Во рамките на „Младото театарско Охридско лето“ кое првпат годинава стартува на фестивалот „Охридско лето“, вечерва ќе биде прикажана монодрамата „Дневникот на Лудиот“ од Николај Василевич Гогољ. Сценографијата и режијата на оваа претстава ги направи композиторот Марјан Нечак. Во неа учествуваат двајца негови соработници, Озрен Грабариќ и Марин Лукановиќ. „Станува збор за моноопера или за една современа музичка претстава во којашто главниот музички протагонист се изразува и со пеење и со текст. Нешто што кај нас е непознато. Музичкиот театар во моментов е најразвиен и најраспростран во Белгија, Холандија, Франција…
повеќе...Tag: охридско лето
Искрени аплаузи за пијанистот Погорелиќ од публиката на „Охридско лето“
По прекрасниот концерт на хрватскиот пијанист Иво Погорелиќ што се одржа синоќа во црквата „Света Софија“ вечерва тој повторно ќе настапи во оваа црква во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Публиката уживаше во неговиот настап за што сведочеа бројните бисеви, но заради огромниот интерес, овој извонреден светски уметник, по напорите на фестивалската дирекција и вечерва ќе одржи концерт за тие што вчера не успеаја да влезат во „Света Софија“. Синоќа голем беше и бројот на гости од странство кои специјално дојдоа во Охрид токму поради концертот на Погорелиќ. Резервации имаше…
повеќе...Младо театарско Охридско лето: Утревечер Монотеатарска опера „Дневникот на лудиот“
Во рамките на „Младото театарско Охридско лето“ кое првпат годинава стартува на фестивалот „Охридско лето“, утревечер ќе биде прикажана монодрамата „Дневникот на Лудиот“ од Николај Василевич Гогољ. Сценографијата и режијата на оваа претстава ги направи композиторот Марјан Нечак. Во неа учествуваат двајца негови соработници, Озрен Грабариќ и Марин Лукановиќ. „Станува збор за моноопера или за една современа музичка претстава во којашто главниот музички протагонист се изразува и со пеење и со текст. Нешто што кај нас е непознато. Музичкиот театар во моментов е најразвиен и најраспростран во Белгија, Холандија, Франција…
повеќе...Хаџи-Николов: Охрид после Скопје е град каде најмногу сум ги изложувал моите слики
Македонскиот сликар Стефан Хаџи-Николов синоќа во рамки на фестивалот „Охридско лето“ ја отвори својата 60-тата самостојна изложба под наслов „Светлина од минатото“. Како што истакна Никола Николовски, историчар на уметност и кустос во Заводот за заштита на спомениците и музеј во Охрид, Стефан Хаџи-Николов има оставено посебен печат врз уметноста во Република Македонија во последните три децении. „Со неговиот особен талент и со неговиот прекрасен пристап кон уметноста, како и преку неговите изложби се има наметнато како на македонската публика, така и на публиката во околните земји“, рече Николовски. Уметникот…
повеќе...Битолскиот народен театар ги долови опојните ефекти на моќта и копнежот преку трагедијата „Антоние и Клеопатра“
Традиционалните гости на „Охридско лето“, актерите од Битолскиот народен театар синоќа ја донесоа шекспировата трагедија „Антоние и Клеопатра“ на 55-тото фестивалско издание. Публиката уживаше во извонредната актерска игра на Валентина Грамосли и Петар Горко кои многупати досега ги имаат играно ликовите од драмите на Вилијам Шекспир. „Пред 20 години како премиера на „Охридско лето“ ја изведовме „Ромео и Јулија“ во која првите Ромео и Јулија бевме јас и мојот колега Петар Горко. И по 20 години двајцата повторно ќе се претставивме пред охридската публика, но овој пат како Антоние и…
повеќе...Концерт на пијанистот Иво Погорелиќ вечерва на Охридско лето
Еден од најголемите и најконтроверзните пијанисти на своето време, Иво Погорелиќ вечерва ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Овој пијанист во текот на осумдесеттите години од минатиот век ја фасцинира светската јавност со своите интерпретации на Шопеновата музика, но и на онаа од другите светски композитори. Македонската публика повеќе пати имаше можност да го слушне извонредниот хрватски пијанист Иво Погорелиќ, и со нетрпение го очекува неговиот концерт на „Охридско лето“. Роден е во Белград, каде што на 7-годишна возраст започнува да го изучува пијаното. На 12 години…
повеќе...Блондел: Идејата за „Антоние и Клеопатра“ ја добив пред три години на „Охридско лето“
Под отвореното небо на сцената „Долни Сарај“, Битолскиот народен театар вечерва на „Охридско лето“ ќе ја одигра театарската претстава „Антоние и Клеопатра“, на текст од Вилијам Шекспир, а во режија на Џон Блондел. Народниот театар од Битола како што кажа директорот на оваа национална установа Благој Мицевски, традиционално учествува на „Охридско лето“ и со задоволство ги игра претставите пред фестивалската публика. „Со задоволство вечерва ќе имаме можност пред публиката во Охрид на Долни Сарај да ја прикажеме нашата најнова претставата „Антоние и Клеопатра“. Во превод на Драги Михајловски првпат ќе…
повеќе...Пејзажи на Стефан Хаџи-Николов на Охридско лето
Во рамките на Фестивалот „Охридско лето” вечерва во 20 часот, во куќата на Робевци ќе биде отворена јубилејната 60-та по ред самостојна изложба на реномираниот Македонски сликар Стефан Хаџи-Николов. Хаџи-Николов кој за 6-ти пат самостојно се представува во Охрид ќе изложи 30 слики работени во техника масло на платно. Препознатлив по фигуративното сликарство на изложбата ќе бидат изложени 15 дела со фигуративна тематика како и 15 дела од циклусот „Пејзажи на душата”. Сликите се создавани во последните три години. Изложбата ќе биде отворена до 5-ти август.
повеќе...Извонредното „Киев пијано дуо“ вечерва настапува на „Охридско лето“
Украинското „Киев пијано дуо“ составено од извонредните пијанисти Олександра Зајцева и Дмитро Таванец, вечерва ќе одржи концерт во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Двајцата млади пијанисти досега има настапувано во повеќе земји во Европа. Нивните концерти секогаш се проследени со возбуда и воодушевување од слушателите. Освен редовните концертни настапи, ова дуо со години наназад учествува и на некои од најпрестижните натпревари во Европа, освојуваjќи голем број награди. Покрај изведувачката дејност, Олександра и Дмитро се јавуваат и како организатори и уметнички директори на…
повеќе...„Многу врева за ништо“ ја прикажа вечната борба помеѓу животната добрина и расипништвотo
Народниот театар од Сомбор, Србија синоќа на фестивалот „Охридско лето“ ја одигра претставата „Многу врева за ништо“ од вечно актуелниот Шекспир а во режија на Ана Ѓорѓевиќ. Тие час лудуваа, час се шегуваа, час ги исмеваа глупавите недоразбирања и перверзијата, но и изразуваа воодушевување од човечката убавина и ја покажаа животната радост. Иако според Драгана Бошковиќ, одговорен уредник на драмската програма на Јавниот сервис на Србија и театарски критичар, во шекспировите текстови, во неговите комедии и трагедии нема ништо лесно за актерите, сепак членовите на Народниот театар од Сомбор покажаа…
повеќе...