На конструктивен состанок со клубовите од Првата лига во „Куќа на фудбалот“, координаторот на младинските категории во ФФМ Зоран Стратев ја претстави идејата за формирање регионално натпреварување за млади категории во кое би биле вклучени младински екипи од Македонија, БиХ, Црна Гора, Унгарија, Словенија, Србија и Хрватска. По првичните разговори во Загреб со претставниците на асоцијациите вклучени во проектот во регионалната младинска лига би се натпреварувале генерациите 2002 година (тимови до 16 години) и 2004 година (екипи до 14 години), а натпреварувањето би започнало веќе во септември годинава. Зоран Стратев…
повеќе...Tag: спорт
Словенија 29-22 Македонија
Македонската машка ракометна репрезентација денес го претрпе првиот пораз на ова Светското првенство кое се игра во Франција. Репрезентацијата на Словенија успеа да ја победи нашата репрезентација на овој натпревар со 29-22. Словенците доминираа во текот на целиот натпревар. Македонија имаше предност само еднаш и тоа на почетокот на натпреварот со 1-2. Словенија изедначи и ја зголемуваше предноста за предност од 16-10 на полувреме. Во второто полувреме следеше изедначена борба, но разликата остана иста, а до крајот Словенија дури и успеа да ја зголеми разликата за победа од 29-22. Наредниот…
повеќе...ФФМ донираше спортска опрема за 115 екипи во младинска конкуренција
Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки) на екипите од Супер и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција). Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на 115 екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија. „Фудбалската федерација на Македонија повторно го помага развојот на младите категории. Помошта во вид на спортска опрема е многу важна и е од голема помош за екипите и за родителите на децата кои тренираат“, – истакна Драган Иванов од ФК Силекс. Координаторот…
повеќе...Ангола 22-31 Македонија
Сениорската машка репрезентација на Македонија ја оствари и втората победа во вториот натпревар на Светското Првенство, откако во Мец ја совлада селекцијата на Ангола со 31-22. И покрај тоа што резултатот беше генерално изедначен во првите минути од натпреварот, нашите ракометари постојано ја контролираа играта, што до крајот на првото полувреме резултираше со предност од 14-9. Ангола на самиот старт на второто полувреме успеа да намали на 15-13, но веднаш потоа Македонија стигна до нова серија со која се искачи и на двоцифрена предност која ја одржуваше до крајот од…
повеќе...Нова поддршка од MOK во насока на развојот на џудото во Македонија
За потребите на Џудо федерацијата на Македонија, Македонскиот олимписки комитет, во соработка со Меѓународната џудо федерација (ИЏФ), го ангажираше ИЏФ експертот, м-р Габриел Сапта (Белгија), кој е ангажиран на период од една година, да престојува во Македонија и да работи на унапредување на Националната џудо структура во Македонија. Финансиските трошоци за ангажманот на ИЏФ експертот се во целост обврска на МОК и ИЏФ. Веќе овој викенд (14 и 15 Јануари), во Кавадарци, ИЏФ експертот, Габриел Сапта ќе ги презентира новите правила во џудото, донесени од страна на ИЏФ, а и…
повеќе...Македонија 34-30 Тунис
Македонската машка ракометна репрезентација денес со победа против Тунис од 34-30 го започна настапот на Светското ракометно првенство кое се игра во Франција. Избраниците на Лино Червар и покрај тоа што губеа на полувреме со еден гол разлика 13-14, сепак во второто полувреме, особено во последните 10 минути успеаа да прикажат далеку подобра игра од противникот за на крајот сосема заслужено со победа од 34-30 да го започнат ова Светско првенство. Во нашата група Б Словенија ја совлада Ангола со 42-25, додека пак Шпанија го совлада Исланд со резултат 27-21. Наредниот…
повеќе...Семинар за доктори и физиотерапевти за клубовите од Прва и Втора МФЛ
Комисијата за здравство и анти-допинг на 11. февруари 2017 година (сабота) во хотел Континентал, Скопје ќе го одржи годишниот лиценцен семинар за доктори и физиотерапевти од клубовите кои се натпреваруваат во Прва и Втора МФЛ. Во продолжение можете да ги пронајдете агендата за семинарот како и материјалите за истиот. Агенда (11.02.2017) Алатка за препознавање на потрес на мозокот СКАТ3 – помагало за оценка на потрес на мозокот
повеќе...Младинците се пласираа на Светското ракометно првенство
Младинската машка репрезентација на Македонија (до 21 година) со доминантна игра и убедлива победа над Турција од 39-19, направи огромен успех и со освоеното прво место во квалификациската група, обезбеди пласман на Светското младинско првенство што летово ќе се игра во Алжир. Високиот триумф на Португалија над Полска во првиот меч од последниот квалификациски ден, значеше дека Македонија за да го освои првото место во групата треба да ја совлада Турција со над 18 голови разлика. Свесни за тешката задача која ги очекува, избраниците на Иле Темелковски уште од стартот…
повеќе...Агенцијата за млади и спорт и додели 110 илјади евра на Ракометната Федерација
Ракометната Федерација на Македонија упати голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, за финансиската помош во износ од 6,6 милиони денари добиени по основ на новиот Закон за спорт, односно измените во Законот за игри на среќа. Од горенаведените средства, 6 милиони денари се наменети за настапот на македонската сениорската ракометна репрезентација на Светското првенство во Франција кое ќе се одржува од 11-29 јануари годинава, во неколку градови во Франција, додека 600.000 денари се наменети за организација на квалификацискиот турнир за младата ракометна селекција (У-21) за…
повеќе...Младинците доминантни против Полска за почеток на Квалификациите за СП
Младинската машка репрезентација на Македонија (до 21 година) успешно го почна квалификацискиот турнир за пласман на Светското Првенство, откако денеска пред полните трибини во СРЦ „Кале“ убедливо ја совлада Полска со 30-22. Избраниците на Иле Темелковски одиграа одличен натпревар во кој постојано го одржуваа рано стекнатото водство. Предводени од цврстата одбрана, нашите репрезентативци го отворија мечот со 3-0, а првиот гол во мечот го примија дури во осмата минута. Разликата се искачи на преку пет голови уште во 10 минута и со константна игра до крајот на првото полувреме, Македонија…
повеќе...