Делегација на Општина Охрид во посета на Поградец

Делегација на општина Охрид, составена од советниците Љупчо Настоски, Кујтим Усени и Виолета Мицкоска, присуствуваше на свеченото одбележување на почетокот на туристичката сезона во Поградец, Република Албанија. Веќе неколку години, властите во Поградец ја организираат оваа манифестација со која симболично го означуваат почетокот на летната сезона, преку различни настани и активности кои ги поврзуваат двете општини.

повеќе...

Утре во Поградец – состанок на Прекуграничната платформа за заштита на регионот на Охридско Езеро

Утре (7-ми март) во Поградец, Албанија, ќе се одржи состанок на Прекуграничната платформа за заштита на регионот на Охридско Езеро, во рамките на УНЕСКО проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на регионот околу Охридското Езеро. Целта на прекуграничната платформа е да ја интензивира соработката на прекугранично ниво меѓу Македонија и Албанија на различни нивоа т.е. помеѓу централните, локалните власти и секторите за туризам, урбано планирање, култура и животна средина. Целта на конкретниот состанок е да се идентификуваат сите можности за мониторинг врз животната средина и биодиверзитетот со што…

повеќе...

Работна средба на градоначалниците на Охрид и Поградец

Градоначалникот, Никола Бакрачески, денеска во Охрид оствари работна средба со градоначалникот на албанскиот град Поградец , Едуард Капри. На средбата беше заклучено дека неопходна е поголема соработка меѓу општините, Охрид од македонска и Поградец од албанска страна во делот на заштита на Охридското Езеро во насока на заедничко привлекување средства од Европски фондови или Влади како и градење на заедничка платформа за развој на туризмот. Наредниов период се очекува двајцата градоначалници да потпишат меморандум за соработка и формирање комитет со две комисии по што се предвидува одржување на континуирани состаноци…

повеќе...

Работна сесија во Проектот за интегрална заштита на природното и културното наследство на Охридскиот регион , УНЕСКО / ЕУ

Од 7ми до 10ти декември во Поградец на брегот на Охридско Езеро од албанската страна ќе се одржи тематска тренинг сесија во рамките на проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на Охридскиот регион поддржан од УНЕСКО и Европската унија. Главната цел на оваа сесија ќе биде да се нотираат главните опасности и предизвици кои имаат ефекти врз состојбата на Охридското Езеро и засилување на прекуграничната соработка, зајакнување на ефектите од управувањето, како и идентификување и згрижување на природното и културното наследство во Охридскиот регион. На работната сесија…

повеќе...

Охрид, Струга и Поградец ќе бидат презентирани во Визмар-Германија

Туристичките потенцијали на крајезерските градови Охрид, Струга и Поградец, во месец февруари идната година, ќе бидат презентирани во Визмар во Германија. Ова беше најавено на денешната средба на заменик градоначалникот Ангел Јанев и претставникот на Секторот за туризам и локален економски развој Горан Мицкоски со Фридер Вајнхолд, претседател на Христијанската хуманитарна организација од Визмар во Германија. Во рамките на промоцијата, како што беше речено на средбата, би се одржале средби со раководството на Визмар, град кој исто како и Охрид е под заштита на УНЕСКО, а се планира и потпишување…

повеќе...

Започна Проектот за ставање на албанската страна околу Охридско Езеро под заштита на УНЕСКО

Во Поградец, Албанија започна со реализација Проектот на ЕУ и УНЕСКО попознат како Проект за ставање на албанската страна на регионот околу Охридско Езеро под заштита на УНЕСКО. Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро е нотиран како основа и партнер за проектот во компонентата за зајакнување на прекуграничната соработка клучна за резултатите на Проектот. Утврден е и работен план со кој треба да се исполнат целите на Прооектот до 2017 година. Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат одржа презентација пред претставниците на УНЕСКО во која ги презентираше начинот на воспоставување…

повеќе...

УНЕСКО проект – Интегрално управување со природното и културното наследство на регионот на Охридското Езеро

На 15 и 16. Септември, во Поградец на брегот на Охридско Езеро ќе стартува со имплементација Проектот за Интегрално управување со природното и културното наследство на регионот на Охридското Езеро, финанасиран од ЕУ и УНЕСКО. Проектот е дизајниран да ги посочи главните критични точки околу заштитата на природното и културното наследство во регионот. Исто така цел е да ја зајакне прекуграничната соработка во овој дел, да ги зајкне капацитeтите за заедничко управување и да поддржи интегрирано управување и прекугранична секторска соработка. Финално, целта на проектот е ставање на албанската страна…

повеќе...