Македонија на 166 место на ФИФА рејтинг листата

Според најновата ФИФА рејтинг листа Македонија се наоѓа на 166 место, откако нашата фудбалска репрезентација забележа пад од -1 место. И повторно, ова претставува ново најниско место за нашата фудбалска репрезентација. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде остануваат Аргентина, Бразил и Германија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Суринам од +9 места се искачи на 120 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Мијанмар од -13 места и се најде на 172 место. WebOhrid

повеќе...

МОК организира висока обука за напреден спортски менаџмент

Македонскиот олимписки комитет (МОК) во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) како и во координација со Националните спортски федерации (НСФ), високо образовните институции, централната и локалната власт како и во соработка со другите спортски институции и организации во Република Македонија, ја започнува процедурата за започнување на едукација на четвртата генерација на учесници на Високата обука за напреден спортски менаџмент на Олимписки спортски организации (ОСО) во Република Македонија. Станува збор за многу обемна едукативна спортска програма која претставува квалитетна теоретско-практична платформа за унапредување на работата на сите заинтересирани страни во спортот.…

повеќе...

ФФМ донираше комплет спортска опрема за женските младински клубови

Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (дресови, копачки, маици, шорцеви, фудбалски топки) на женските клубови во млади категории. Во „Куќата на фудбалот“ донација примија вкупно дванаесет клубови кои се натпреваруваат во младинските женски лиги. АС Јунајтед, Кочани, Габер, Младост, Шар Планинка, Билјанини Извори, Кратово, Џиџи, Топ Гол, Порече, Атлетико и Тиверија. Сузана Трпеска од Шар Планинка во врска со оваа донација го потенцираше значењето на доделената опрема и дополни: „Ова е позитивно за развојот на женскиот фудбал. Благодарност до ФФМ што и на овој начин се обидува да влијае…

повеќе...

Одреден распоредот на натпреварите во кошаркарската Супер лига и во Плејаутот

Регуларниот дел од сезоната заврши со 14 одиграно коло изминатиот викенд со што се одреди и финалниот пласман на клубовите на табелата во Првата лига (Мажи). Фени индустри го заврши првиот дел од сезоната на првото место на табелата, со само два порази. Второпласиран е Работнички, вицешампионот Куманово е на третото место на табелата додека Кожув е последниот учесник во Супер лигата по пласман од првиот дел на сезоната. На овие четири екипи ќе им се приклучат бранителот на шампионската титула МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи, тимови кои се…

повеќе...

Медалистите од македонската таеквондо репрезентација на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески денеска оствари средба со претставниците на Таеквондо репрезентацијата на Македонија, која постигна одлични резултати на неодамна завршениот Г-1 турнир, кој изминатиот викенд се одржа во Софија, Бугарија. Станува збор за турнир од највисок ранг во олимпиското таеквондо, турнир од кој се собираат бодови за ОИ во Токио 2020. Актуелниот Балкански јуниорски шампион Дејан Ѓорѓиевски дебитираше како сениор и со свои 17 години успеа со четири победи да освои златен медал. Тој победи борци од светските велесили во таеквондото како Аргентина,…

повеќе...

Одиграно 21 коло од Првата МФЛ

По вчерашниот натпревар помеѓу Работнички и Ренова, денес се одиграа и останатите натпревари со што беше комплетирано 21 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Работнички  0:0  Ренова Брегалница  3:3  Силекс Македонија ЃП  1:2  Пелистер Победа  2:1  Вардар Шкендија  0:0  Шкупи На табелата и понатаму Вардар е на врвот со 47 бодови, пред Шкендија на второто место со 41 бод. WebOhrid

повеќе...

Спортски ден во салата „Тодор Александров“ во Велгошти

По повод роденденот на Тодор Александров (4ти март), денеска во Спортската сала во Велгошти која го носи неговото име, по четврти пат се одржува спортски турнир, именуван како „Спортски Ден“. На истиот учествуваат 300 ученици од сите основни училишта од општина Охрид, учениците од основните училишта од општина Дебрца, а годинава за прв пат учествува и Приватното средно училиште „Јахја Кемал“, Струга.  „Овој настан е настан за паметење, како што рече и професорт од „Јахја Кемал“ ова е нешто што се случува само во Америка. Направивме навистина настан за паметење со…

повеќе...

Одиграни првите дуели од полуфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија

Денес се одиграа првите дуели од полуфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија. Постигнати беа следните резултати: Вардар  1:3  Шкендија Брегалница  2:2  Пелистер Повратните дуели ќе се играат на 19 април кога ќе бидат познати годинешните финалисти. WebOhrid

повеќе...

Македонските атлетичари ќе учествуваат на Европско во Србија

Нашите двајца најдобри натпреварувачи во атлетика ќе земат учество на престојниот европски шампионат во сала, кој од 03-05 Март ќе се одржи во Белград, Србија, а на кој ќе учествуваат 600 натпреварувачи од 51 држава членки на ЕАА. Атлетската федерација на Македонија ќе земе учество со своите 2 најдобри атлетичари по постигнати резултати за 2017 година и тоа Сашо Голубиќ- 1995 година, кој треба да настапи на 60 метри и Мартина Мироска-1998 година, која треба да настапи во скок во далечина. По тој повод се одржа прес конференција во Агенцијата…

повеќе...

Апсолутна доминација на охриѓанки на стартот од новата сезона во стрелаштво

Апсолутна доминација на јуниорките  од СК „Охрид“ на самиот старт на натпреварувачката сезона. Имено на првиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, што викендов се одржа во Скопје на стрелиштето во гимназијата „Раде Јовчески-Корчагин“, првите три позиции беа загарантирани за охридските стрелци. На првата позиција со нов личен рекорд и недостижен резултат од извонредни 409 кругови се пласира Мартина Петровска од СК „Охрид“. Вицешампионска позиција за младата Анастасија Мојсовска, со резултат од 395,5 кругови. ( Двете јуниорки повторно ја исполнуваат минималната олимписка норма која изнесува 392,0 кругови…

повеќе...