Новинарот Свето Стефановски му подари уметничка слика на Дуке Бојаџиев

Група редовни проследувачи на концертите на фестивалот „Охридско лето“, воедно и пријатели на познатото композиторско семејство Бојаџиеви, денес му подарија уметничка слика од Свето Стефановски, на светски афирмираниот музички уметник, по потекло од Македонија, Дуке Бојаџиев.  Бојаџиев, утревечер на Антички театар ќе го изведе фантастичниот проект „Сон, верба, љубов“, кој се очекува како врвен спектакл од програмата на јубилејното, 55. „Охридско лето“. Синоќа, Бојаџиев, со истиот проект, настапи на Хераклеја во Битола, а по Охрид, заедно со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, ќе се пресели во престижниот „Карнеги хол“ во…

повеќе...

Концерт на Дуке Бојаџиев утревечер на „Охридско лето“

Концерт за публиката на „Охридско лето“ ќе одржи светски познатиот музичар Дуке Бојаџиев, утревечер на Антички театар со почеток во 22 часот и 30 минути. Дуке Бојаџиев е композитор на филмска музика, музички продуцент и пијанист со живеалиште во Њу Јорк. Роден и растен во Македонија, Дуке почнал да свири пијано од мали нозе. Огледувајќи се на својот татко, кој успешно балансирал помеѓу двете кариери- музиката и медицината, Дуке завршува медицина истовремено негувајќи ја својата страст кон музиката. Неговата одлука професионално да се бави со музика го носи на Музичкиот…

повеќе...

Хорот „Света Злата Мегленска“ ги исполни срцата на публиката во „Света Софија“

Концертот на хорот „Света Злата Мегленска“ кој се одржа синоќа во црквата „Света Софија“ под диригентство на Летка Димовска- Полизова имаа можност да го проследат во живо и сите љубители на музичката уметност преку веб-страната на „Охридско лето“, кои не беа во можност да присуствуваат во акустичната црква. Овој реномиран хор и понуди на публиката уште една прекрасна фестивалска вечер. Женскиот хор „Св.Злата Мегленска“ исполни повеќе композиции од македонски и странски автори. Овој хор­ски ан­самбл, кој по­стои 19 го­ди­ни, има по­ве­ќе од 670 на­ста­пи низ све­тот, а мно­гу од овие…

повеќе...

Уметничката Илина Арсова ги оживеа мртвите материјали

Давајќи им креативна димензија на веќе изумрените материјали, уметникот Илина Арсова преку нејзината излоѓба синоќа на „Охридско лето“ ја пренесе глобална порака за подигнување на еколошката свест кај народот- спас на планетата Земја и зачувување на природното и културно наследство на Охрид. Авторката Арсова низ низа колажи и слики уште еднаш го покажа својот емотивен спој на природата и уметноста. Нејзините колажи се создавани во текот последните две години од разни отпадни материјали кои најчесто ги преплавуваат нашите подруми и тавани. Таа буквално го претвора целиот свој личен отпад во…

повеќе...

Концертот на хорот „Света Злата Мегленска“ вечерва во живо и на интернет

Концертот на хорот „Света Злата Мегленска“, кој ќе се одржи денеска во црквата Св.Софија со почеток од 21:00 часот, под диригентство на Летка Димовска- Полизова а во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе може да се следи во живо на веб страната на Охридско лето, www.ohridskoleto.com.mk. Сите љубители на музичката уметност, кои нема да се во можност да присуствуваат во акустичната црква , ќе може да уживаат преку преносот на интернет во делата од домашното и светско хорско творештво.

повеќе...

„Стари времиња“ – премиера на Охридскиот народен театар

Премиерното прикажување на претставата „Стари времиња“ од Харолд, Пинтер, во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на Народниот театар од Охрид, ќе се случи вечерва на „Охридско лето“. Претставата ќе се одигра на отворената сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Нобеловецот за литература, Харолд Пинтер, препознатлив по својот исклучително оригинален начин на пишување, често нарекуван од критичарите „Пинтеризам“, со своите лик и дело претставува икона на современата драма. Тој во своите дела секогаш се повикува на минатото, како клучен фактор за последиците и…

повеќе...

Виртуозна моќ и суптилна интерпретација донесоа Солозобова и Броневецки на „Охридско лето“

Неповоторливо доживување и понудија на публиката на „Охридско лето“ виолинистката Марија Солозобова и пијанистот Владик Броневецки.  Двајцата уметници кои настапуваат на најпрестижните концертни подиуми потсетија напознати дела од Јоханес Брамс, Петар Илич Чајковски и Камиј Сен-Санс. И овојпат, како и на секој концерт на класична музика што се одржува во „Света Софија“ во рамки на „Охридско лето“, публиката ја исполни акустичната црква и уживаше во звуците на виолината и пијаното. Солозобова донесе комбинација од виртуозна моќ, креативна спонтаност и елеганција, а нејзиниот колега, а Броневецки „префинета техника“ и „суптилна интерпретација“,…

повеќе...

Концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ на „Охридско лето“

Целовечерен концерт на женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ под диригентство на Летка Димовска- Полизова ќе се одржи вечерва во 21 часот, во црквата „Света Софија“, во рамките на фестивалот „Охридско лето“. На програмата ќе прозвучат дела од домашното и светско хорско творештво. „Добра практика изминатите децении беше во рамките на фестивалската програма да има барем еден хорски концерт. И оваа година ваквата традиција ќе биде запазена, со настапот на женскиот хор „Св.Злата Мегленска“, на патрониот ден на Св. Климент Охридски, ќе исполни повеќе композиции од македонски и странски автори.…

повеќе...

Концерт за виолина и пијано вечерва на „Охридско лето“

Виолинистката Марија Солозобова и пијанистот Владик Броневецки вечерва ќе одржат концерт во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Тие ќе настапат во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Марија Солозобова е една од највпечатливите виолинистки на својата генерација. Нејзината кариера е во постојан подем. Активно настапува во некои од најпрестижните сали во светот како „Викторија хол“ („Victoria Hall“) во Женева, „Тонхале“ („Tonhalle“) во Цирих, „Концертхаус“ („Konzerthaus“) во Виена, Големата сала на Конзерваториумот „Чајковски“ во Москва и други, каде што соработувала со голем број еминентни диригенти, меѓу кои Владимир Спиваков,…

повеќе...

Карамазов повторно музицираше за публиката на „Охридско лето“

Познатиот хрватски уметник Един Карамазов синоќа и приреди незаборавно доживување на публиката на фестивалот „Охридско лето“. Овој харизматичен музичар, кој смело ги истражува крајните граници на двата инструмента што ги владее – гитарата и лаутата долови дела од Питер Скулторп, Лео Брауер, Арво Парт, Фернандо Сор, Агустин Бариос и Астор Пјацола.  Карамазов е еден од најинтересните и највозбудливи свирачи на лаута, кој собра одлични критики низ Европа и Америка за својата виртуозност при изведбата на широкиот репертоар, кој се протега од 16 век па се’ до денес. Тој ја започнал…

повеќе...