А-Капела и модерен Битбокс донесоа „Белите вонземјани“ на Антички театар

Првата августовска вечер на 54-тото издание на „Охридско лето“ уште долго ќе се памети. Публика од различни генерации синоќа го наполни Античкиот театар во Охрид и уживаше во исклучително добриот вокално-театарски перформанс што го приреди светската атракција која доаѓа од Израел, „Вока Пипл“. Извонредна комбинација од вокални звуци и а-капела пеење споени со модерниот битбокс кој ги емитира звуците на оркестарот, на труба, тапани, гитари и други инструменти, и сето тоа надополнето со различни музички ефекти. „Вока Пипл“ успеаја да ја анимираат публиката во Охрид изведувајќи и хумористични елементи во…

повеќе...

Изложбата „Големото срце и ум на Вангел“ вечерва и утре на Охридско лето

Изложбата „Големото срце и ум на Вангел“ , вечерва со почеток од 23 часот па се до 2 часот после полноќ ќе биде отворена во рамките на годинешнава програма на Охридско лето. Ликовните дела од познатиот охридски уметник Вангел Наумовски ќе бидат изложени во неговата семејна куќа, Охридска порта Љубица. За делата на Наумоски може да се каже дека се извонредно прифатени од стручната јавност, со многубројни критички осврти во кои се воспева неговиот опус. Според д-р Кирил Темков, Охрид даде неколку личности што се од големо значење за светот…

повеќе...

Режисерот Маџели покажа дека е и извонреден актер

Со дела на познатиот македонски композитор, охриѓанецот Љупчо Константинов, синоќа во Заливот на коските кај Градиште, актерите на Црногорскиот народен театар од Подгорица ја изведоа претставата „Његош и ја“. На отворената сцена, комплетниот автор на проектот, италијанскиот режисер Паоло Маџели, уште еднаш покажа дека освен добар режисер, е и извонреден актер. „Претставата е всушност патување низ Црна Гора во кое се споредуваат некои мои тогашни и сегашни политички чувства напрема овој свет,или ако сакате, во еден дијалектички однос со еден свет кој според мене, неправедно се променил. Ми се чини…

повеќе...

На „Охридско лето“ претстава за Његош, но и од поинаков, нестандарден агол

Претставата „Његош и јас“ ќе ја изведе Црногорскиот народен театар од Подгорица вечерва во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Оваа претстава, како што истакна нејзиниот автор, Паоло Маџели, се реализира по 37 години откако е напишана. „Таа е всушност патување низ Црна Гора во кое се споредуваат некои мои тогашни и сегашни политички чувства напрема овој свет,или ако сакате, во еден дијалектички однос со еен свет кој според мене, неправедно се променил. Ми се чини дека сите ние многу малку водиме сметка за вчера, и со тоа не водиме сметка…

повеќе...

„Охридско лето“ синоќа во знакот на барокната музика

Дела од познати и помалку познати композитори изведе синоќа на „Охридско лето“, камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија. Програмата се одвиваше под диригентската палка на маестро Емилио Перцан за кого највозбудлив дел е последниот стадиум од италијанската барокна музика што ја диригирал и свирел претходно и со други ансамбли надвор од Македонија. За него, соработката со „Охридско лето“ е мошне важна, а последниот негов настап на овој фестивал беше во 2007 година со неговиот музички состав од Германија. Оркестарот на Музичката младина на Македонија настапува по 29-ти пат на…

повеќе...

Охридско лето“ стана почесен член во фондацијата „Томислав Зографски“

Претседателот на Фондацијата „Томислав Зографски“, Панда Зографска-Беличанец, изрази благодарност до Охридско лето, институција која дава внимание и простор за величање на творечкиот опус на Томислав Зографски и одбележување на јубилејот, 80-годишнината од раѓањето на Зографски, еден од основположниците на македонската композиторска школа. „Зографски е врзан за „Охридско лето“ уште од најраниот творечки период, уште од 1965 година кога на петгодишниот јубилеј на фестивалот, заедно со маестро Ловро Маточиќ ја изведоа неговата „Фантазија Корале““, истакна Зографска-Беличанец. Во знак на благодарност, Зографска-Беличанец на директорката на „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска и предаде Повелба…

повеќе...

Охридската публика се потсети на делата од Зографски

„Суита за пијано“, „Песна за виолина“, „Песни за Јакшини“, „Рапсодија за виолина и пијано“, „Инвенција“, „Црешов цвет“ и „Cantogas“ беа композициите од истакнатиот македонски композитор Томислав Зографски што беа изведени синоќа на „Охридско лето“. Дел од творечкиот опус на основоположникот на македонската композиторска школа го изведоа истакнати уметници, но и помладата генерација изведувачи, по повод 80-годишнината од неговото раѓање. „Заложбите на фестивалот „Охридско лето“ одат дотаму што композициите од македонските автори, се изведуваат не само од страна на македонски изведувачи и оркестри, туку и од странски ансамбли и уметници. Доказ…

повеќе...

Утревечер концерт на музичката младина на Македонија под диригентската палка на Емилио Перцан

Утре во црквата „Света Софија“ концерт ќе одржи Оркестарот на Музичката младина на Македонија под диригентската палка на Емилио Перцан. Како солисти ќе се појавуваат младите музичари – членови на оркестарот, а на концертот ќе учествува и германската чембалистка Тамила Галиева. Музичката младина на Македонија е национална невладина организација која работи преку, со и за млади луѓе, развивајќи ја нивната креативност и поддржувајќи го нивното почетно јавно претставување на полето на музичката уметност. Досега има направено повеќе од 9.000 манифестации, концерти, мајсторски курсеви, курсеви за млади менаџери во културата, привлекувајќи…

повеќе...

Кинеско-Германското ДУО и ги пренесе лириката и емоциите на публиката на Охридско лето

Уште еден незаборавен концерт се одржа во рамките на „Охридско лето“ а го приредија кинескиот виртуоз на виолина Нинг Фенг и германскиот пијанист Томас Хопе. Уметникот со изразена лирика, при вечерашаната изведба и ги пренесе емоциите и на публиката во „Света Софија“ која не го криеше задоволството што еден ваков уметник им оддаде голема чест и внимание. Кинескиот Паганини во пијано придружба на германскиот пијанист Томас Хопе, изведе дела од Шуберт, Моцарт, Паганини, Глазунов, Парт и Кронголд.  „За првпат на фестивалот, а и во Македонија настапува „Кинескиот Паганини“ кој со…

повеќе...

Концертите на интернет – успешна приказна на Охридско лето

Дел од настаните на годинешново издание на програмата на фестивалот „Охридско лето“ ќе бидат пренесувани во живо. Сите љубители на музичката уметност, кои нема да се во можност да присуствуваат во акустичната црква Света Софија , ќе може да уживаат преку преносот на интернет. Утрешниот концерт со наслов „Од творечкиот опус на композиторот Томислав Зографски (1934-2000) – кон 80 години од раѓањето“ како и концертот ден потоа на оркестарот на Музичката младина на Македонија кој исто така е во црквата Света Софија во стандардниот термин од 21 часот ќе може…

повеќе...