Поради настанатиот дефект во текот на вчерашниот ден екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид продолжуваат со отстранување на дефектот на водоводната линија Ф300 мм поради што и денес ќе има прекин на ул. „Питу Гули“, „15-Корпус“, „Кленоец“, „Радојца Новичиќ“ и „Живко Чинго“, до 17:00 часот. Екипите на МЈП „Проаква“ – РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на одстранување на дефектот.
повеќе...Tag: улица
Активности на ЈП „Нискоградба“ на ул. „Питу Гули“
ЈП „Нискоградба“ Охрид во рамки на своите активности денес работи на изведба на сливници и премини за одведување на атмосферска вода по целата должина на улицата „Питу Гули’’. „Со овој потег се решава собирањето и одведување на атмосферските води кои до сега се мешаа со канализацијата и претставуваа дополнително оптоварување на мрежата за одведување на отпадни води и колекторскиот систем.“– информираат од претпријатието.
повеќе...Прекин на водоснабдувањето на улица „Прилепска“
Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ информираат дека денес поради интервенција на водоводната линија ќе има прекин на водоснабдувањето на ул. Прилепска во период 08:30 до 14:00 часот.
повеќе...Се поставува атмосферска канализација на улицата „Ристо Чадо“
Деновиве екипи на фирмата „Вардар Градба“ од Скопје, по налог на Општина Охрид започнаа градежни активности за изградба на атмосферска канализациона мрежа на улицата „Ристо Чадо“. Градежните активности се изведуваат во должина од 720 метри. По поставување на атмосферската канализација улицата ќе биде комплетно реконструирана и асфалтирана од страна на екипите од фирмата „Илинден“ од Струга, со изградба на пешачки зони и тротоари. Предвидено е и поставување на сливници. Проектот е целосна инвестиција на општина Охрид. WebOhrid/А.Андриоски
повеќе...Прекин на водоснабдувањето на улицата „Димо Хаџи Димов“
Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“, Охрид информираат дека денес поради дефект на водоводната линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улицата „Димо Хаџи Димов“ во период 09:00 до 12:00 часот.
повеќе...ЈП „Нискоградба“ со градежни зафати во Лескоец
Јавното претпријатие „Нискоградба“, на улицата „Илија Смически“ во с. Лескоец, започна со градежни активности изведба на премини за приклучување на фекална канализациона мрежа. Во должина на улицата е поставена улична фекална канализација, а со изградбата на премините се врши подготовка за приклучување на објектите на мрежата за одведување на отпадни води.
повеќе...Затворена за сообраќај улицата „Ристо Чадо“
Се известуваат граѓаните кои живеат на ул. „Ристо Чадо“ и жителите кои гравитираат околу оваа улица, дека во тек е реализацијата на проектите од Светска Банка – изведба на атмосферска канализација кој започнаа вчера. Бидејќи трасата на овај цевовод се води до средината на коловозот на ул. „Ристо Чадо“, сообраќајот ќе биде пренасочен и ќе се одвива по улиците „15 Корпус“ и „Прва Македонска Бригада“. По завршувањето на работите на секоја делница од цевоводот, сообраќајот ќе биде нормализиран.
повеќе...Утре прекин на водоснабдувањето на улица „Питу Гули“
Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека утре, поради преприклучување на водоводната линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улица „Питу Гули“ од потегот на чинар „Влашка Маала“ до „Стара Бензиска“ во период 08:00 до 15:00 часот.
повеќе...Се гради нов тротоар на дел од улицата „15-ти Корпус“
Јавното претпријатие „Градски гробишта“ интензивно работи на изградбата на тротоар на улицата „ 15-ти Корпус“ на потегот од поранешната фабрика „ Застава“ до бензиската станица на „ Макпетрол“ . Новиот тротоар ќе го го олесни движењето на пешаците во насока кон селото Лескоец, како и движењето на граѓаните кои за време на големите верски празници ги посетуваат градските гробишта. Овој зафат, согласно предмер-пресметката ќе чини околу 1.400.000 денари.
повеќе...Ќе се санира и обнови дрворедот на улица „Кузман Капидан“
На инцијатива на група граѓани, кои живеат на улица „Кузман Капидан, денес се одржа јавна расправа за проблемите со кои се соочуваат овие граѓани, а се поврзани со дрворедот пред нивните домови. На јавната расправа беа присутни стручни лица од ЈП „Охридски Комуналец“ и претставници на повеќе невладини организации и медиуми. Неподелено беше мислењето дека треба стручно и интегрално решение за целата улица, без да се наруши амбиентот и зелената површина. Во заклучоците од јавната расправа се заклучи дека: дел од дрворедот е со стари стебла со надмината физиолошка возраст,…
повеќе...