Привршуваат уписите за есенскиот циклус за „Час за приказни на англиски јазик“

Привршуваат уписите за есенскиот циклус од едукативната програма на Црвен крст Охрид, „Час за приказни на англиски јазик“ за деца на возраст од 4-7 години. Програмата започнува со реализација во четврток (21.09.2017), а новините кои ќе се воведат во овој циклус и ќе бидат наменети за децата, но и за родителите, ќе бидат презентирани на утрешната прес-средба.

повеќе...

Одржани Деновите на доживотно учење

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, денеска присуствуваше на одбележување на Деновите на доживотно учење кое се одржа во Кичево. Лутфиу потенцираше дека Деновите на доживотно учење се одржуваат под покровителство на Министерството за образование и наука уште од 2002 година. „Би сакал да искажам голема благодарност до домаќинот – Центар за развој на заедницата од Кичево и до главните организатори на манифестацијата – Центар за доживотно учење и ЈУ Центар за образование на возрасните, до партнерските организации кои се приклучуваат на оваа кампања со настани во Тетово, Струмица,…

повеќе...

Отворени Денови на доживотно учење

Кампањата „Денови на доживотно учење“ – 2015 , која има цел да го промовира концептот на доживотно учење, како учење и образование кое се стекнува во текот на целиот живот, независно од возраста, полот и етничката припадност, денеска по 12. пат беше отворена во Конгресниот центар на Скопски саем во организација на Центарот за доживотно учење подржани од ЈУ Центар за образование на возрасни. Преку програма, од различни провајдери, до сега се вработени околу 300 граѓани. Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми во своето излагање истакна дека преку овие…

повеќе...

Груевски: Владата планира подобрување на концептот за екстерното тестирање

На денешната седница наменета за пратенички прашања, Премиерот Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека владата планира подобрува на екстерното тестирање со цел добивање на квалитет и остварување на целта. Тој потенцира дека тестирањето беше подобрувано секоја година, а во разговори со МОН се планираат нови измени кои ќе ги зголемат стандардите од што корист ќе имаат и учениците и нивните наставници и професори. Груевски ја образложи уште еднаш огромната потреба од екстерното тестирање со кое вели дека ќе се избрише ставањето на нереални оцени и ќе се избегне…

повеќе...

Македонија изработи Стратегија за претприемачко учење 2014-2020

Македонија ја изработи Стратегијата за преприемачко учење 2014-2020 со која на долг рок се очекува да се зголеми свеста за претприемништвото кај населението и да се зголеми бројот на нови иновативни претпријатија. Стратегијата предвидува конкретни активности со кои се очекува зголемување на бројот на конкурентни мали и средни претпријатија, а со тоа последователно и намалување на стапката на невработеност. Документот е изработен на иницијатива на Министерството за образование и наука, а во неговата изработка учествуваа повеќе релевантни институции. Претседателот Ѓорге Иванов, кој присуствуваше на денешната промоција на Стратегијата, истакна дека…

повеќе...

Отворени 11. Денови на доживотното учење

Повеќе од сто лица или една третина од над 300 кандидадти кои поминале обука за неформално образование на возрасни добиле вработување. Центарот за образование на возрасни (ЦОВ) од 2012 година верификувал 66 програми за неформално образование на возрасни од над 20 понудувачи на услуги во 10 градови во Македонија. Податоците беа презентирани денеска на отворањето на 11-тата манифестација Денови на доживотното учење кое ЦОВ го организира со поддршка на иницијаторот и главен финансиер на кампањата – „ДВВ Интернационал“ од Бон, Германија. Центарот планира во 2015 бројот на верификувани програми да…

повеќе...