Спортски ден по повод роденденот на Тодор Александров

По повод роденденот на Тодор Александров, 4-ти март (среда), во спортската сала во Велгошти, ќе се одржи Спортски ден. Настанот ќе биде регионален, во кој што ќе се вклучени сите основни и средни училишта од Охрид и од основното училиште од Општина Дебарца. „На овој спортски настан ќе бидат вклучени над 300 деца од регионот. Целта на овој настан е развојот на училишниот спорт. Децата ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини: мал фудбал, кошарка, пинг – понг и шах.“– вели за WebOhrid, директорот на училиштето Ѓоко Чингоски. Стартот на натпреварите…

повеќе...

Охридското Супер радио го прославува 22-иот роденден

Под слоганот „Супер радио не се слуша, Супер радио се сака“, охридското Супер радио денес прославува 22 години од постоењето. Радио Супер важи за една од најпопуларните во Република Македонија и официјално најслушаната локална станица, според анкетата на СРД. Програмата ја емитува на 97.00 во регионот на Охрид и Струга, но и во живо на интернет каде имаат огромен број слушатели од целиот свет. Роденденот го дочекуваат со екипа од дваесетина водители, техничари, Дџ-и и новинари кои произведуваат квалитетна радио програма, која изобилува со одбрана музика, но и информации прилагодени…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на затворањето на Охридско лето

Со претставата „Роденденот на господин Њушиќ“ во изведба на театарот „Звездара“ од Белград, се спушти завесата на годинешното 54-издание на фестивалот „Охридско Лето“. Случувањето се заокружи со коктел на кој присуствуваа видни личности од политичкиот и општествен живот од земјава и странство.

повеќе...

„Роденденот на господин Нушиќ“ за крај на Охридско лето

Со претставата „Роденденот на господин Нушиќ“, од култниот српски автор Душан Ковачевиќ, во режија на Небојша Брадиќ а во изведба на театарот „Звездара“ од Белград, вечерва, со почеток во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, во Охрид, ќе биде спуштена завесата од 54. издание на меѓународниот музичко – сценски фестивал „Охридско лето“. „Роденденот на господин Нушиќ“, всушност, е една интересна биографска претстава со комични елементи. Заплетот почнува дента кога Нушиќ наместо на свечената церемонија во Народниот театар, оди на Скадарлија да ги види своите блиски пријатели. Денот е…

повеќе...

Возбудлив роденден на Охридско лето – Ѓаволските трилери ја кренаа публиката на нозе

Совршен флуид со публиката, искрени аплаузи и трикратно враќање на бис. Таков беше синоќешниот концерт на групата „Гаволски трилери“ кои заедно со светски познатиот виолинист Немања Радуловиќ настапија за 54-от роденден на „Охридско лето“. Филмска музика, музика во нивни аранжман, композиции од славните светски композитори, унгарски чардаш, за на крајот да ја довоодушеват публиката со извонредната македонска „Зајди јасно сонце“. Педесет и четвртиот роденден на оваа најпрестижна музичко-сценска манифестација во Македонија помина во знакот на гудачкиот квинтет од Франција кој уживаше на сцената на Антички театар која според членовите на…

повеќе...

И Немања Радуловиќ ја пресече роденденската торта на Охридско лето

Фестивалот „Охридско лето“ денеска прослави 54 години постоење. Роденденската торта се пресече во присуство на членовите на групата „Ѓаволски трилери“ и светски познатиот виолинист Немања Радуловиќ кои годинава се ексклузивните гости за овој голем ден на фестивалот. Токму со нивниот концерт на Антички ќе се запише уште една успешна година на најголемата манифестација која се потврди како најзначајна културна манифестацја успевајќи да го одржи и чекорот со европските и светските културни токови и се вброи во елитата на најголемите и најзначајни Фестивали во светот. Музичарите на гудачки квинтет од Франција…

повеќе...

„Ѓаволски трилери“ вечерва на Антички – атрактивен настан за роденденот на Охридско лето

Организацијата на фестивалот „Охридско лето“ најавува уште еден посебен музички настан. Имено, вечерва ќе настапи групата „Ѓаволски трилери“ која доаѓа од Франција. Групата ја сочинуваат гудачки квинтет и светски познатиот виолинист Немања Радуловиќ, а нивната цел е да го приближат репертоарот за соло виолина до пошироката публика. Групата редовно настапува на најпрестижните светски фестивали, но исто така тие со задоволство свират и на други алтернативни сцени. Ова е исклучителна можност да се чуе и еден од најпознатите светски виолинисти, кој со своите атрактивни настапи ја воодушевува публиката ширум светот. Српскиот виолинист…

повеќе...

Со роденденска забава одбележан јубилејот – 10 години КК „Колибри“ Охрид

Денеска, во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, Кошаркарскиот клуб „Колибри“ од Охрид со голема роденденска забава го одбележа јубилејот, десет години од формирањето на клубот. Исто така, заедно со новинарите од Охрид беше организиран и хуманитарен концерт за помош на болното 11 годишно момче од Охрид, на кое што му е неопходна операција во Пекинг, а чини 35 000 евра. „Во Спортскава сала „Тодор Александров“ организиравме мини турнир, кој го посветивме на сите активни членови во овој клуб и со тоа сакавме да го одбележиме нашиот роденден. Исто така овој турнир…

повеќе...