со потпирање врз духовното и врз фолклорното…

повеќе...

„Нашиот клас“ – совршен актерски перформанс за судбината на Евреите во Полска

Животната судбина на Евреите во едно мало село во Полска ќе биде прикажана вечерва на „Охридско лето“ преку театарската претстава „Нашиот клас“ што ќе ја одиграат Театарот „Камери“ и Националниот театар „Хабима“ од Тел Авив, Израел. На денешната прес-конференција во фестиваксата дирекција на „Охридско лето“ присуствуваше израелскиот амбасадор во Република Македонија Ден Оријан кој најави дека ова дело ќе се одигра по повод 20-годишнината од воспоставувањето на димполатските односи помеѓу Израел и Македонија. „Станува збор за два водечки театри во Израел и навистина ми беше голема чест што помогнав оваа…

повеќе...