Охриѓанец се удави кај Сараиште

Безживотно машко тело, вчера околу 17 часот и 50 минути е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Сараиште“. Телото се наоѓало на дното на езерото на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десетина метри од езерскиот брег. По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е Димитри А. (61 ) од Охрид. На безживотното тело не се забележани траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатиот ќе биде извршена…

повеќе...

Општината со апел до охриѓани да ги отстранат пловните објекти од плажата Сараиште

Општина Охрид, упатува апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат од брегот кај плажата „Сараиште“ со цел навремено средување на плажата која како и мината така и оваа година се очекува да е посетена од бројни охриѓани и туристи. Плажата „Сараиште“ беше средена минатата година по налог на градоначалникот Никола Бакрачески, а на барање на жителите од стариот град. Делот од плажата наменет за сончање доби нов песок, а беа поставени и канти за отпадоци и клупи за седење. На плажата беа поставени две туш- кабини и…

повеќе...

Поради Богојавленските празнувања да се отстранат пловните објекти кај Сараиште

Се известуваат жителите од Стар Град дека поради прославите посветени на празникот Богојавление – Водици и Денот на рибарите неопходно е да ги отстранат пловните објекти од просторот кај Сараште, со што би обезбедиле непречено реализирање на настаните и проток на насобраната толпа народ. Пловните објекти од езерото и крајбрежјето кај Сараиште треба да бидат отстранети на 18ти, 19ти и 20 ти јануари годинава.

повеќе...

Охрид подготвен за Богојавление-Водици

Привршуваат подготовките за одбележување на еден од најголемите христијански празници Богојавление – Водици во Охрид. Во духот на христијанската вера и обичаи во пресрет на празникот веќе се декорирани чаршијата и централното градско подрачје. Охриѓани кои во езерските води ќе скокаат по Чесниот Крст може да се пријавуваат заклучно со понеделник вечер во црквите „Св. Ѓорги“- Горна Влашка Мала, „Св. Никола“- Геракомија, „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско и „Св. Никола“- Долна Влашка Мала. Централната манифестација посветена на празникот е на 19 Јануари. Прославите започнуваат во раните утрински часови со богослужби…

повеќе...

Се уредува и опремува плажата Сараиште

По налог на градоначалникот Никола Бакрачески а на барање на жителите од стар град, периодов интензивно се работи на уредување и опремување на градската плажа Сараиште во стариот дел на Охрид. По претходно расчистување на просторот од пловните објекти, делот од плажата наменет за сончање ќе доби нов песок а ќе бидат поставени и канти за отпадоци и клупи за седење. Теренот веќе се подготвува и се поставуваат инсталации за тушеви и соблекувални. Од година во година плажата Сараиште привлекува бројни посетители и капачи пред се мештани и охриѓани од…

повеќе...