Познати добитниците на ученичките и студентски стипендии

Познати добитниците на стипендии на конкурсот за стипендирање на редовни студенти и на талентирани ученици од основните и средните училишта на територија на општина Охрид, кој го распиша градоначалникот Никола Бакрачески. Приговор против одлуката може да се поднесе во рок од пет работни дена, од денот на објавувањето за извршениот избор. Ученички стипендии Студенски стипендии

повеќе...

Црвен крст Охрид започнува со нова едукативна програма за учениците до петто одделение

Во рамки на своите едукативни програми и активности Црвен крст Охрид започнува со нова програма за помагање за пишување на домашните задачи на учениците од прво до петто одделение по сите предмети. Со оглед на големиот интерес за продолжен престој на децата од одделенска настава како и поради зафатеноста на родителите и се почестата потреба од дополнителна работа со учениците, оваа едукативна програма на Црвен крст Охрид има за цел да ги потврди и на креативен начин да ги подобри и развива знаењата и вештините на учениците стекнати во училиштето.…

повеќе...

Конкурс за доделување стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2016/2017

Општина Охрид за учебната 2016/2017 година ќе додели вкупно 100 ученички стипендии и тоа: 25 (дваесет и пет) стипендии за талентирани ученици од VII,VIII и IХ одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид ; 25 (дваесет и пет) стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови од VII,VIII и IХ одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид; 25 (дваесет и пет) стипендии за талентирани ученици од II,III и IV година во општинските средни училишта, на подрачјето на општина Охрид и 25 (дваесет и…

повеќе...

СДСМ: Учебната година започна без учебници, клупи и столчиња!

СДСМ со соопштение до медиумите, во кое стои: Заменик-министерот за образование Спиро Ристивски, кадар на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, излажа дека се е подготвено за учебната година – многу ученици се сеуште без учебници, а има и такви кои се без клупи и столчиња. Поради доцнење на тендерските набавки, неизвесно е кога сите ученици ќе ги добијат своите учебници. За оваа состојба директно е виновно Министерството за образование и наука, кое ги отвори понудите од јавната набавка на опрема за основни и средни училишта на само четири дена пред почетокот…

повеќе...

Започна новата учебна година

Учениците од денес се врaќаат вo училишните клупи. Нoвaтa учебнa гoдинa ќе јa пoчнaт oкoлу 270.000 ученици, oд кoи 188.000 oснoвци и 80.000 среднoшкoлци. Спoред последните пoдaтoци од Министерството за образование и наука, зaпишaни се 21.250 првaчињa, нo oвoј брoј не е кoнечен зaштo уписите вo првo oдделение трaaт и вo текoт нa септември. Денес ќе пoчне нaстaвaтa и вo училиштaтa вo нaселените местa вo пoплaвените подрачја во Скопско. Кaкo штo инфoрмирaaт oд МOН, oпштините ги сaнирaaт штетите вo училишните oбјекти, се врши дезинфекцијa, дезинсекцијa и дерaтизaцијa зa дa се oбезбедaт…

повеќе...

МОН: Просечната оценка за државната матура за учебната 2015/2016 година е 3,42

Оваа учебна година државна матура полагаше деветтата генерација на ученици кои го завршуваат средното училиште, истакна министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, кој денеска ги презентираше резултатите од матурата.Тој рече дека државна матура полагале вкупно 16.859 ученици, од кои 8.729 од гимназиско образование, 7.866 од средно стручно образование и 264 од средно уметничко образование. „Прелиминарните резултати, кои се и конечни за оние кои нема да приговараат, ќе бидат објавени денес во 12:00 часот на огласните табли во училиштата и на интернет страницата matura.gov.mk. За учениците кои сметаат дека треба…

повеќе...

Полуматурантите од ОУ„Григор Прличев“ го прославија завршувањето на основното училиште

Деветто одделенците од ОУ„Григор Прличев“ во весела атмосфера ја прославија својата полуматурска вечер. „Радоста бликаше од нивните детски лица, но не изостанаа и солзите за нивната разделба од училиштето кое им беше девет години втор дом.“- велат од училиштето. Традиционално, облечени сите во исти маички со логото на училиштето, достојно како што доликува на нивната возраст ја прославија оваа, за нив значајна вечер. Вечерта беше збогатена со прогласување на: Првенци на генерацијата: 1. Венеса Бакреска 2. Ангела Трпческа. Пофалени ученици: 1. Анамарија Момироска 2. Емилија Дуноска 3. Тања Гроздани 4. Теа…

повеќе...

Екстерно тестирање: Многу стрес, дискутабилна објективност

Утре (10 јуни) завршува екстерното тестирање за учебната 2015-2016 година, кое почна на 7 јуни. Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и од средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1.972 предмети. Учениците се тестираат по два предмета, а за кои предмети ќе бидат тестирани дознаваат три дена пред полагањето. Поради уписите во средните училишта (28 и 29 јуни), резултатите од екстерното тестирање најпрво ќе бидат објавени за деветтоодделенците (на 13 јуни), а за сите други ученици резултатите ќе бидат познати…

повеќе...

Од утре до 11 јуни ќе се спроведе екстерното тестирање

Од утре до 11 јуни ќе се спроведе екстерно тестирање за учебната 2015/2016 година во јунската сесија. Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и од средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1.972 предмети. ДИЦ претходно ја објави базата прашања по сите предмети. Учениците се тестираат по два предмета, а за кои предмети ќе бидат тестирани дознаваат три дена пред полагањето. Така, на учениците што ќе бидат тестирани утре, предметот за кој ќе бидат тестирани им беше соопштен во петокот попладне.…

повеќе...