„Нашиот Клас“ од Тадеуш Слобоѓањек утревечер на Охридско лето

Во рамки на програмата на овогодинешното издание на фестивалот Охридско лето, утревечер со почеток во 21 часот на сцената во предворјето на Св.Софија ќе се одигра театарската претстава „Нашиот Клас“ од Тадеуш Слобоѓањек, во режија на Ханан Снир. „Нашиот клас‘ е приказна за еден клас, во едно село во Источна Полска… Еден храбар поглед на она што се случило го оставагледачот без здив, шокиран и длабоко потресен, додека се идентификува со она што се случува на сцена. Десетте прекрасни актери благодарејќи на најсензитивниот и единствен стил на текстописецот и режисерот успеаjа да…

повеќе...

Стоечки овации и бројни бисeви за рускиот пијaнист Николај Лугански

Со стоечки овации и повеќе бисови го награди публиката на „Охридско лето“ извонредниот руски пијанист Николај Лугански кој синоќа одржа концерт во црквата „Света Софија“. Овој пијано-виртуоз со исклучителна префинетост и чувствителност во неговото музицирање го задржа вниманието на бројните посетители повеќе од два часа. Внатрешноста на акустичната црква беше исполнета до последно место, а дел од присутните со задоволство го следеа концертот стоејќи. -Николај Лугански вечерва не’ остави без здив. Навистина преполната сала во „Света Софија“ беше импресионирана од еден од врвните пијанисти од младата генерација пијанистичка елита во…

повеќе...

Рускиот великан на пијаното Николај Лугански вечерва во „Св. Софија“

Во рамки на програмата на овогодинешното издание на фестивалот Охридско лето, вечерва со почеток во 21 часот, во црквата „Света Софија“ концерт ќе одржи врвниот руски пијанист Николај Лугански. Лугански критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна префинетост и чувствителност, со „кристална убавина“ во свирењето слична на онаа што ја имале големите Моцарт и Шопен, како и виртуозност која потсетува на Рахмањинов и на Прокофјев. „Овој руски великан на пијаното, со сигурност ќе приреди незаборавен концерт во црквата Св. Софија a посетителите ќе бидат побогати за уште едно големо уметничко…

повеќе...

Коробеиников и Књазев воодушевени од „Света Софија“ и од публиката на „Охридско лето“

Рускиот пијанист Андреј Коробеиников  и виолончелистот Александар Књазев кого критичарите го нарекуваат најмоќниот виолончелист на светот синоќа во црквата „Света Софија“ приредија неповторливо доживување за публиката на „Охридско лето“. Двајцата познати руски музичари кои настапуваат на светските музички сцени и освојуваат награди и признанија, по синоќешниот концерт изјавија дека се воодушевени од амбиентот во кој го одржа концертот. „Премногу сум среќен што повторно настапувам на ова посебно место на планетава и на овој фантастичен фестивал којшто се одржува по 55-ти пат каде досега настапувале Рихтер, Ростропович, како и годинава Иво…

повеќе...

Вечерва концерт на виолончелистот Александар Књазев и пијанистот Андреј Коробеиников од Русија

Во рамките на „Охридско Лето“, вечерва со почеток во 21:00 часот во црквата Св.Софија концерт ќе одржат  виолончелистот Александар Књазев и пијанистот Андреј Коробеиников, двајцата од Русија. Александар Књазев критичарите го сметаат за еден од најмоќните виолончелисти во светот. Постојано е активен на светските музичките сцени, соработувајќи со диригенти како Александар Ведерников, Мстислав Ростропович, Јуриј Темирканов, и оркестри како што се Оркестарот на Би-би-си во Лондон, Баварскиот радио симфониски оркестар, Симфонискиот оркестар на Гетеборг, Симфонискиот оркестар на Балтимор, Токискиот симфониски оркестар, Прашката филхармонија, Државниот академски симфониски оркестар на Русија и многу други. Соработувал…

повеќе...

„Неопланта“ ја воодушеви публиката во предворјето на Света Софија

На сцената во предворјето на Света Софија синоќа актерите од Новосадско позориште имаа фасцинантна изведба која публиката долго ќе ја памети. Феноменалната актерска екипа и естетиката на Андраш Урбан оставија силен впечаток со тема која ги крши политичките критериуми за тоа што значи демократија, што значи народ и политички системи, што значи чуството на еден народ кој проаѓа низ различни системи во различни временски периоди. Со претставата „Неопланта“ од Ласло Вегел со која стартуваше драмскиот дел од 55-то јубилејно „Охридско лето“ се оправдаа најавите дека станува збор за силна и…

повеќе...

„Неопланта“ од Ласло Вегел вечерва на Охридско лето

Драмскиот дел од 55. фестивал „Охридско лето“ вечер ќе почне со гостување на Новосадско позориште со претставата „Неопланта“ од Ласло Вегел во режија на Андраш Урбан. Селекторот на драмската програма Ѓорѓи Јолевски на денешната прес-конференција „Неопланта“ ја оцени како најиграната, најсилната и најмоќната претстава, која ги крши политичките критериуми за тоа што значи демократија, што значи народ и политички системи, што значи чуството на еден народ кој проаѓа низ различни системи во различни временски периоди. „На сцената на Долни Сарај ќе биде изведена една фасцинација која сум сигурен дека нема…

повеќе...

Свечено отворено 55-то издание на фестивалот „Охридско лето“

Со изведба на сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, на ансамблот Ла фура делс Баус од Шпанија, под диригентската палка на Хозеп Висент, а во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија, синоќа на сцената на Античкиот театар во Охрид свечено беше отворено 55. издание на најголемата музичко-сценска манифестација – Фестивалот „Охридско лето“. На сцената се појавија повеќе од 150 изведувачи, а освен музички, беа вклучени и видеоефекти, вода, воздух, оквири. Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој како покровител на манифестацијата го прогласи за…

повеќе...

Свечен прием кај претседателот Иванов за членовите на „Ла Фура дел Баус“ и организаторите на „Охридско лето“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Вилата „Билјана” во Охрид ги прими организаторите на фестивалот „Охридско лето”, како и светски познатите уметници од продукциската куќа „Ла Фура дел Баус“ која вечерва со сценската кантата „Кармина Бурана“ ќе го отвори годинешното 55-то фестивалско издание. На средбата на која присуствуваа директорката на фестивалот Елизабета Јанкуловска и селекторите на музичката и драмската програма Гордана Јосифова –Неделковска и Ѓорѓи Јолевски, претседателот Иванов беше запознаен со уметниците кои вечерва на Антички ќе приредат голем спектакл. Претседателот Иванов, големите уметници ги запозна со убавините…

повеќе...

Од вечерва сите патишта на уметноста водат кон „Охридско лето“

Најголемата музичко-сценска манифестација во Македонија и пошироко, фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворена вечерва во кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф во изведба на шпанската продукција „Ла Фура дел баус“. Свеченото отворање е закажано во 21 часот на Античкиот театар во Охрид. Заедно со шпанскиот состав на стандардната фестивалска сцена ќе настапат Оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија. Како што најави директорката на фестивалот „Охридско лето“ годнава во текот на 40-те вечери колку што трае манифестацијата, ќе биде собиралиште на најпознатите уметници и врвни театарски куќи и…

повеќе...