Доделени дипломи за завршена обука за напреден спортски менаџмент (Втора генерација)

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски ги додели дипломите за завршена Обука за напреден спортски менаџмент на 8 (осум) претставници на Олимписките спортски организации, високо образовните и државните институции. Меѓународниот олимписки комитет ги доби завршните трудови на нашите кандидати во однос на шестте модули (Стратешки менаџмент, Финансиски менаџмент, Спортски Маркетинг, Организација на спортски настани, Менаџмент на човечки ресурси и Организација на Олимписки спортски организации) и согласно горе наведеното, со највисок успех, обуката ја завршија: Билјана Велковска Смилановска – Фудбалска федерација на Македонија; Дарио Милески – Федерација за коњички…

повеќе...

Лино Червар го скрати списокот на 21 ракометар

Селекторот на Машката сениорска репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави списокот од 21 ракометар со кој ќе ги продолжи подготовките за настап на СП 2017 во Франција. По завршувањето на првата фаза од подготовките во Маврово, Червар ги избра ракометарите на кои ќе смета за втората фаза од подготовките во Скопје и пријателските натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина. Поради настапот на Младинците Филип Талевски, Мартин Велковски и Марко Нелоски на Квалификациите за СП во истиот период во кој сениорите ќе ги играат и пријателските средби против Босна…

повеќе...

МОК обезбеди 40 илјади долари за ракометната репрезентација

Македонскиот олимписки комитет за претстојното Светско првенство во ракомет во Франција (11-29 Јануари 2017 година), за потребите на машката ракометна репрезентација обезбеди финансиска помош во износ од 40,000 американски долари, средства наменети за подготовки и учество на нашите најдобри ракометари на овој најголем ракометен настан во 2017 година. Нашите најдобри ракометари играат во групата Б, заедно со репрезентациите на Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд. „Како и секогаш силно веруваме во квалитетите на нашите најдобри ракометари и дека тие на ова светско првенство ќе го прикажат своето најдобро.“ – стои…

повеќе...

Младиот репрезентативец Кире Маркоски на дружба со основците од „Христо Узунов“

Кире Маркоски, еден од националните фудбалски херои на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, која избори пласман на претстојното европско првенство во 2017 година, во Полска, денес престојуваше и се дружеше со учениците од ОУ „Христо Узунов“, каде што тој го завршил своето основно образование. Македонскиот репрезентативец Маркоски, делеше автограми за учениците, како и се фотографираше со нив. „Кире е наш ученик и првите школски чекори се до завршувањето на основното училиште ги помина овде во ОУ „Христо Узунов“. Учениците се дружеа, му поставуваа прашања, од колку години почнал да тренира,…

повеќе...

Позлатени статуетки за најдобрите спортисти во 2016

Свечената церемонија во Македонскиот народен театар, која се одржа по 62. пат му ја донесе титулата на ракометарот Кире Лазаров кој го доби признанието за најдобар спортист во 2016 година. За капитенот на ракометната репрезентација ова е второ признание најдобар спортист. Првата ваква награда ја освои во 2013 година. „Наградата претставува огромна чест. Грешките што ги направивме во изминатава турбулентна година треба да ни претставуваат четиво од кое треба да учиме. Имаме потенцијал и цврсто сум уверен дека Македонија не треба да се грижи за својата ракометна иднина. Моја желба…

повеќе...

Македонија остана на 162 место на ФИФА рејтинг листата

Според најновата ФИФА рејтинг листа, фудбалската репрезентација на Македонија остана 162 место. На врвот од ФИФА рејтинг листата останува Аргентина, пред Бразил на второто и Германија на третото место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Руанда со скок од +9 места се искачи на 92 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Куба од -26 места и се најде на 151 место. WebOhrid

повеќе...

Ќе се врши наддавање за организатор на финалниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија

Согласно Правилникот за Куп натпреварувања, МКФ ги поканува заинтересираните правни и физички лица на јавно наддавање за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот куп на Македонија, што ќе се одржи на 18.01.2017 година во 12 часот во просториите на МКФ. Почетната сума за организација на Купот изнесува 500 000 денари. Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10 % од почетната сума, до почетокот на лицитацијата, на жиро сметката на Здружението на Сениорски лиги. На Купот ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дела…

повеќе...

Доделени наградите на „Најдобрите во македонскиот фудбал за 2015/2016“

Бесарт Ибраими е најдобриот играч во Македонија за сезоната 2015/16, напаѓачот на Шкендија и на македонската репрезентација ја освои и наградата за најдобар стрелец во изборот на Фудбалската федерација на Македонија. Илија Несторовски го доби признанието за најдобар репрезент на македонскиот фудбал. Во име на Ибраими, наградите ги прими неговиот татко, а Несторовски преку видео порака се заблагодари за наградата. „Оваа година беше мошне успешна за мене. Како прв стрелец на Интер Запрешиќ во хрватското првенство успеав да стасам до Серија А во составот на Палермо, со што ми се…

повеќе...

Втора победа за младите фудбалери против сениорите

Подмладената селекција на Македонија до 21 година забележа нова победа над А репрезентацијата предводена од селекторот Игор Ангеловски. Во вториот контролен натпревар одигран на стадионов на Ѓорче Петров, младите фудбалери славеа минимална победа со 1:0. И двете репрезентации на оваа контролна средба пропуштија по неколку добри прилики за постигнување гол. Голот за победа, избраниците на селекторот Благоја Милевски го постигнаа во завршницата од мечот. Емил Абаз погоди за конечни 1:0. Со оваа контролна пресметка се завршија активностите на овој селективен камп.

повеќе...

Приклучете се кон Европската недела на спортот!

Од јули 2015 година, тимот на проектот „Спорт за секого“ работи на Прирачникот за Европската недела на спортот (EWoS). Овој Еразмус + кофинансиран проект – кој обединува 5 Национални олимписки комитети, НОК, (Франција, Италија, Литванија, Република Македонија и Португалија) со аналитичкиот центар за Спорт и државјанство – има за цел зголемување на учеството во EWoS, а со тоа и подигнување на свеста меѓу државјаните на ЕУ за придобивките од спортот. Овој Прирачник за приклучување на Европската недела на спортот, на спортските движења, а особено на НОК, им обезбедува конкретни идеи…

повеќе...