Вчера во 19:30 часот на ГП-Св.Наум на излез од Р.Македонија, поради сторен прекршок по чл.14 од Закон за јавна чистота од страна на полициски службеници, на албанскиот државјанин Ш.И.(33) од Корча – Р.Албанија, му бил врачен платен налог, по што истиот го нарушил ЈРМ со викање и непристојно и дрско однесување, како и постапување спротивно на наредба на полицискиот службеник за забрана да се задржува на ГП. Од извршениот алкотест со „Дрегер“, утврдена било 0,77 промили алкохол во организамот. Во 19.50 часот истиот е приведен и предаден на СВР-Охрид до…
повеќе...Tag: св наум
Изграден видиковец во рамки на црквата Св.Наум Охридски
Општина Охрид во соработка со Месната Заедница од с. Лескоец и Здружението на туристички водичи и придружници „КЕЈ“ – Охрид го изгради Видиковецот во рамки на црквата Св. Наум Охридски во с. Лескоец. Вкупната вредност на проектот финансиран од страна на општината е 110.000,00 денари, а целта е афирмација на просторот, реализирање на културни и едукативни активности, промоција на предностите и просторна ориентација на вредностите. Во реализација на проектот беа вклучени и жителите на с. Лескоец, месната заедница и претставници од црковниот одбор. Изградбата на Видиковецот во с. Лескоец е…
повеќе...Основците од „Св.Наум Охридски“-Пештани настапија на градскиот плоштад
Продолжува дванаесетдневната предновогодишна програма на градскиот плоштад. Во рамки на програмата вечерва пред бројната публика настапија учениците од ОУ „Св.Наум Охридски“ од Пештани со културно – уметничка програма. А.Андриоски
повеќе...Акција за расчистување на магистралните патишта кај делниците Охрид-Подмоље и Охрид-Св. Наум
По налог на комунална инспекција екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ се спроведе акција пред Новогодишните празници за чистење на магистралниот пат Охрид-Подмоље. „Во акцијата беа ангажирани 7 работници од „Јавна хигиена” и беа собрани околу 60-тина вреќи комунален отпад. На потегот од Охрид до Св. Наум се започна етапно чистење каде се ангажирани 4 работници кое ќе продолжи во наредните дена.“– велат од претпријатието.
повеќе...Промовирана монографија за манастирот „Св.Наум Охридски“ од Цветан Грозданов
Колор-монографија за манастирот „Свети Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов, капитално дело кое ги открива милениумските културни и уметнички слоеви на манастирот, еден од блескавите бисери на македонската црковна ризница, е промовирано денеска во Соборниот храм „Св.КлиментОхридски“ во Скопје. Монографијата е во издание на Македонската академија на науките и уметностите и книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје. Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г.Стефан во обраќањето рече дека неоспорно е оти најголемата величина и значење на Свети Наум се состои токму во неговата духовност, во неговата целосна предаденост на Бога и…
повеќе...Монографија за манастирот „Св.Наум Охридски“ од Цветан Грозданов
Колор-монографијата за манастирот „Св.Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов ќе биде промовирана во салата на Соборниот храм на Македонската православна црква Охридска Архиепископија, на 26-ти ноември (четврток) во 13 часот. За најновото дело на познатиот научник ќе говорат поглаварот на МПЦ господин господин Стефан и претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, а поздравна реч ќе одржи Елизабета Канческа – Милевска, министер за култура во Владата на Република Македонија. Монографијата е во издание на Македонската академија на науките и уметностите и Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје. Извор: Нет Прес
повеќе...Отслужена литургија во манастирот „Св.Наум Охридски“ за празникот Собор на Свети Архангел Михаил
Денеска светата Црква го прославува светиот Архангел Михаил и останатите небесни сили. Празник познат како Собор на небесните сили. По тој повод, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот Никола Христоски, свештеникот Владо Недески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа.
повеќе...Света архиерејска литургија за празникот „Собор на Свети Архангел Михаил“
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре во манастирот „Свети Наум Охридски“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на Свети Архангел Михаил“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужба ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
повеќе...Викендов свети архиерејски литургии за претстојните празници
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21-ви ноември (сабота), во манастирот „Свети Наум Охридски“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на свети Архангел Михаил“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 22-ри ноември (недела), во манастирот „Света Петка“ во село Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Преподобна Матрона“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужби ќе има и во…
повеќе...Притвор за полски државјанин – Фатен на граница со украдено возило
На 24.10.2015 година во 09.05 часот на ГП-Св.Наум, за излез од Р.Македонија се пријавило ПМВ “Шкода Фаворит“ со охридски регистарски ознаки управувано од полскиот државјанин З.Х.(51). При извршената гранична проверка било утврдено дека возилото е сопственост на Љ.С.(62) од с.Елшани–Охрид, а странскиот државјанин не поседувал Одобрение за управување туѓо возило и Меѓународно осигурување (зелен картон). Поради основи на сомнение дека се работи за кривично дело „кражба на моторно возило“, полскиот државјанин бил лишен од слобода и приведен во ПС. Во возилото биле пронајдени лични документи на К.С.(39) од Елшани-Охрид. Со…
повеќе...