Премиерот Никола Груевски денеска од Тетово најави дека Владата ќе ги зголеми за 10% студентските и ученичките стипендии. Зголемувањето на ученичките стипендии ќе се однесува на најталентирани ученици, талентирани спортисти, деца без родители, деца со посебни потреби, ученици од социјални категории, ученици од угостителско-туристичка струка и ученици кои се деца на бранители. Студентски стипендии, како што рече Груевски ќе се зголемат за студенти со висок успех на студиски програми по информатика, студенти од социјални категории, студенти со висок успех, студенти од природно-математички, техничко-технолошки, биотехнички и медицински науки и студенти кои…
повеќе...Tag: студенти
Започнува проектот за доделување на таблети за студентите
Министерот Ивановски денеска го претстави проектот за доделување таблети на студенти, како дел од новиот сет економски мерки на Владата на Република Македонија. Според него, ќе бидат доделени 12.000 ваучери за набавка на вакви уреди, што ќе биде од корист како за студентите, така и за развојот на економијата. Компаниите кои ги исполнуваат условите можат да аплицираат во министерството и да започнат со привлекување на студентите за искористување на ваучерите. „Анализата која што ние ја имавме направено како Влада за тоа кои се цените и кои се таблетите што се…
повеќе...Груевски: Таблети за студенти и 10 отсто зголемување на социјалната помош
Сите студенти на државните и приватните универзитети, кои првпат запишале трета или четврта година, а чии семејства немаат поголем месечен приход од просечна нето плата во Македонија, која во моментот изнесува околу 21.500 денари, ќе добијат бесплатен таблет со тастатура, најави премиерот Никола Груевски на денешната трибина во СЦ „Борис Трајковски“. Целта, нагласи, е да им помогнат да се здобијат со поквалитетно образование, со повеќе можности, шанси, и еднаквост со оние чии родители имаат поголема заработка. Груевски објави дека следното покачување на социјалната помош, кое треба да се реализира во…
повеќе...Адеми присуствуаше на доделување стипендии за ученици и студенти од Фондацијата Даути
Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, присуствуваше на манифестацијата по повод доделување стипендии за ученици и студенти од Фондацијата Даути. Во оваа прилика, Адеми истакна дека станува збор за настан на кој претставници на бизнис заедницата, инвестираат во својата иднина, односно инвестираат во образувањето на учениците и студентите. „Убеден сум и дека доделувањето на стипендиите, е долгорочна инвестиција. Меѓу овие млади луѓе, ученици и студенти, се идните инженери, економисти, менаџери, кои ќе дадат голем придонес во развојот на индустријата. Ова се деца кои покрај своето образование во училиште…
повеќе...Охриѓани ќе собираат помош за студентите кои ги „окупираа“ факултетите
Охриѓани во недела ќе собираат помош за студентите кои ги „окупираа“ факултетите. „Сите што сакаат да донираат парична поддршка за Автономната Зона на УКИМ (потребна за храна, вода итн.) да дојдат во недела во 13:00 часот во дворот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и да донираат своеволна сума над 100 ден.“- информираат организаторите.
повеќе...Стартува полагањето стручни испити „во живо “
Заради поголема транспарентност при спроведувањето на стручните испити кои се во ингеренции на Министерството за внатрешни работи, денеска отпочнува реализација на проектот со кој се предвидува пренесување во живо на полагањето на кандидатите за стекнување со лиценца за физичко и техничко обезбедување. Изминатиов период во соработка со Комората за обезбедување беа реализирани сите неопходни технички подготовки и беше договорено кандидатите кои денеска ќе го полагаат теоретскиот дел, испитувањето на нивното знаење да биде согласно последните измени во Законот за приватно обезбедување. Имено, членот 24-г од Законот предвидува: „Теоретскиот дел од…
повеќе...Груевски: Студентите што учат нема да имаат проблеми со полагање на државниот испит
Позитивните информации добиени од јавните расправи за воведувањето државен испит на високообразовните институции во државата се вградени во предлог-законот, информира премиерот Никола Груевски. Тој посочи дека изминатите 10-тина дена јавни расправи со министерот за образование и неговиот заменик се одржале во Битола, Тетово, Штип. Државниот испит, нагласи Груевски, ќе овозможи поквалитетен високообразовен кадар, а за студентите што учат смета дека нема да имаат проблеми со полагањето. „Не би сакал еден ден да се изгради зграда која ќе падне затоа што ја изградил градежен инженер, кој си ја купил дипломата“, рече Груевски. На…
повеќе...Педагошки факултети само на јавните универзитети, студентите што ќе се запишат ќе имаат стипендија
Педагошките факултети во иднина ќе се основаат само на јавните универзитети, сите факултети ќе имаат усогласени студиски програми и усогласени со Законот за наставници. Секој студент што ќе биде примен на педагошките факултети од следната 2015/2016 академска година ќе добива месечна стипендија по 50 отсто од просечна плата во РМ. Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми на отворената владина седница соопшти дека траењето на студиите ќе биде четири години или 240 кредити. Ќе има задолжителен приемен испит, право да се запишат ќе имаат сите матуранти со положена државна матура,…
повеќе...Прогласени најдобрите пет студентски бизнис планови
Со врачување парични награди и ваучери со кои се покриваат трошоците за регистрација на фирма во Централниот регистер денеска беа прогласени петте најдобри бизнис планови во рамки на проектот „Организирање бизнис натпревар – Биди перспективен започни свој бизнис“, чија цел е поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис. Првонаградениот бизнис план „Make your mobile happy with battery full“ на Бесарта Џони доби вредносен чек од 330.000 денари, второнаградениот преокет „Решенија за паметен дом“ на Никола Николовски е награден со…
повеќе...Општината ги додели стипендиите за талентираните ученици и студенти
На пригоден начин денеска, општина Охрид ги додели стипендиите за 18 талентирани основци, 21 средношколец и 6 студенти кои по претходно распишан оглас втора година по ред ги доделува Локалната самоуправа. Стипендиите ги врачи претседателката на охридскиот Совет, Гордана Коњаноска која истакна дека целта на ваквиот проект е општината да даде допринос и да го олесни учењето и студирањето на младите охриѓани кои се нашата иднина, што беше едно од ветувањата и заложбите на градоначалникот Бакрачески максимално во рамки на можностите да се поддржат и стимулираат талентираните ученици и студенти.…
повеќе...