Ќе се организира трибина „Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава“

Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод 29 Ноември ќе организира трибина на тема „Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава“. За овој значаен настан ќе зборува Наце Иваноски професор по историја. Трибината ќе се одржи утре, 28 Ноември (петок) во просториите на Организацијата (Барака „Гранит“), со почеток во 11:00 часот.

повеќе...

Покана за учество на јавна трибина

Советот на потрошувачи на Општина Охрид во соработка со Организација на потрошувачите на Охрид – ОПО реализира одредени активности согласно Програмата за заштита на потрошувачите на Советот на потрошувачи на Општина Охрид за 2014 година (Програма), заедно во соработка со сите заинтересирани страни. Информирање на потрошувачите за алтернативните начини за решавање на потрошувачките спорови ќе се организира во просториите на малата сала во зградата на општина Охрид со почеток во 12.00 часот. Предвидено е да се одржат излагања на темите кои се однесуваат на примената на Законот за медијација и…

повеќе...

Утре во ОУ „Христо Узунов“ ќе се одржи трибина на тема „Епилепсија“

ОУ „Христо Узунов“ и Здружението на граѓани за лица со епилепсија утре, 19-ти ноември, во салата за приредби на ОУ „Христо Узунов ќе одржат трибина на тема „Епилепсија“. Предавач ќе биде еминентниот професор доктор Филип Дума. Целта на трибината е запознавање на децата од  VIII и IX одделение со оваа болест како реалност помеѓу наслението и превенција од неа.

повеќе...

Трибина – „Јас како странец и мојот студенски престој во Република Македонија“

РЦ за ГР Север завчера (15.10.) во просториите на Американ колеџ -Универзитет во Скопје во коорганизација со Секторот за гранични работи и миграции – Отсек за странци и реадмисија и со мисијата на ОБСЕ во РМ одржа трибина наменета за странските студенти (претежно од Р. Турција) на тема: “Јас како странец и мојот студенски престој во Република Македонија“. Целта на трибината беше информирање и запознавање на странските државјани-студенти во врска со процедурите околу регулирањето на привремениот престој во Р.Македонија потребен за нивно студирање, постапките кој ги води МВР на Р.М,…

повеќе...

Фестивалот „Пображење“ Вевчани во знакот на научна трибина

Четвртиот по ред меѓународен фолклорен фестивал „Пображење“ Вевчани годинава ќе измине во знакот на научна трибина на тема „Регионалната етнологија и етничките карактеристики во Македонија во почетокот на 20 век“ и  Нематеријалното културно наследство на Вевчани. Научната вечер ќе се оддржи утре во Домот на културата во Вевчани со почеток од 20 часот а ќе говорат Доц. д-р Даворин Трпевски од Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет- Универзитет Св Кирил и Методиј- Скопје, м-р Ивона Опетческа Татарчевска етнокореолог виш соработник за фолклорни добра во Управата за заштита…

повеќе...

Во Охрид одржана трибина на тема „Законски основи за финансирање на училишниот спорт“

Директорот на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија Марјан Спасески денеска се обрати на тркалезната маса на тема „Законски основи за финансирање на училишниот спорт“ што се одржа во Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид. Според Спасески, следните неколку години Владата на Република Македонија преку активности и проекти ќе се насочи кон зголемување на бројот на ученици кои ќе спортуваат. „Имајќи го предвид стратешкото значење на училишниот спорт за развој на целокупниот спорт, за развојот на младата популација и за неговата позитивна улога во борбата против пороците, Владата…

повеќе...

Трибина во Охрид за значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми

Центарот за култура и културулошки студии (ЦККС), денес  во Охрид организираше трибина за медиумите и граѓаните на град Охрид, а како дел од проектот„Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми“.  Проектот, поддржан од УСАИД, се реализираше осум месеци и опфати истражување и анализа на поимот европски вредности во пет македонски печатени медиуми, а имаше за цел добивање на јасна слика за начините на кои македонските медиуми зборуваат и пренесуваат за европските вредности.  Според претседателката на ЦККС, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, „резултатите од анализата на поимот европски…

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи трибина „Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми“

Центарот за култура и културулошки студии(ЦККС) повеќе од осум месеци го реализира проектот„Опсегот и значењето на поимот европски вредности во македонските печатени медиуми“, поддржан од УСАИД. Проектот опфаќа истражување и анализа на поимот европски вредности во пет македонски печатени медиуми и има за цел добивање на јасна слика за начините на кои македонските медиуми зборуваат за европските вредности. Со цел презентација на резултатите од истражувањето, Центарот за култура и културулошки студии во недела, 15 јуни, со почеток во 11 часот  ќе одржи трибина во Охрид. Трибината е отворена за граѓаните…

повеќе...