МКФ: Котизацијата е трошок кој паѓа на грбот на клубот, а не на членовите, играчите и нивните родители

Македонската кошаркарска федерација, излезе со соопштение со кое упатува апел до родителите на младите кошаркари и кошаркарки во врска со плаќање на котизациите за учество во младинските лиги. „Со овој допис, сакаме да ја информираме сета јавност во Република Македонија дека котизацијата која се плаќа за учество во една лига е трошок кој паѓа на грбот на клубот, а не на неговите членови односно играчи како и нивните родители. Кошарката е спорт кој треба да биде достапен за сите деца подеднакво, а не луксуз на поединци. Клубовите треба да овозможуваат…

повеќе...

Агенцијата за млади и спорт оствари средба со националните спортски федерации

Агенцијата за млади и спорт оствари средба со челните луѓе на спортските федерации, на која ги потенцираше насоките во кои ќе се одвива работата на Агенцијата во однос на спортот и размислувањата на новата влада околу промените на односот и финансирањата во спортот. Директорот на АМС Дарко Каевски на стартот зборуваше за ваучерите кои федерациите ќе можат да ги подигнуваат, врз основа на предходно приложените програми за работа и истите ќе ги доставаат до приватниот сектор кој истите ќе го искористат врз основа на даночното ослободување предвидено во поновите измени…

повеќе...

Агенцијата за млади и спорт-генерален покровител на Шаховската олимпијада за слепи

Челните луѓе на Националниот сојуз на слепи беа во посета куќата на спортот. Претседателот на националната спортска федерација на слепи Коце Димов, претседателот на националниот сојуз на слепи на Република Македонија Жарко Селковски, како и генералниот секретар на националниот сојуз на слепи Стерја Димов беа гости во Агенцијата за млади и спорт. Тие со директорот Марјан Спасески разговараа околу организациските активности поврзани со претстојната Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица, која од 18-29.06 ќе се одржи во Охрид. На овој настан ќе настапат околу 300 учесници од 30…

повеќе...

ФФМ ќе инкасира вкупно 2450 евра од неколку клубови поради слаба организација на натпревари

Дисциплинската комисија на ФФМ, постапувајки по пријавите од Комисија за натпреварување на ФФМ на ден 13.04.2017 ги донесе следните одлуки: ФК Велазерими 77 се казнува со парична казна во износ од 250 евра поради слаба организација на натпреварот ФК Велазерими – ФК Еуромилк одигран во рамки на 17. коло во Втора МФЛ;  Борче Јовановски, комесар за безбедност на ФК Новаци 2005 се казнува со забрана за вршење на функцијата во времетраење од два месеци; ФК Новаци 2005 се казнува поради слаба организација на натпреварот ФК Новаци 2005 – ФК Вардар…

повеќе...

Живко Мукаетов реизбран за претседател на РФМ

Живко Мукаетов останува Претседател на Ракометната Федерација на Македонија откако на синоќешното Изборно Собрание, акламативно ја доби поддршката од членовите на Собранието. Од можни 40 делегати, вкупно 37 беа присутни на Собранието, при што едногласно му доделија нов четиригодишен мандат на Мукаетов. Презентирајќи ги главните точки кои ги одбележаа активностите и работата на Федерацијата во минатите четири години, Мукаетов најави продолжување на растечкиот тренд и во наредниот период, заблагодарувајќи се на сите соработници и пријатели кои и досега го помагаа развојот на македонскиот ракомет. „Сакам да се заблагодарам на генерациите…

повеќе...

ФФМ одржа состанок со ревизорските куќи за клупско лиценцирање

Одделението за лиценцирање на ФФМ, како дел од стратегијата за асистенција на клубовите во процесот на клупско лиценцирање одржа состанок со ревизорските куќи кои клубовите апликанти за натпреварување во УЕФА и Прва МФЛ ги пријавија како нивни ревизори. Состанокот се одржа во просториите на ФФМ, а на него беше разговарано за правилата, начинот и принципите врз основа на кој треба да се доставуваат информации од финансиски карактер. На ревизорските куќи им беше презентиран извештајот од УЕФА инспекцијата на Одделението за лиценцирање на ФФМ и забелешките во него, а посебно оние…

повеќе...

Агенцијата за млади и спорт и додели 110 илјади евра на Ракометната Федерација

Ракометната Федерација на Македонија упати голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, за финансиската помош во износ од 6,6 милиони денари добиени по основ на новиот Закон за спорт, односно измените во Законот за игри на среќа. Од горенаведените средства, 6 милиони денари се наменети за настапот на македонската сениорската ракометна репрезентација на Светското првенство во Франција кое ќе се одржува од 11-29 јануари годинава, во неколку градови во Франција, додека 600.000 денари се наменети за организација на квалификацискиот турнир за младата ракометна селекција (У-21) за…

повеќе...

Руските граѓани ќе може да гласаат на изборите за пратеници на Думата и во Охрид

Во согласност со Федералниот закон од 22 февруари 2014 годинна № 20-ФЗ „За избори на пратеници во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација“ и Указот на Претседателот на Руската Федерација од 17 јуни 2016 година № 291 „За именување на Пратениците во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација во нов состав“ на 18 септември 2016 година (недела) ќе се спроведат избори за пратеници во Државната Дума на Федералното Собрание на Руската Федерација, информираат од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Со цел да се реализираат избирачките…

повеќе...