Соопштение за начинот на работа на рурален лекар од здравствен дом

Согласно член 32 од Законот за здравствена заштита објавен во (Сл.Весник бр.39/2014г.) започна да се применува проектот за воведување на рурални лекари. Со тоа се овозможува на осигурените лица кои не можат да го остварат правото на здравствена заштита на примарно ниво во местото на живеење, да имаат право на здравствена заштита на примарно ниво во здравствен дом во кој се врши здравствена дејност на примарно ниво и кој има седиште во подрачјето во кое е опфатена општината каде се наоѓа местото на живеење на осигуреното лице. Здравствената заштита на…

повеќе...

Од утре автоматско здравствено осигурување и електронски изводи за новородени

Фондот за здравствено осигурување на Македонија сака да ја информира Јавноста дека од 01.08.2014 воведува две новини.  Првата новина е исполнување на еден од проектите кои Фондот ги има согласно новата Владина програма, а тоа е автоматско здравствено осигурување за вработените и нивните фамилии без пријава во Фондот. Имено станува збор за олеснување на постапката при стапување во здравствено осигурување за лицата кои се вработуваат и променуваат работни места со автоматско стапување во здравствено осигурување кое е овозможено преку електронско поврзување со системот на АВРМ во реално време (М1/М2). Ако досега…

повеќе...

Од август се проширува листата на нутритивни продукти за лица со ретки болести

Фондот за здравствено осигурување на Македонија  ја информира јавноста дека по примерот на многу европски земји излезе во пресрет на лицата со ретки болести преку проширување и воведување на нова група на нутритивни продукти на товар на Фондот. „Овозможивме нутритивни продукти за лица со ретки болести , а тоа се посебни видови на брашно, млеко и масло за јадење кои што претставуваа основна исхрана и лек за овие лица. Оваа вулнерабилна група на граѓани во својата исхрана не може да вклучи продукти кои содржат одредени протеини и масла, а без…

повеќе...

Работна посета и состаноци на директорката на ФЗОМ

Финансирањето на здравствените услуги во примарната здравствена заштита, електронскиот систем на интегрирано здравство и е-услугите на ФЗОМ, решенијата и новините кои ги воведува Фондот за здравствено осигрување на Македонија, како и предизвиците за подигнување на квалитетот на здравствените услуги, добрата пракса и успешните проекти беа тема на еднодневната официјална посета на делегацијата од Заводот за здравствено осигурување на Херцеговачко-неретванскиот кантон од Босна и Херцеговина. Посетата на Фондот за здравство е на иницијатива на босанската делегација, која поттикната од постигнатите резултати во здравствените реформи, презентирани на VII Регионален форум на фондови за здравствено осигурување од регионот, што се…

повеќе...

Нов пункт на Здравствен дом во Пештани

Со цел да се овозможи континуирана и достапна здравствена заштита за осигурениците но и туристите, денес во Пештани се отвори нов пункт на Здравствен дом Охрид. Ова ќе биде помошен пункт што ќе работи само за време на летната туристичка сезона, и тоа, од понеделник до петок во една смена, од 08 до 14 часот, а за време на викендите, кога напливот на туристи е зголемен, пунктот ќе работи во две смени, од 08 до 20 часот.   Како што истакна директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова, во новиот пункт во Пештани ќе работат матични лекари, кои ќе…

повеќе...

Едукативнa работилница со пензионерите во Струга

На десетата едукативна работилница во Струга, наменета за пензионерите за едукација во однос на нивните права од здравствено осигурување, директорот Џемали Мехази се заблагодари на Сојузот на пензионери и на Црвениот крст за успешно реализирање на едукативните работилници кои имаат цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите за нивните права од здравственото осигурување.  Во своето обраќање до пензионерите, Мехази истакна дека целта на едукативните работилници е информирање на пензионерите како да ги остварат што побрзо и полесно правата од здравствено осигурување. На работилницата имаше презентација за остврување на правата и презентација за трите најчести хронични…

повеќе...

Нови измени во позитивната листа на лекови

23 генерики односно 85 заштитени имиња стануваат подостапни од 8 јули 2014 година за 250.000 осигуреници. Односно 733.000 рецепти осигурениците побрзо ќе ги реализираат. Новите промени во Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот се направени по барање на лекарите, но и врз основа на анализите на ФЗОМ, според кои се оцени дека има и медицинско оправдување за новата либерализација на овие лекови од позитивната листа.  Одлуката објавена во Службен весник на РМ со број 98 од 30 јуни 2014 година,опфаќа 2 измени во делот на режимот на пропишување на одредени лекови.   1.…

повеќе...

Од денес до 8 јули нема да функционираат фиксните телефони во централата на ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија сака да ја извести јавноста и своите осигуреници, дека поради замена на опремата за фиксна телефонија во периодот од 2 до 8 јули 2014 година нема да функционираат фиксните телефони во централата на ФЗОМ вклучително и бесплатната телефонска линија 0800 33222.  Во услови на нефункционирање на фиксната телефонија, осигурениците за остварување на правата од здравственото осигурување можат да се јавуваат на мобилниот телефон 076 339 180 или своите прашања да ги поставуваат на централниот мејл на Фондот за здравствено осигурување: info@fzo.org.mk.

повеќе...

Во Црна Гора се одржува XIX-та Меѓународна летна школа за менаџмент на институции

Реформите и предизвиците во финансирањето на македонскиот здравствен систем е темата на која директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова има предавање на XIX Меѓународна летна школа за менаџмент на институции кои обезбедуваат здравствени услуги. XIX Меѓународна летна школа за менаџмент на институции кои обезбедуваат здравствени услуги се одржува 23 до 27 јуни 2014 година во Милочар, Република Црна Гора, со наслов „Здравствените системи на Југо-Источна Европа на крстопат – по декада на реформи, поглед кон иднината. Оваа меѓународна Летна школа за менаџмент на институции кои обезбедуваат здравствени услуги, е во организација…

повеќе...

Искористување на здравствената услуга за Бимедицинско Потмогнато Оплодување (БПО) на товар на ФЗОМ заклучно со април 2014

Избраниот лекар – гинеколог, од приложената документација, потврдува дека кај осигуреното лице постојат медицински индикации (согласно Правилникот за критериумите за склучување договори и постапка за остварување на правото и начинот на здравствените услуги за биомедицинско потпомогнато оплодување во здравствените установи кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита) и предлага започнување на БПО  постапка.  Во прилог на Предлогот се доставува целокупната потребна медицинска документација, во оригинал со докази за валидност (потпис, печат и факсимил од медицинско лице и здравствена установа).  Преглед на барања на БПО постапка терет на ФЗОМ  Потребно е матичните гинеколози…

повеќе...