Со пригодна свеченост, денес, беше отворен петтиот по ред почесен конзулат во Охрид. За почесен конзул на Унгарскиот конзулат е назначен Марјан Бојаџиев. Тој ја изрази својата благодарност за довербата што му е дадена и истакна дека во голема мера ќе придонесе во продлабочување на веќе добрите односи и соработката што ја имаат Република Македонија и Република Унгарија. На свеченоста беа присутни, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, заеминк министерот за надворешни работи на Македонија, Илија Исајловски, државниот министер за културно научна дипломатија на Република Унгарија, Иштван Иѓарто и амбасадорот на…
повеќе...Tag: унгарија
Отворена изложба на унгарски уметници во Охрид
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и амбасадорот на Унгарија во Република Македонија , Јозеф Бенце, денеска во ЦК „Григор Прличев “, свечено ја отворија изложбата на ликовни уметници Роми од Унгарија. Бројните љубители на ликовната уметност ги поздрави градоначалникот Никола Бакрачески кој укажа на важноста од организирањето на вакви настани кои се во насока на зајакнување на пријателските односи помеѓу двете земји, Македонија и Унгарија. „Ми причинува особена чест и задоволство што денеска сум меѓу Вас, на отворањето на ликовната изложба на доајените на ромската ликовна уметност од Унгарија, која…
повеќе...Во понеделник ќе биде отворена изложба на сликари Роми од Унгарија
Во организација на Општина Охрид и Амбасадата на Унгарија во Република Македонија, на 9ти мај(понеделник), во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 14 часот, свечено ќе биде отворена изложба на ликовни уметници Роми од Унгарија. На изложбата ќе бидат поставени 28 слики од 19 ликовни уметници, а на отворањето се очекува да говорат унгарскиот амбасадор во Република Македонија Јозеф Бенце, Градоначалникот Никола Бакрачески, министерот Неждет Мустафа и директорот на Центарот за култура Горан Стојаноски.
повеќе...Јолевски – Бенко: Продолжува унапредувањето на соработката меѓу Македонија и Унгарија
Унапредувањето на соработката помеѓу Македонија и Унгарија, интензивирањето на заедничката обука и вежби со припадниците на двете Армии, членството на Македонија во НАТО и предизвиците и потребите за интензивни контакти во однос на мигрантската криза беа темите на кои денеска во Министерството за одбрана разговараа министерот Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Унгарија, генералот Тимор Бенко. „Република Македонија во Унгарија гледа искрен пријател и поддржувач, особено кога станува збор за исполнување на стратегиските цели на државата, членството во НАТО и Европската Унија“, истакна министерот Јолевски на…
повеќе...Министерката Канческа-Милевска во работна посета на Унгарија
Во рамките на посетата, министерката за култура ќе има средба со својот унгарски колега Петер Хопал на која ќе бидат разменети мислења и идеи за досегашните активности и идната соработка во областа на културата меѓу двете земји. Македонија и Унгарија негуваат одлични културни врски кои се потврдени и со Програмата за културна соработка за периодот 2014-2016 година, потпишана за време на официјалната посета на премиерот Виктор Орбан на Република Македонија, во декември 2013 година. Во текот на посетата, Канческа-Милевска во Будимпешта ќе реализира и интервју за престижниот весник Magar Hirlap…
повеќе...Македонија, Србија, Унгарија и Кина потпишаа договор за царинска соработка
Македонија, Србија, Унгарија и НР Кина потпишаа договор за заемна царинска соработка. Договорот го потпишаа денеска во рамки на Третиот состанок на шефовите на влади на Кина и на земјите од Централна и Источна Европа. Договорот предвидува царините на сите четири земји да соработуваат во делот на размена на информации и документи, како и да се признава царинењето и постапката од другите царини и да ја продлабочи соработката. Целта на документот е да се поддржи регионалната и меѓународната трговија и да се создаде позитивна клима за стопанствата и граѓаните за…
повеќе...Потпишани протоколи за соработка меѓу македонското и унгарското МВР
Вчера (11.11.) во Брдо кај Крањ, Република Словенија, делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од заменик министерот за внатрешни работи Земри Ќамили учествуваше на 12-от состанок на Комитетот на министри на КПС ЈИЕ (Конвенција за полициска соработка во Југоисточна Европа). На состанокот беше разговарано за натамошната имплементација на Конвенцијата како и за активностите во пресрет на десетгодишнината од донесувањето на Конвенцијата за полициска соработка. На билатерална основа, настанот беше искористен за склучување на Протоколот помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Унгарија…
повеќе...