Семафорот кај Рача често знае да се збуни, а ги збунува и пешаците и возачите. Станува збор за семафорот кој е наменет за пешаците. Наизменично се вклучуваат и исклучуваат и црвеното и зеленото светло, па сето тоа навечер изгледа како лајт-шоу. Погледнете… WebOhrid
повеќе...Tag: семафори
Ставени во функција семафорите кај ОУ „Христо Узунов“
По извршена контрола што СВР Охрид, на шести овој месец ја изврши со надлежните служби од општина Охрид, ставени се во функција светлосните сообраќајни знаци-семафори на раскрсницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“ во Охрид. На овој потег во близина на основното училиште „Христо Узунов“, семафорите ќе работаат во следниве интервали: 15 секунди црвено светло за возачите од сите страни на раскрсницата, а за тоа време зелено светло дозволено за минување на пешаците на сите страни, трепкаво жолто светло за сите возачи во траење од 65 секунди, а за…
повеќе...Проработеа семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“
Денес проработеа семафорите на булеварот „Св. Наум Охридски“, односно на крстосниците кај населбата Рача и Инекс Горица. Поставувањето на овие семафори е со цел подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот. И покрај тоа што сообраќајот на овој патен правец не е толку густ вон-сезона, останува да се види дали семафорите ќе останат вклучени и во текот на зимските месеци. WebOhrid
повеќе...Мерцедес удри во приколка со грозје на „Туристичка“
Денес нешто по 16:30 часот на булеварот „Туристичка“ на крстосницата кај „Мини-маркет“, патничко моторно возило Мерцедес удри во приколка со грозје. Освен предницата од Мерцедесот, материјална штета беше причинета и кај автомобилот со приколката, односно самата приколка од која поголемиот дел од грозјето заврши на самата улица. Сообраќајот беше во мал застој и беше пренасочуван додека траеше увидот од страна на полицијата. Веднаш потоа беа повикани и екипите од комунална хигиена при ЈП „Охридски Комуналец“ кои го собраа грозјето. WebOhrid
повеќе...Семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“ се тип-топ
По објавата на WebOhrid: Дали ќе издржат семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“!? надлежните ја санираа информативната табла. Се очекува наскоро семафорите да бидат ставени во официјална употреба. WebOhrid
повеќе...Општина Охрид доби нови одбројувачи за семафори
Општина Охрид денеска доби на подарок 16 одбројувачи за семафори од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата кои битно ќе допринесат во зголемување на безбедноста во сообраќајот низ охридските улици. Градоначалникот Никола Бакрачески заблагодарувајќи се за добиената донација посочи за нејзината важност пред се за безбедноста на пешаците во сообраќајот. „Претпоставувам дека ова ќе биде една од првите иницијативи, вакви одбројувачи по теркот на она што Западноевропските општества го практикуваат да бидат поставувани на семафорите коишто служат за прегледност на пешаците на пешачките премини. Значи поинаку од она…
повеќе...Поставени семафорите кај Рача, се чека нивно вклучување
Иако патиштата се далеку од готови, семафорите од вечерва „висат“ на крстосницата кај Рача, на Булеварот „Св.Наум Охридски“. Како искуство од сите изминати летни сезони, во Охрид нешто мора да се работи и тоа токму сред сезона. Пред извесно време беа поставени металните конструкции, а прашање на време беше кога ќе се постават и семафорите. WebOhrid
повеќе...Престројување во последен миг
Многу често се случува да се премислиме во последен миг и да се престроиме од една во друга коловозна лента и тоа токму на семафор. Во овој случај, на семафорот кај Охридска банка во Охрид, еден автомобил од Тирана се престрои од една во друга коловозна лента притоа блокирајќи ги и двете. Ваквите ситуации биле и ќе бидат чести, особено во летниот период кога во Охрид се очекуваат многубројни гости од земјава и од соседството кои доаѓаат со свој автомобил. WebOhrid
повеќе...Ставени во употреба семафорите кај ОУ „Христо Узунов“
Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици при општина Охрид, известуваат дека ставени се во функција веќе постоечките семафори на раскрсницата кај ОУ „Христо Узунов“ на која се пресекуваат улиците „Питу Гули“ и “Марко Нестороски“ . На овој простор се воведува и нов режим на сообраќај. Нормалниот режим на сообраќај ќе се одвива на следниов начин: -со трепкање на жолт сигнал за моторни возила а истовремено црвен сигнал за пешаци; -системот овозможува со притискање на тастер на секој столб од семафорите да се запали зелен светлосен сигнал за пешаци,со…
повеќе...