Охридско Лето во нов дом – Модерен простор со префинет дизајн

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска беа дел од свеченоста по повод отворањето на новите простории на фестивалот „Охридско лето“. Како што нагласи министерката Канческа-Милевска, од буџетот на Министерството за култура биле издвоени 1,6 милиони денари за уредувањето на новите работни простории на фестивалската дирекција. „Со реновирањето на овој простор, националната установа „Охридско лето“ добива комплетно нов и модерен простор со префинет дизајн, кој овозможува поблиска комуникација со сите пријатели, спонзори, помагатели, уметници, соработници и претставници на средствата за информирање кои мошне активно и…

повеќе...

Пуштени во употреба реновираните простории во ОУ „Братство-Единство“

Во Основното училиште „ Братство Единство“ денеска беа ставени во употреба реновираните простории на училишните згради во Крст џамија и Лескајца , што е дел од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, а се имплементира преку Македонскиот центар за граѓанско образование. На свеченоста, што се одржа во училишната зграда во Лескајца , лентата ја пресекоа и реновираните простории ги пуштија во употреба градоначалникот Никола Бакрачески, Дејвид Кокс од канцеларијата за одбрамбена соработка во амбасадата на САД во Република Македонија и Муамер Доко директор на ОУ „ Братство Единство“…

повеќе...

Каталог за државните деловни простории кои се на продажба

На веб страницата на Министерството за транспорт и врски е објавен каталог со податоци за 100 државни деловни простории во 19 градови низ државава, што се огласени на продажба преку јавно електронско наддавање. Во каталогот има информации за локацијата, квадратурата и почетната цена на објектите, како и фотографии. Стоте објекти, за кои беше објавен оглас за продажба на 12 овој месец, се први од вкупно 1.000 државни деловни простории коишто Владата одлучи да ги продаде на барање на приватниот сектор. Почетната вредност на 100-те деловни објекти се проценува на 5…

повеќе...

На продажба 1.000 државни деловни простории

Со цел унапредување на можностите за бизнис заедницата и создавање на услови за поефикасно стопанисување со просторот, и како одговор на барањата на бизнис заедницата, Владата на Република Македонија ја започнува постапката за продажба на деловен простор кој е во сопственост на Република Македонија, информираше на денешната прес-конференција, портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев. „Се започнува со операционализација на една активност, која е резултат на подолг дијалог со бизнис заедницата, и за која најпрвин беа направени законски измени и решенија, потоа се пристапи кон анализа на расположливиот простор, проценка…

повеќе...

Акција за молерисување на просториите во ОУ „Св.Климент Охридски“

Денес во ОУ  „Св.Климент Охридски“ – Охрид се организира акција за молерисување на просториите во училиштето. Во акцијата зедоа учество сите наставници, техничкиот персонал, членови на Советот на родители и родителите. „Во училиштето беа и молерисувани и санирани ходниците и училниците, со цел учениците и првачињата да бидат пречекани во пријатна атмосфера во чисто и весело училиште.“- информира директорот на ОУ„ Св.Климент Охридски“, Јордан Пуроски.

повеќе...