Министерството за образование објави кои предмети учениците од основните и од средните училишта ќе ги полагаат за екстерното тестирање што ќе се одржи на 7 јуни. За вториот дел од екстерното тестирање, што ќе се одржи на 10 јуни, распоредот ќе биде објавен во вторник. На следниот линк учениците можат да проверат кој предмет ќе го полагаат на 7 јуни. Извор: meta.mk
повеќе...Tag: ученици
Свеченост за идните првачиња
Денеска во Центарот за култура „Григор Прличев“ ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ ја реализира традиционалната манифестација под мотото „Збогум градинке! – Среќно првачиња!“ Популарно наречена „Осмина матура“. На настанот се доделија предучилишни дипломи на децата кои се разделуваат од градинката и кои од Септември ќе го продолжат својот воспитно-образовен процес во основните училишта. Оваа година во градинката престојуваа 248 деца на возраст од 5-6 години на кои градинката им ги додели првите дипломи. Во нивна чест се одржа приредба на која учествуваа децата од 4-5 години низ која ги запознаа присутните со содржините…
повеќе...ОУ „Живко Чинго“ дел од проектот Испитување на јодниот статус кај деца на возраст од 8-10 години
Денес во ОУ „Живко Чинго“, Велгошти тим на медицински стручњаци од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина при Медицинскиот факултет во Скопје вршеа испитување на јодниот статус кај 40 ученици од одделенска настава на возраст од 8-10 години. ОУ „Живко Чинго“ е 14-то училиште во Македонија во кое е спроведен овој проект. Претходно беше добиена писмена согласност од родителите на учениците за испитувањето кое се состои од: палпација на тироидната жлезда, ултрасонографски преглед и анализа на урина. Целта на овој проект кој е подржан од МОН и Министерството за здравство…
повеќе...Првачињата од ОУ „Христо Узунов“ го посетија аеродромот „Св.Апостол Павле“
Учениците од I одделение од ОУ „Христо Узунов“, заедно со нивните одделенски наставници Соња Јовева, Тања Мариноска и Биљана Угриноска денес беа во посета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Посетата беше организирана во соработка со родителите во согласност со проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, со цел учениците да се запознаат со работата на оваа организација. До аеродромот учениците стигнаа со двокатниот автобус од ЈП „Билјанини Извори“. Со работата на аеродромот беа запознаени од вработените на Аеродромот, а имаа и прилика да го следат полетувањето на…
повеќе...Ученици од „Јахја Кемал“ дел од Меѓународниот Фестивал на Јазикот и Културата во Германија
Ученици од приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ од Струга, учествуваа на Меѓународниот Фестивал на Јазикот и Културата во Германија. „Честитки за нашите ученици од фолклорниот тим кои со извонреден перформанс не претставуваа на (IFLC 2016) Меѓународниот Фестивал на Јазикот и Културата, кој се одржа во Германија со голем број учесници од 160 земји.“- велат од колеџот.
повеќе...Првачињата од „Св.Климент Охридски“ во посета на печатница Летра Дизајн
Првачињата од „Св.Климент Охридски“ денес беа во посета на печатницата Летра Дизајн. Согласно наставната програма за I одделение, првачињата се запознаа со компјутерската обработка на дизајнот на сите производи кои ги нуди печатницата, како што се најразлични покани, флаери, весници и сл. „Во понатамошната посета учениците беа вклучени и во производството, со што се запознаа со практичната работа на вработените и беа сведоци на преубавите изработки. На крајот од посетата бевме испратени со подароци од нивно производство. Благодариме на Печатницата и вработените за гостољубивоста.“– велат од училиштето.
повеќе...Ученици од Словенија и Црна Гора во посета на Охрид
Заменик градоначалниот Ангел Јанев, денеска имаше средба со ученици и наставници од Основните училишта „Второ основно училиште“ од Цеље, Словенија, „Душан Обрадовиќ“ од Жабљак, Црна Гора и домаќинот Основното училиште „Григор Прличев“ од Охрид. Претставниците на трите училишта заеднички ќе реализираат бројни активности во рамките на проектот „Сепак заедно“, а имаат планирано слободно време за дружење и меѓусебно запознавање.
повеќе...Фолклорната група при „Јахја Кемал“ дел од Фестивалот за јазици и култури во Германија
Фолклорната група од приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ од Струга ќе учествува на Фестивалот за јазици и култури (IFLC) во Германија. Тие таму ќе престојуваат еден месец и ќе настапуваат во повеќе градови.
повеќе...ОУ „Братство Единство“ успешно ги претстави Охрид и Македонија во Турција
Директорот на ОУ „Братство – Единство“, Охрид, Муамер Доко, заедно со наставниците од училиштето Емилија Паункоска, Бурим Хидри и Ајнет Пашо, како и ученици од училиштето, викендов беа во посета на Република Турција, односно во градовите Текирдаг, Черкезкој, Едрене и Силиври. Тие, со 18 ученици од трите националности, со мултиетничко оро присуствуваа на Детскиот фестивал, со што го претставија училиштето, градот Охрид и нашата држава. Во рамки на посетата, делегацијата оствари средби со градоначалникот на Черкезој, Вахап Акај и заменик градоначалникот, претседателот на Советот на општина, заменик директорот за образование, директори на училишта и претседателот на…
повеќе...Oдбележана 400-годишнината од смртта на Шекспир
Во рамки на глобалниот проект „Shakespeare Lives” ширум светот со кој се одбележува 400-годишнината од смртта на Шекспир и Денот на книгата, на истиот му се приклучува и Охридската гимназија „Св.Климент Охридски” како дел од ASP UNESCO училишната мрежа со цел на промоција на цивилизациските вредности и наследството на Шекспир за целото човештво. Неговите дела извршиле силно влијание и биле вистинска инспирација за плејада писатели, композитори, режисери, балетски кореографи, сликари и останатите уметнички дејци подоцна. Длабоката психолошка анализа на ликовите на Шекспир значително влијаеле и на големиот Сигмунд Фројд и на…
повеќе...