Утре и задутре прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека утре поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево-Охрид помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15-20 минути, помеѓу 14-15 часот. Во сабота (11-ти јули), поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево-Охрид кај Извор сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15-20 минути, помеѓу 16-17 часот.

повеќе...

Едночасовен прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Поради изведување работи на пат ( минирање ) на патот А2 Кичево – Охрид кај месноста викана Лавчански корита, денес во период од 16:00 до 17:00 часот ќе има прекин во сообраќај во траење од 15 до 20 минути.

повеќе...

Од утре почнува режимот за тешки товарни возила на патот Скопје – Охрид – Скопје

Од АМСМ информираат дека од утре (среда) ќе започне примена на времениот режим на сообраќај во летниот период од први јули  до 7 до 01.09 први септември на магистрален пат А2 делница, Скопје – Охрид – Скопје, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 7,5 тони. Забраната ќе важи во петок од 15.00 до 22.00 часот, сабота од 07.00 до 12.00 и од 18.00 до 24.00 часот, недела од 07.00 до 22.00 часот.

повеќе...

Утре двочасовен прекин на сообраќајот на патот Пресека-Врбјани

Утре на патниот правец А2 Кичево – Охрид (Пресека – Врбјани) поради изведување градежни работи (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин од 15:00 до 17:00 часот.

повеќе...

Утре и задутре едночасовен прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Од АМСМ информираат дека утре и задутре (четврток и петок), сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Лавчанско речиште, ќе биде во прекин од 16.00 до 17.00 часот, поради изведување градежни работи (минирање).

повеќе...

Во понеделник прекини во сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево–Охрид помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани, во понеделник, 22-ри јуни во период од 12.00 – 14.00 часот (прв термин) и 15.00-17.00 часот (втор термин) ќе има прекини во сообраќајот во траење од 15 до 20 минути.

повеќе...

Пуштени во употреба реконструираниот пат Елешец-Елшани и новиот водоводен систем

Претседателот на Владата на Р. Македонија, Никола Груевски и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска свечено го ставија во употреба реконструираниот пат Елешец – Елшани во должина од 2 258 метри и новиот водоводен систем со нов резервоар за вода во село Елшани со капацитет од 100 метри кубни и нова водоводна мрежа во должина од 2 200 метри . Со ваквите инфраструктурни зафати Владата на Р. Македонија и општина Охрид битно допринесуваат во градење подобар живот во Елшани и создавање сериозни услови за развој на руралниот туризам. Премиерот Никола…

повеќе...

Груевски: Во јули почнува изградбата на патот Битола-Ресен до превојот Буково

Патот Битола-Ресен до превојот Буково е во завршна фаза на подготовки за негова реализација. Се прибраат понудите и се врши евалуација. Некаде за две до три недели од сега би требало да биде потпишан договорот за негова изградба, а потоа, во втората половина на јули ќе почне изведување на градежните работи. Тоа е наше ветување и ние се придвижуваме кон реализација на тоа ветување, истакна премиерот Никола Груевски. Претседателот на Владата на Република Македонија Груевски го појасни и процесот на изградба на социјални станови за лица приматели на социјална помош…

повеќе...

Свечено ќе биде пуштен во употреба реконструираниот пат Елешец – Елшани

Утре, 14-ти јуни(недела),  во охридското село Елшани, со почеток во 13 часот и 30 минути свечено ќе биде пуштен во употреба реконструираниот пат Елешец-Елшани. На свеченоста,  ќе присуствува и претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски. Патот е во должина од 2. 258 метри и ширина во просек од 4 метри. Изведувач на градежните активности е АД „Илинден “ од Струга,  а вкупната вредност е околу 7. 610.000 денари.

повеќе...

Извештај од консултативен состанок со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за експресниот пат Охрид – Пештани

ЕБОР како финансиер на предложениот експресен пат Охрид-Пештани (предвидена вредност: 50 милиони евра) оваа недела организираше серија консултативни состаноци со невладиниот сектор и со локалната власт. Состанокот го водеа локални претставници од ЕБОР, како и виш службеник од Одделот за животна средина и одржливост/седиште на ЕБОР во Лондон, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) – изработувач на предлог-проектоти тим експерти најмени од ЈПДП. Предлог-проектот го презентираше вработен од ЈПДП Македонија. Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ беше поканета на состанокот со НВО секторот. На состанокот покрај Иницијативата беа присутни и претставници од…

повеќе...