Во организација на СК „Охрид“ и Општински стрелачки сојуз „Охрид“ викендов на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид се одржа традиционалниот Турнир во гаѓање со воздушно оружје „Илинден2016“. На турнирот учествуваа повеќе од 30-тина стрелци од стрелачките клубови СК „Санел“ од Сандански, СК „Пирин“ од Благоевград, СК „Врање“ од Врање, како и клубовите од нашата земја СК „Велес“ од Велес, СК „Херој Прилеп“, од Прилеп и СК „Охрид“ од Охрид. Топло добредојде на гостите им посака Заменик Претседателот на ОСС „Охрид“, Фене Костадинов, а натпреварот за отворен го прогласи Претседателот на Сојуз…
повеќе...Tag: спорт
Македонската олимписка делегација подготвена за ЛОИ – Рио 2016
Во просториите на Македонскиот олимписки комитет се одржа церемонијата за свечено испраќање на македонската олимписка делегација, која ќе учествува на летните Олимписки игри Рио 2016. Македонските спортисти ќе настапат според следниот распоред: 1. Нина Балабан – Спортско стрелаштво 10 м. Воздушна пушка. Настапува на 6 Август во 8:30 часот (локално време) 2. Анастасиа Катерина Богдановски – Пливање 200 метри слободно. Настапува на 8 Август во 13:02 часот (локално време) 3. Катерина Николоска – Џудо – 63 кгр. Настапува на 9 Август во 10:00 часот (локално време) 4. Марко Блажевски –…
повеќе...Спортските федерации ќе се приклучат во одбележување за Илинден
По повод одбележувањето на државниот празник 2-ри Август Илинден, Агенцијата за млади и спорт заедно со Планинарската федерација на Македонија, Велосипедската федерација на Македонија, Тениската Федерација на Македонија, Едриличарската Федерација на Македонија и Сојузот на спортски федерации на Македонија се вклучи со активности во одбележување на овој голем македонски празник. По тој повод денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа координативен состанок помеѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и претставниците на Планинарската федерација на Македонија, Горан Тинтовски и Благоја Петрушевски. Воедно претставниците…
повеќе...Затворениот базен во Охрид ќе биде готов во 2018 година, во завршна фаза три тениски игралишта
Затворениот базен во Охрид ќе биде готов во 2018 година, во завршна фаза се три тениски игралишта. За изградбата на двата нови тениски терени, од кои едниот е единечен, а другиот двоен се издвоени 19 милиони денари, додека во рамки на Спортскиот центар при крај е изградба на уште едно повеќенаменско спортско игралиште за кое од Агенцијата за млади и спорт се обезбедени уште 9 милиони денари. Тоа претставува сериозна инвестиција во спортот и во подобрување на инфраструктурата за рекреација на граѓаните на Охрид. Во напредна фаза е најкрупната инвестиција во…
повеќе...Шкендија го совлада Нефчи и оди во следната рунда од Лигата Европа
Откако на дуелот пред седум дена одиграа без голови, денес во повратниот дуел Шкендија успеа да го совлада Нефчи и да се пласира во следната рунда од Лигата Европа. На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, Шкендија минимално го совлада Нефчи со 1:0, а голот го постигна Бесарт Ибраими во 31 минута. Работата дополнително ја олесни и Ванче Шиков кој „заработи“ два жолти картони, односно црвен картон во 72 минута со што гостите од Азербејџан до крајот од натпреварот играа со играч помалку. Во третата рунда од квалификациите за Лигата Европа…
повеќе...Вардар елиминиран од Динамо Загреб
Вардар е елиминиран од евро-сцената оваа сезона, откако претрпе пораз од Динамо Загреб со вкупни 5:3, односно 2:1 на првиот дуел во Скопје и 3:2 на денешниот повратен дуел во Загреб. Вардар прикажа солидна игра и во првиот дуел, а особено во денешниот кога на два пати беше во водство. На крајот, пресудни беа двата досудени пенали во корист на Динамо. WebOhrid
повеќе...РФМ ја исплати премијата од 30.000 евра за пласманот на СП Франција 2017
По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на Светското Првенство во Франција 2017. Македонија обезбеди „виза“ за Франција откако ја совлада репрезентацијата на Чешка во квалификацискиот двомеч. Ова е петти обезбеден пласман на македонските машки сениори на Светските Првенства. Македонија претходно настапуваше на СП во Египет (1999), Хрватска (2009), Шпанија (2013) и Катар (2015). На СП Франција 2017, Македонија ќе се натпреварува во групата Б, против Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола.
повеќе...Кошаркарската репрезентација ги започнува подготовките
Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација денес со премиерниот тренинг во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ја започнува акцијата за пласман на уште едно големо натпреварување Еуробаскетот во 2017 година. Селекторот Драган Раца првата прозивка на репрезентативците ќе ја направи денес во 19 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ со што ќе биде означен официјалниот почеток на подготовките за евроквалификациите. Во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ кошаркарите ќе имаат по два тренинга на ден. Првите тест натпревари нашите најдобри кошаркари ќе ги имаат од 5 до 7 август против…
повеќе...Македонија останува на 139 место на ФИФА рејтинг листата
Македонската фудбалска репрезентација остана на 139 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Овој пат, нашата репрезентација го дели ова 139 место со репрезентациите на Доминиканска Република и со Виетнам. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листа каде остана Аргентина пред Белгија и Колумбија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Нов Зеланд со скок од +54 места се искачи на 93 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Белизе од -50 места и се најде на 164 место. WebOhrid
повеќе...Двократниот шампион и евролигаш во ракомет од Украина допатува во Охрид
Спортскиот центар „ Билјанини Извори “ со својата инфраструктура и оваа година е еден од најинтересните центри за одржување на припреми за спортските клубови од регионов а и пошироко. Доказ за тоа се припремите на професионалните клубови кои се натпреваруваат во највисок ранг. Од денеска 12.07.2016 година на терените на припреми допатува ракометниот двократен првак и учесник во лигата на шампиони на Украина во ракомет екипата на Мотор Запорожје.Тренерот на екипата Степанетс Николај после првиот одржан тренинг на екипата на атлетската патека на стадионот е многу задоволен од условите и…
повеќе...